Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша дали Владата ќе им се извини на граѓаните поради цените

Резиме

Јована Тренчевска го праша премиерот Христијан Мицкоски дали ќе им се извини на граѓаните и ќе признае дека владините економски политики биле погрешни. Таа оцени дека мерките со кошничките не ги намалиле цените, туку им овозможиле на трговците да ги покачат, и се повика на податоци за трошоците на живот и цените во декември 2024 година. Тренчевска посочи и дека СДСМ предлагал намалување на ДДВ за храната и зголемување на платите.

Мицкоски рече дека граѓаните имаат легитимно право да го изразат незадоволството со бојкот и дека Владата покажува разбирање за иницијативата. За кошничките оцени дека постојат поделени мислења за нивниот ефект и нагласи дека актуелниот пристап вклучувал разговори со производители и маркети. Не даде директно извинување за поскапувањето; наместо тоа, критикуваше дел од политиките на претходната влада и наведе економски резултати и обврски што, според него, ги наследила сегашната власт.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јована Тренчевска, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани колеги пратеници, министри, заменици министри, почитувани граѓани. Имам три прашања сите три прашања се до премиерот Христијан Мицкоски. Премиере, утре е најавен бојкот на маркети, граѓаните се само организираат затоа што Владата не ги заштити. Вашите погрешни економски политики со кошнички и договарање на цените со големите трговци седнати заедно заживеа тотален дебакл. На 5 декември во Владата на пред конференција промовиравте кошничката и рековте дека над 600 производи ќе поевтинат. А потоа теравте евтини пијар кампањи, убедувавте дека кошничките имаат ефект дека цените се намалени. Ние од опозицијата конкретно СДСМ и коалицијата ви предлагавме мерки конкретни за намалување на ДДВ на храната на 0% за зголемување на минималната плата, за зголемување на платите по сектори, поднесуваме и предлог Законски решенија. Се, буквално се одбивте со крајна ароганција и само бендисаност. Вашите политики се покажаа целосно промашени. Наместо да се намалат цените, се зголемија затоа што вие како Влада им оставивте време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила. Зејтинот, јајцата, шеќерот, месото, млечните производи, грашокот, гравот, леќата и многу други производи. Се е поскапено, а тоа граѓаните го почувствуваа, секој ден го чувствуваат и го гледа во продавниците и маркетите. И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдува дека кошничките се промашување. Трошоците за живот во декември 2024 година, се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%. Се зголеми и инфлацијата во декември 2024 година која што е за 4,4% повисока. Големите трговци се збогатија, а 10-ци милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа Влада. Ги оставивте граѓаните сами на себе да се снаоѓаат како да го преживеат месецот буквално на милост и немилост на трговците. Тоа е слугување на бизнисот и неспособност две во едно и утрешниот најавен бојкот на маркетите е обид на граѓаните сами да го решат проблемот во услови кога од тој што треба, а тоа е власта не добија никаква заштита. Овој бојкот не е само бојкот против маркетите, ова е бунт против нечесната власт која со својата неспособност и алчност дозволи народот на биде ограбен. Вие премиере и вашата партија не само што не успеавте да го заштитите и да го подобрите стандардот на граѓаните туку сте и директно одговорен заедно со Владата за манипулациите што ги прават големите трговски ланци. Се правите дека сте изненадени од потегот на големите трговци, ја префрлате вината и одговорноста кај нив и велите го подржувате бојкотот на граѓаните кон маркетите. Не знаевте како власт да го срочите ниту пак законското решение на веќе донесениот Закон за инспекциски надзор, па денес Пазарниот инспекторат оди и дава опомени, а во меѓувреме од 27.12.2024 година му го избришавте статусот односно состојбата на правно лице. Владата треба да преземе мерки и политики за да ги заштити граѓаните да не дојде до бојкот, а не да кажува што подржува. Затоа моето прво прашање до вас премиере, дали сега ќе излезете ќе се извините на граѓаните ќе признаете дека донесовте погрешни економски политики кои што доживеаја дебакл, дека дозволивте да се богатат трговците за сметка на осиромашување на граѓаните.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јована Тренчевска, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Почитувани пратеници, почитувана пратеничке, нема потреба да се плашите не е во мојот карактер, ниту да се заканувам, ниту да навредувам, јас дејствувам кога ќе одлучам, немам потреба зошто да се заканувам и верувајте дека нема да почувствувате кога ќе дејствувам, туку ќе бидете сведоци на дејството. Сега одиме понатаму поврзано со вашите прашања. Ќе се обидам да дадам одговор на сите овие ваши тези и навреди. Дадовте неколку тези, бојкот на маркети, кошничка политика, прес конференција со 600 производи, па вашиот предлог намалување на Данокот за додадена вредност на храната, за волја на вистината овој предлог го споменавте уште неколку пати во другите две прашања. Тоа било предлог на СДСМ. Потоа Владата дозволила производителите, трговците и дистрибутерите да ги зголемат цените и да се богатат на грбот на граѓаните. Штета што нема камери овдека да ова го снимат, замислете до вчерашната министерка за социјална политика и труд која што ја закова убедливо Македонија на дното на Балканот и во Европа вели дека ние со своја Влада од неколку месеци сме дозволиле, цитирам, производителите, дистрибутерите и трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Е, ова е добро и за производителите и за дистрибутерите и за трговците да слушнат како СДСМ ги квалификува нив дека тие се практично профитери на грбот на граѓаните. Е, ова треба да го слушне цела македонска јавност, но и сите производители на храна, дистрибутери и трговци, сите тие треба да слушнат како СДСМ и коалицијата која што ја предводи СДСМ ги портретира нив во очите на јавноста. Понатаму зборувате за трошоци за живот и конечно на крај дали ќе се извиниме на граѓаните за погрешните економски политики. Почитувана министерка поранешна за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ќе се обидам да ви дадам одговор на сите овие тези кои што сега ги кажавте. Легитимно право е да има граѓанска иницијатива, и јас имам разбирање и тука не гледам ништо што е погрешно. Легитимно право е да имаме граѓани кои што својот револт ќе го манифестираат на начин на кој што тие мислат дека треба да се манифестира тој револт. Дали тоа ќе го манифестираат преку бојкот на маркетите како што вие велите или на друг начин, тоа е легитимно право. Наша политичка оценка, ваша политичка оценка е дали ќе покажете разбирање или нема да покажете разбирање. Јас од СДСМ освен сега клевета и напад од ваша страна не слушнав дали покажува разбирање кон тие кои што повикуваат на оваа иницијатива или не покажува разбирање. Јас на прес конференција како претседател на Владата бев многу јасен и точен и реков дека покажуваме разбирање со граѓаните кои што се одлучуваат на овој начин да манифестираат незадоволство. СДСМ претпоставувам има начин и канал за комуникација како да даде одговор и што да направи поврзано со ова прашање. За кошничка- политика можеби треба да одиме години наназад бидејќи вие сте тие како Влада која што први почнавте да ја применувате кошничка политиката. Дали кошничка политиката дава резултати или не дава резултати мислам дека тука имаме поделено мислење. Некои велат дава резултати, некои велат дека не дава резултати, но она кое што ние го направивме, а што е различно од сите претходни кошничка политики е што седнавме и со производителите, и со маркетите, разговаравме и утврдивме гама на производи кои што на доверба од страна на Владата кон производителите и дистрибутерите оставивме да биде дефинирана како листа и да биде ставена на располагање на граѓаните и тоа е различно од она кое што беше пракса во минатото кога ќе повторам се водеше политика на сила, или политика на притисок или присила.

Понатаму велите и тоа прашање и таа теза ја повторувате неколку пати поврзана со намалување на Данокот за додадена вредност на храната која што понатаму е и ваше второ прашање, но морам сега да дадам вовед, а потоа и во второто прашање ќе одговорам бидејќи континуирано претпоставувам и во отсуство на контра аргументи, во отсуство на фонд како да нападнете користите една реченица претпоставувам тоа е дел од капацитетот и континуирано го споменувате ова како автохтона политика на СДСМ, а тоа е намалување на Данокот за додадена вредност на храната. Партијата која што воведе Данок на луксуз која што воведе буквално законски рекет кон македонската економија за што има иницијатива пред Уставниот суд. Јас не сакам да прејудицирам каква ќе биде одлуката на Уставниот суд, но не би сакал да сум во чевлите на СДСМ ако Уставниот суд донесе одлука дека тоа било неуставно и дека оваа Влада ќе треба тие пари да ги врати назад. Еве да не биде дека се заканувам, не би сакал да сум во чевлите на тие кои што ја носеа таа одлука тогаш. Вие убедливо најелистичката структура на политичари на Балканот кои што водевте политика на елитизам и отсуство во реалноста летнати во облаци најдовте да зборувате за стандардот на граѓаните и да нудите мерка која што ќе подразбира Данокот за додадена вредност нула за храната и за производите поврзани со храна и пијалаци. СДСМ вие најдовте за тоа да зборите кои што не излеговте од дебелите црвени персиски килими и кожните фотелји да видите народот како живее 7 години. Заборавивте кога ги меревте улиците за време на шарената револуција и тоа што им ветувавте на граѓаните, правда, право итн. и да Тренчевска ќе се извинам за тоа што во третиот квартал имаме 3% раст на бруто домашниот производ. Да, Тренчевска ќе се извинам што очекувам во четвртиот квартал да биде меѓу 3 и пол и 4% бруто домашниот производ, нешто што во минатото во ваше време освен во пост корона кризата годината претставуваше мисловна именка. Да, ќе се извинам со буџетскиот дефицит наместо 4,9 е под 4,5%, што над една милијарда евра ќе имаме директни странски инвестиции. Да, Тренчевска ќе се извинам затоа што не успеавме повеќе од 5 илјади денари линеарно да ја покачиме пензијата на пензионерите. Да Тренчевска ќе се извинам затоа не успеавме да ги покачиме платите на сите во државата затоа што моравме да враќаме плати кои што вие не ги исплаќавте и во Македонски шуми и во другите јавни претпријатија. Да, ќе се извинам што моравме да враќаме 200 милиони евра долг кој што ни го оставивте и минус за сметката. Да, ќе се извинам затоа што ни оставивте 5 милијарди денари долг во ЕСМ затоа што договаравте тендери во 4 очи со белоруски конзули да носат таму каде што не треба да носат торби полни со пари. Да, ќе се извинам затоа што договаравте во 4 очи милијарди пари кои што завршуваа во џебот на граѓаните. Да, ќе се извинам што чекавме со месеци да обезбедиме докази за криминалот кој што го правевте изминативе 7 години Тренчевска и за кои што ќе има одговорност во периодот кој што следи и ова не го сфаќајте како закана Тренчевска, ве гледам во очи и во кажувам најотворено мора граѓаните да ја добијат заслужената правда. Мора во оваа држава да се знае кој палел, кој гаснел и кој живеел на грбот на граѓаните и кој го крадел стандардот на граѓаните за да можеме ние денеска да се бориме за да обезбедиме подобар стандард и да Тренчевска конечно на крај ќе се извинам што вие како министер за социјална политика и труд заедно со претседателот на Сојузот на синдикати потпишавте Општ колективен договор кој што нема никаква врска, ниту со Законот, ниту обезбедува било какви права и зголемување на примањата на работниците во јавната администрација и државниот сектор за кој што сега излеговте да зборувате Тренчевска овде. Да ќе се извинам што морам јас да го решавам сега тоа да седам, да разговарам и ќе разговарам колку е потребно, но прашањето е додека вие бевте министер што направивте, завртете се позади себе и поставете си го прашањето што направивте вие и вашата Влада. Дали да ви го цитирам членот 47 и ставовите од него од Општиот колективен договор и членот 13 по ставовите во него, на начинот на кој што се пресметува таа бруто плата просечна. Така што во право сте кога велите дека треба да се извинуваме, ама треба да се извиниме што дозволивме 7 години да и правите ова на Македонија.

Сите пратенички прашања