Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска прашува дали Таравари чувствува одговорност и ќе поднесе оставка

Резиме

На 45-та седница на Собранието, одржана на 24 април 2025 година, пратеничката Јованка Тренчевска го праша министерот за здравство Арбен Таравари дали чувствува одговорност за, како што оцени таа, нефункционалноста на здравствениот систем и дали ќе поднесе оставка. Тренчевска наведе проблеми со достапноста на терапија, опрема и персонал, и ја обвини Владата за негрижа и недостиг од реформи. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Заштитата на здравјето на граѓаните во секоја одговорна држава е највисок приоритет, обезбедувањето на здравствен систем во функција на граѓаните не е само прашање на хуманост, туку е одговорност на секоја Влада, здрава нација, значи продуктивна нација и тоа е основа за напредокот на секоја држава. Но овие вредности се далеку од приоритетите на македонската Влада. Наместо функционален и стабилен здравствен систем, столб на сигурност, нашиот здравствен систем е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите. За 10 месеци оваа Влада и министерот за здравство Таравари го доведоа до степен на тешко болен пациент на кој му нема спас. Секој сектор од здравството е метастазиран од неспособноста и негрижата на власта, а граѓаните со здравјето го плаќаат цехот. Наместо систем кој треба да се грижи за здравјето на граѓаните и да лекува имаме систем кој го става во ризик животот на луѓето, систем кој убива. Министер Таравари, поважни ви беа бизнис интересите отколку вистинските инвестиции во интерес на граѓаните. Единствениот проект што го најавивте е нај криминалниот и скандалозен тендер за паркингот кај Клинички со компанијата ЃОКА. Тоа е единствениот проект кој го најавивте и ви пропадна поради реакциите на јавноста. Наместо реформи и подобри здравствени услуги сведоци сме на тотален хаос, хуманитарни катастрофи кој што за жал станаа секојдневие. Речиси и да нема клиника која не се соочува со некаков проблем дали е тоа терапија, опрема, персонал. Нема пациент кој не минува низ голгота кога му е потребна здравствена помош. Ќе потсетам на неколку хуманитарни скандали два пати за три месеци ја снемува биолошката терапија на Клиниката за онкологија, за пациентите болни од канцер. Тоа за нив живот значи. Не ги исполнивте ветувањата дека никогаш повеќе овие пациенти нема да бидат оставени без терапија. И повторно слушаме некој изговори за административни процедури, за тендерски планови, празни ветувања дека утре, задутре ќе се решел проблемот. Прашуваме кога? Знаете дека на овој начин се коцкате со животот на онколошките пациенти. Дека нивното здравје зависи од секоја доза, од секој ден. Понатаму пациенти умираат поради немање сали и здравствен материјал. Случајот на Кардиохирургија за кој што и Државниот, здравствен и санитарен инспекторат потврди дека имало пропусти. Пациенти умираат поради нефункционалност на здравствениот систем. Понатаму да ве потсетам дека статистиката за само 6 месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова не се само бројки или статистики. Ова се трагедии на пред се не почнати детски животи. Задоцнети се сега инспекциските контроли и казни. Тие нема да ги вратат загубените животи. Се прашувам министер дали знаете што ви се случува во здравството или период поважни ви беа калкулациите за локалните избори и решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економија, плати и здравство. Тоа е доказ за вашата, а и за целата Влада незаинтересираност и рамнодушност кон сопствениот народ. За оваа хуманитарна катастрофа мора да има одговорност. И моето прашање до вас министер Таравари е дали чувствувате одговорност за голгота која што ја поминуваат пациентите поради нефункционалниот здравствен систем? И дали ќе си поднесете оставка за сите скандали во здравството. Прашањето го поставувам до министерот за здравство

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања