
Јованка Тренчевска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е до Филков, после година и пол од владеењето на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата видовме само едно судство заробено, правда не постои, има нула реформи а власта единствено што сака е партизирано судство под нејзина контрола. И, ова не е нешто што ние како опозиција само го кажуваме тоа е јасно нотирано во Извештајот на Европска Комисија. Во овој најлош Извештајот за државата, Европска Комисија упатува сериозни критики до Владата за доцнење со судските реформи и за недоволно обезбедување на независноста на судството. Европска Комисија јасно кажува нема напредок во поглавјето: Темелни права и правосудство 23, земјата е оценета со недоволен еден. Оваа оценка за Владата која ветуваше правда а испорача притисоци, блокади и институционален хаос. И, ова не е некоја туѓа критика туку официјална потврда од Европска Комисија на она за што предупредувавме година и пол наназад дека ВМРО - ДПМНЕ ја турка државата назад. Сведоци сме на алармантни примери на политички притисок и обиди за контролирање на судиите од страна на извршната власт. Европска Комисија јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите која е поткопано со постојано мешање на извршната и законодавната власт. Ова не е политичка квалификација од опозицијата ова е директен цитат од Брисел. Во Извештајот јасно се посочува 3 препораки на Европска Комисија. Да се донесе Законот за парнична постапка со двотретинско мнозинство, да се спроведе стратегијата за реформи во судството. Да се зајакне независноста и транспарентноста на судскиот Совет како и досегашната примена Акмис. Што направивте за година и пол? Наместо реформи и притисоци, наместо институционална и независност за целосно потчинување на независните институции. За прв пат од 1991 година судската фела јасно реагираше и јавно на политичките притисоци. Тоа е преседан општествен и државен, сериозен сигнал дека политиката што ја водите не е добра. Како министер за правда треба да знаете дека притисокот врз членовите на судскиот Совет ја загрозува правата држава. Вашата работа како министер не е да ја покривате неспособноста на ВМРО – ДПМНЕ и да бидете привезок на партиските интереси туку да ја штитите независноста на судството и правото на граѓаните. Моето прашање до вас. Зошто не се спроведуваат реформата во судството? Зошто ниту еден закон не е донесен? Кој ќе поднесе одговорност за блокадата во најважниот сектор на државата и дали работата на вашиот магистерски труд беше поважно од реформите во правосудниот систем. Благодарам.