Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша за минималната плата, Владата ја врза за договор меѓу работодавачите и работниците

Резиме

Јована Тренчевска го праша премиерот дали Владата ќе го прифати предлогот на синдикатите минималната плата да надмине 500 евра. Таа оцени дека растечките трошоци за живот и платите што стагнираат го влошуваат животниот стандард, а ја обвини Владата дека ги занемарува барањата на работниците и има средства за авион, но не и за повисоки плати.

Премиерот одговори дека минималната плата треба да биде утврдена со договор меѓу работодавачите и работниците. Рече дека Владата ќе го поддржи и прифати секое решение со кое тие ќе се согласат, а најави и точка на дневен ред за минималната плата, со надеж дека страните ќе постигнат договор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јована Тренчевска, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И моето трето прашање до вас премиере Мицковски е поврзано со животниот стандард на граѓаните. Додека трошоците за живот растат од месец во месец платите и натаму стагнираат. Донесовте најголем Буџет во историјата тежок 6 милијарди евра во кој нема пари за повисоки плати, ама има пари за нов авион. Тоа се тие ваши приоритети, вашите интереси се пред интересите на граѓаните очигледно. Вие премиере Мицковски ја прекинавте спиралата на раст на платите на најнеодговорен начин го прекинавте воспоставениот систем од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за континуиран раст на платите. Да ве потсетам во мандатот на СДСМ платите растеа во време на најголемите кризи. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми минималната плата за 100% во однос на 2016 година, односно од 8000 дојде на сегашните 22567 денари. Сега иако ветувавте покачување на платите работниците се оставени на маргините на општеството. Да сакавте и вистински да се грижите за граѓаните ќе го прифатевте предлогот на Социјалдемократскиот сојуз за раст на минималната плата која со овој тренд на раст на цените и трошоците веќе мора да биде над 500 евра. Тоа минимум за да може со две минимални плати да се покрие синдикалната кошничка која што достигна 63 илјади денари. Ги ингориравте барањата на работниците на Сојузот на синдикати да ве повика, па и на останатите синдикати кои што ве повикаа да ја зголемите минималната плата. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку тоа е морална одговорност за секоја Влада. Премиере ако има пари за авион не може да нема пари за поголеми плати на работниците. Ако пари за 90 илјади денари месечно да земаат вашите советници, мора да има пари и за работниците и да им бидат покачени платите. Не може да има 6 милијарди евра, а народот да ни осиромашува. И затоа моето трето прашање до вас е дали конечно ќе се вразумите и ќе го прифатите предлогот на повеќето синдикати за зголемување на минималната плата од над 500 евра. И почитуван премиере, ќе ве замолам во одговарањето на прашањата да ги почитувате највисок дом на демократијата Парламентот, да покажете демократски капацитет без навреди и закани кон опозицијата и ќе ве замолам да одговорите на моите прашања.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јована Тренчевска, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Почитувана Тренчевска, сега вие не сте задоволни од одговорите или од прашањата? Доаѓаме до третиот дел од вашата примарна теза. Таму велите сме ја прекинале спиралата на раст на платите, па потоа спомнувате раст на минималната плата, па повторно правите споредба која што еве според вас јас сум бил морбиден, а не вие. Ако има пари за авиони има пари за поголеми плати за работниците. И конечно на крај поентирате со повторно теза која што е повторувате низ целата ваша дискусија, дали ќе ја зголемиме минималната плата. И тоа дали таа ќе била над 500 евра. Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека треба 5 илјади евра треба да биде минималната плата. И со растот на минималната плата Тренчевска можеби Владата најмногу ќе профитира и Буџетот. Најмногу ќе профитира затоа што економијата и бизнисот ќе треба пропорционално да ги фондерираат сите плати што ќе каже дека пропорционално ќе бидат фондерирани и придонесите во Буџетот, во Фондовите итн., итн. Реално најмногу можеби ни одговара. Дали е тоа правилно, тоа е морален хазард, дали е тоа исправно, тоа е морален хазард. Сакам тоа да го знаете. Прашањето е, бидејќи рековте дека вие сте биле тие кои што ја зголемиле минималната плата од не знам колку до не знам колку. Прво минималната плата како поим е воведена во Владата на ВМРО ДПМНЕ. Но, не е битно. Еве вие сте ја зголемиле. Знаете ли во колку институции се исплаќале плати под минималната плата. Еве вие кога сте биле Влада. Еве јас ќе ви кажам тука е министерот Тошковски, во Министерство за внатрешни работи се исплаќале плати и уште во други.Еве сега конкретно него ми е вака на видик под минималната плата. И сега Спасовски што треба да.. кај е Спасовски сега? Што да му кажеме на Спасовски? Зошто исплаќал? Не ја почитувал одлуката на брилијантната влада на Заев и Ковачевски. Брилијантните мерки на, според вас, единствените врвни економски експерти, Тевдовски, а потоа и Османи. Тренчевска, не знам како да се обидам да објаснам, да ви помогнам сакам, верувајте ми, не сакам да ви одмогнам. На минимална плата не се добиваат и губат избори. Се добиваат и губат избори на играње фудбалчиња во канцеларија и баскет. Така се добиваат и губат избори. Тука треба вие да гледате причина зошто сте изгубиле избори. Тоа не беше понижување за државата од тие кои што тоа го правеа, кои што сега се избегани, нормално, туку тоа беше за вас понижување. Тие се тие. И како ќе поминува времето под притисок, под притисок, нападнати од сите страни, ќе имаат изблици на нервоза и така нервозни ќе прават грешки, а ние сме трпеливи Тренчевска, и ќе чекаме. Ќе чекаме и реагираме. Ќе чекаме и реагираме кога ќе оцениме дека е најпаметно да се реагира. И така сме воделе политика, и така ќе продолжиме да водиме политика. Внимателно со многу анализа и со многу јасна политика и потези кои што ги правиме и ќе ги правиме. А вие, во оваа старо нова коалиција со истите овие што ви играа фудбалчиња и баскетче ќе продолжуваат да ви закочуваат и да ви шутираат тројки, се додека не сфатите што сте направиле и со кого сте биле. Ние сфативме Тренчевска и никогаш повеќе нема да ни се повтори тоа со таа структура на луѓе да влеземе во коалиција. Така се добиваат и губат избори. Затоа што, примарно кај нив е едно, а тоа се трговските центри, ролс ројс возилата, имотот и милионите. Тоа е примарно кај нив. Сѐ друго е парада и периферна тема. А преку вас, ве гледам во очи и ви кажувам, преку вас сакаат да си играат мајтап со сите граѓани, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Бошњаци, и Роми, со сите вака во очи ги гледаа и си играа мајтап. Сакаа да кажат дека е ова нивен вилает и дека они можат што сакаат да прават тука. Така се добиваат и губат избори. Се надевам дека еден ден и тие ќе ја научат лекцијата, исто како и вие. Затоа, Тренчевска, јас ќе ви дадам одговор на вашето прашање и нема да одземам повеќе време, иако имам уште шест минути, не би имал што повеќе да кажам бидејќи многу од вашите тези се повторуваа низ трите прашања. Минимална плата ќе биде онаа плата која што ќе ја договорат работодавачите и работодавците. Ние, сме страна која што може да го селектира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши, ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега, во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата. Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор кој што ние ќе го поддржиме. И уште еден мој совет, иако не ви значат ништо моите совети, не се сите експерти, поранешни министри на СДСМ најдобри. Има и меѓу другите, не мора да се ВМРО, може од ДУИ има некои експерти добри за економија. Не значи дека се само од СДСМ добри. Може од ВРЕДИ има некои добри, може некои што не се политички определени. Еве нека не се ВМРО, ние од ВМРО, како викавте вие на времето, сме биле небањати, вакви сме биле, такви сме биле, кога сакаме ве победуваме, кога сакаме правиме со вас што сакаме на политичката сцена. Ама еве вие, елитата од СДСМ, болшевичката елита, ќе ни кажува за синдикалната кошничка, за работнички права и така натаму. Тоа е суштината во сето ова што го кажавте.

Сите пратенички прашања