Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша за мерки за помош на ранливите граѓани

Резиме

Јованка Тренчевска праша дали недостигот на средства во Буџетот е причина што не е воведен пакет мерки за помош на ранливите категории. Таа оцени дека цените на основните производи се зголемиле, а мерките на Владата се задоцнети и недоволни. Посочи и дека, според неа, биле одбиени предлози за намалување на ДДВ за горивата и храната и за преполовување на патарините.

Министерот за економија и труд одговори дека Министерството и Државниот пазарен инспекторат секојдневно ги следат цените и дека ќе интервенираат доколку има потреба. Наведе дека инфлацијата во март 2026 година била 4,9%, дека ДДВ за бензин и дизел е намален од 18% на 10% и дека се намалени акцизите. Не објасни дали недостигот на буџетски средства е причина што нема пакет мерки за помош на ранливите граѓани.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање се надоврзува на првото, односно повторно е поврзано со животниот стандард на граѓаните. На сите ни е јасно дека кризата на Блискиот Исток ќе се прелее и кај нас очигледно само на вас од власта на ви беше јасно. Додека вие да се сетите да преземете некакви мерки спиралата на поскапување веќе започна и тешко може да се стопира. Се е поскапено сите основни производи, се поскапени од млечните производи, производи од јајца, зејтин, месни производи, овошје, зеленчук. Се е поскапено за 10, 20 и 30%. И да почне да се намалува цената на нафтата тие сцени нема да се вратат назад. Донесовте задоцнети и половични мерки кои што граѓаните не ги чувствуваат. И повторно ги одбивте нашите предлози за намалување на Данок на додадена вредност на горивата, за сведување на 0%, Данок на додадена вредност за храна, за преполување на патарините, мерки кои што ќе дадоа реални ефекти. Не ги помогнавте најранливите категории на граѓани. Ги оставивте граѓаните сами да се справуваат со кризата. Додека речиси сите земји преземаа анти кризни мерки за заштита на нај ранливите. Вие покажавте дека не ви е грижа како луѓето преживуваат. Моето второ прашање до вас министре е, дали заради тоа што нема пари во Буџетот не воведувате пакет мерки за помош на ранливите категории на граѓани. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Што се однесува до второто прашање, јас ќе ви кажам само една информација која што е позната во јавноста. Сами тие кои што ја изготвиле оваа методологија или потрошувачка кошница значи не е минимална туку е средна потрошувачка кошница како и да е сме во време на криза не само во нашата држава туку во глобална криза каде што сите земји се соочуваат со еден голем притисок на зголемување на цените. Да знаете, секој ден и како министерство заедно со Државниот пазарен инспекторат секој ден сме во мониторинг и во контрола на цените и таму каде што има потреба ќе има интервенции и ова не значи дека не само интервенцијата не е само од Министерството за економија но, интересот е само за граѓаните да имаат подобар стандард и да имаме пониски цени. Без разлика во кој ресор се тие ние како Влада ќе интервенираме. Што се однесува до умерената инфлација, во март 2026 година бидејќи за април уште ги немаме податоците е 4,9% имаме зголемување во споредба, има зголемување во споредба со минатата година но, имаме зголемување на цените. Има таков притисок и таму каде што имаше потреба ние сме интервенирале. Но, што се однесува до Државниот пазарен инспекторат има екипи кои што секој ден го мониторираат пазарот. Производи кои што се основа за граѓаните. Значи, имаме зголемување за 0,4% додека цените на снабдување се 0,1%, имавме средби и со трговците и со производителите, со дистрибутерите. Побаравме и од нив и тие да намалуваат маржа на придобивките и според податоците имаме намалување од 1% на маржата и ова намалување ќе продолжува и понатаму ако имаме поголемо зголемување, некоја девијација ќе дејствуваме понатаму со административни механизми кои што ни се на располагање. Само една споредба, криза имавме и во 2022 година, криза имаме и сега но, сега имаме инфлација 4,9% додека во 2022 година инфлацијата беше до 19%, ова е резултат на политиките и одлуките кои што сме ги земале во потребно време и со нашите реакции сме реагирале таму каде што имаше потреба и таму каде што требаше да се интервенира. ДДВто е намалено за бензин и за дизел од 18% на 10% исто така, имаме намалување на акцизи за 4 денари и 2 денари за бензин. Во координација со „ОКТА“ и тие ни излегоа во пресрет и ги намалија цените на дизел за 3, за 2 денари за бензинот. Овдека имаме разграничување на маржите за отпадоците како резултат на тоа дека таму имаше зголемување на маржите. Исто така, сме отвориле и сме имале средба и со претставниците и со трговците кои што се занимаваат со течниот гас и инспекторите забележаа дека има зголемување на маржата на придобивката и на средба со нив разговаравме и ја прифатија нашата понуда или нашето барање за да намалат маржа на намалување во овие продукт на течен гас на нафтата. Да не се направеше ова ќе имавме интервенции со мерки како што интервениравме во други области. Не претендираме дека ситуацијата е идеална но, сме во една ситуација која што имаме многу притисок од страна на цените. И, како што сме мониторирале до сега и како што сме земале такви потребни мерки и од Меѓународниот Монетарен Фонд сме трета земја во Европа и сме преземале мерки од кога е започната кризата така и натаму продолжуваме. И чекаме резултати од релевантните институции, ако има такво не добро однесување на трговците како што сме дејствувале понатаму. Ако има зголемување на маржата ќе интервенираме и ќе ја намалуваме маржата со единствената цел, да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го поддржиме стандардот на граѓаните. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања