Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша дали буџетскиот дефицит е причината за минимална плата под 600 евра

Резиме

Јованка Тренчевска праша дали предлогот минималната плата да изнесува 600 евра не бил прифатен поради недостиг на буџетски средства и продлабочен дефицит. Таа ја критикуваше политиката за платите и изнесе тврдења за растот на трошоците за живот и буџетскиот дефицит.

Во одговорот се посочуваат зголемувања на платите во образованието, здравството, безбедноста и јавниот сектор, како и средби со синдикатите и работодавачите. Говорникот рече дека минималната плата била 370 евра кога се сменила власта во 2024 година и дека Тренчевска во изборната кампања ветила дека ќе ја зголеми на 500 евра до крајот на мандатот. Одговорот не објасни дали буџетскиот дефицит е причината за неприфаќање на предлогот од 600 евра.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Утре министер е 1ви Мај, ден на трудот, ден кога треба да зборуваме за достоинство на работникот за вреднување на трудот и за подобар животен стандард на работниците. Денес не можеме да зборуваме за достоинствен живот на работниците, денес работниците се понижени, нивниот труд не се вреднува, секојдневието им е сведено на преживување. Оваа Влада им заврти грб на работниците. За само две години ги осиромашивте, ги гледате само како статистичка бројка игнорирајќи го секое нивно барање. Што направивте за овие две години. ништо. Едно големо ништо, освен што ги излажавте, пониживте сите работници. Македонскиот работник денес по вреднување на трудот е на дното. Ги изигравте работниците со некакво мизерно зголемување на минималната плата од 1600 денари. Во оваа скапотија 1600 денари немаат вредност. Синдикалната минимална кошничка овој месец е околу 69 илјади денари и споредбено со март е зголемена за 1000 денари. За 4 месеци од почетокот на годината е зголемена за над 3 илјади и 300 денари. Значи, зборуваме за основни трошоци за живот, не за луксузирање како што вие од власта сте навикнати. Нема тука папаја, лососи итн. Исклучиво основни производи. Леб, брашно, јајца, шеќер, а зеленчукот и овошјето се луксуз веќе. За што работи Македонскиот работник, што да направи попрво со овие 26 илјади денари. Скоро 3 минимални плати се потребни за да се покријат само трошоците за основните производи. Не го прифативте предлогот на СДСМ за 600 евра минимална плата. И покрај тоа што ви дадовме и предлог од кои стапки да скратите за да ја зголемите. Ама нема, вие од секаде ќе скратите, но не за да има за работникот туку да има повеќе за вашите луксузи и криминални тендери. Ќе потсетам само дека СДСМ и во најголемите кризи, Ковид кризата, енергетската криза го задржа континуитетот на раст на платите. Од друга страна слушаме некакви бајки од премиерот трета економија сме биле како во паралелен универзум да живеете. Одлепени сте од реалноста која ја живеат граѓаните. Прашајте ги работниците кога ќе го отворат фрижидерот дома и кога ќе треба да платат сметки дали сме трета економија. Јас не знам искрено каква е таа трета економија која последните податоци од министерството за финансии покажуваат дека Буџетот кризира. Дефицитот веќе достигна 408 милиони евра за само 3 месеци. Се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година. реализацијата на приходот на страна едвај 20%. И оваа Буџетска дупка значи ново задолжување и тоа врз грбот на работниците, на граѓаните кои што треба да ја платат вашата неспособност. Вака не изгледа третата економија. Министре на овие пратенички прашања јас и целата јавност, сакаме да слушнеме кои се причините, зошто не прифативте 600 евра минимална плата. И од тука моето прво прашање до вас, дали причината што не ја зголемувате минималната плата на 600 евра е поради тоа што немате пари во Буџетот и поради тоа што дефицитот е толку веќе продлабочен.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Почитувани пратеници, почитувани колеги, почитуван премиер, почитувани граѓани и вие претставници на медиумите. Почитувана пратеник, секој изборен процес и секој изборен циклус кој е одржан вие сте ветиле во текот на изборната кампања дека минималната плата ќе ја направите 500 евра и значи дојдовме ние се направи промената на власта во 2024 година и минималната плата беше 370 евра. За ова колку ние сме работеле во текот на овие две години и колку ќе работиме во текот на крајот на мандатот со тоа зголемување кое вие кажавте дека се зголемува врз основа на економските параметри. Да сте убедени до крајот на мандатот ќе биде 500 евра значи не давајќи збор туку реализирајќи го ова што е кажано. Во врска со правата на работниците секој месец имаме во економскиот Совет средби каде ги имаме претставниците и на синдикатите и на работодавачите од приватниот сектор ги дискутираме сите теми. Дискутираме и за стандардот на вработените и за животниот стандард на сите граѓани и за платите на работниците колку се добри и колку треба да се зголемат минималните плати. Значи, минималната плата што направивме за две години. Сме ја зголемиле платата во образование, главниот столб на општеството. Значи, од каде ќе излезат нови генерации кои ќе раководат со земјата и кои ќе работат тука во нашата земја. И, сме постигнале да му обезбедиме на наставниците, професорите добри плати. Сме ја зголемиле платата во здравство, постигнувајќи договор со синдикатите во здравството и вториот главен столб да имаш добра плата значи целиот персонал на доктори, медицински сестри сме постигнале договор во овие две години да ги зголемиме и во здравството платите. Во безбедноста значи ги зголемивме платите, во полиција која е трет главен столб кој е безбедноста на сите граѓани сме постигнале да направиме договор и со синдикатите во Министерство за одбрана и таму значи сме ги зголемиле платите и на крај сме постигнале колективен договор со целиот јавен сектор, со синдикатите од јавниот сектор каде 11 илјади административци имаат подобри плати и сме постигнале договор кој за следните три години ќе има зголемување на платите еднакво со минималната плата. Значи, подеднакво ќе се зголемува минималната плата, сета оваа работа и придонес сме ја направиле осврнувајќи се и анализирајќи ги сите параметри и имајќи ги во предвид и бројките. Значи, ние не велиме дека работниците се само бројки дека не сме направиле ништо за нив. Но, на крај на денот треба да имаме плати кои се еднакви и да ја видиме значи и куповната сила бидејќи можеме да ја зголемиме минималната плата со една ак хок конференција значи прес со предизборен маркетинг да кажеме и на крај да се соочиме со многу мала куповна сила која ја имаме. Значи, колку вреди таа минимална средна плата и колку може еден работник да купува со тие пари кои ги добива.

И, врз основа на податоците кои ги имаме од Управа за Јавни Приходи, 30 илјади граѓани во нашата земја земаат минимална плата кои се во приватниот сектор. Значи, ако подобро ги анализираме тие 30 илјади граѓани или работници кои земаат минимална плата половина од тие се индивидуални трговци. Значи, се стоматолози, различни професии значи самите си даваат плата самите на себе и ние тие нема да ги обврземе. Не можеме да ги обврземе самите да си даваат поголема плата. Од 70 и нешто илјади граѓани кои ги имаме вработено во нашата држава од кои 600 илјади се во приватниот сектор значи само 2%, 3% од граѓаните се тие кои земаат минимална плата. Сите други се тие кои земаат многу повеќе од минималната плата додека ако го анализираме јавниот сектор ниту еден вработен во јавниот сектор ви гарантирам дека не зема минимална плата. Затоа, земајќи ги во предвид овие податоци, убеден сум до крајот на мандатот минималната плата ќе биде 500 евра, така како што вие сте ветиле во текот на изборниот процес а не сте го реализирале значи ќе биде стабилно зголемување истовремено зголемувајќи ја и економијата, развивајќи го и приватниот сектор за да има повеќе работни места. Другото прашање беше: Зошто не сме го прифатиле вашиот предлог. Значи, во првото прашање. Зошто не сме го прифатиле вашиот предлог 600 евра да е минимална плата. Ви реков уште на почетокот. Секогаш сте го кажале во текот на изборната кампања но, ние треба ова да го реализираме. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања