Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска бара план за минимална плата од 500 евра

Резиме

Јованка Тренчевска праша зошто Владата не нуди јасен и временски определен план за зголемување на минималната плата до најмалку 500 евра. Таа ги поврза барањето со растот на трошоците за живот и со состојбата во која, според нејзините наводи, за синдикалната потрошувачка кошничка се потребни 2,66 минимални плати.

Министерот за економија и труд одговори дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но дека е потребен договор меѓу работниците, работодавачите и синдикатите. Тој рече дека зголемувањето треба да ја земе предвид формулата за пресметка, економскиот развој и продуктивноста, и предупреди дека зголемување без економска основа може да им наштети на компаниите и да ја зголеми инфлацијата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер Дурмиши денес 18 ноември 2025 година, македонската јавност има привилегија да ве види во собраниските клупи и да слушне одговори на пратеничките прашања за политики од вашиот ресор кој директно влијаат на животниот стандард. Не знам дали оваа ваша одлука да се појавите е резултат на страв од министерската фотеља за министерската фотеља или конечно чувство на одговорност но добро е што барен денес сте овде. Оваа ретка можност да ве видиме во период кога во Собранието расправаме за Предлог Буџетот за 2026 година која Владата ја прикажува како година на раст на плати и пензии, но во таа приказна недостасува една клучна реченица а тоа е: Што ќе се случи со минималната плата, односно платата која за десетици илјади луѓе прави разлика помеѓу сиромаштијата и елементарен опстанок. Во реалниот живот надвор од буџетските презентации кои ги слушаме деновиве од претставниците на Владата, инфлацијата не е апстрактна бројка. Туку тоа е сметка во маркет, сметка за електрична енергија, за вода и т.н. индексот за трошоците на живот, во октомври 2025 година е за 4,5% повисок во однос на истиот месец лани. Кај храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата изнесува 7% тоа значи дека инфлацијата го јаде секој денар што граѓаните го земаат на крајот на месецот. Но, наместо да барате начин како да го затворите овој јаз, вие излеговте со изјава дека проценките покажале оти ако минималната плата се покачи на 500 евра може да се очекува инфлација од 8% до 9% со други зборови, според вашата логика проблемот не е тоа што граѓаните веќе плаќаат повисоки сметки туку тоа што ако конечно добијат 500 евра минимална плата тие ќе бидат виновни за новиот бран на инфлација. Истовремено синдикалната потрошувачка кошничка се движеше нагоре како лифт кој ретко се симнува. Кога дојдовте на власт во јули 2024 година синдикалната минимална кошничка изнесуваше 60 илјади 570 денари. Во септември годинава изнесува 65 илјади и 77 денари. Граѓаните 15 месеци гледаа како кошничката се качува за 4 илјади и 507 денари а Владата им предлага покачување да почекаат до март 2026 година можеби за 2 илјади денари можеби и помалку односно за илјада и 600 денари. Во оваа слика минималната плата од 24 илјади и 379 денари нето изгледа како бројка од друг свет. Кога ќе се пресмета односот меѓу минималната плата и синдикалната кошничка добиваме апсурдна формула. За да преживее едно семејство денес му се потребни 2,66 минимални плати. Значи, не е доволно ниту двајца да работат на минималец сепак недостига една третина од платата за трошоците во семејниот буџет да бидат порамнети со нула. Дополнително, економските аналитичари укажуваат дека поради инфлацијата денешните 24 илјади и 379 денари реално вредат околу 18 илјади денари пред 3 години. Во оваа економска ситуација која е корозивна за животниот стандард на граѓаните, барањето на синдикатите за минималната плата од најмалку 500 евра беше обид за минимален праг за достоинство. А, регионалната слика е повеќе од јасна, сите земји околу нас имаат многу повисоки плати од 500 евра односно повисока минимална плата. Србија 500 евра од 1 јануари 2026 година 551 евра, Албанија исто така, најави дека од следната година ќе имаат 500 евра, во Косово се најави исто 500 евра, Босна и Херцеговина веќе имаше покачување на платата а минималецот од 511 евра. Моето прво прашање до вас. Во услови на инфлација која постојано ги зголемува трошоците за живот кога за една синдикална потрошувачка кошничка се потребни 2,66 минимални плати. Зошто Владата бега од темата за минимална плата и за во Буџетот за 2026 година. Не нуди јасни, временски и прецизен план како и кога работниците ќе стигнат па ќе го надминат прагот од 500 евра. И, како очекувате граѓаните да веруваат во тие приказни за зголемени плати кога нивната минимална плата реално вреди како 18 илјади денари пред 3 години.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, пратеници, владин кабинет. Почитувана колешке пратеник, во врска со информациите односно прашањата кои ги истакнавте на почетокот без да ги елаборирате прашањата по ресори би предложил повеќе да се занимавате со вашиот субјект од колку со реконструкција на Владата бидејќи во секој изборен циклус одите во слободен пад, значи секој изборен циклус го губите гласачкото тело и ви сугерирам да се занимавате со вашиот субјект и како да го прекинете овој пад што ви следува. Под две, во врска со прашањата кои секогаш кога сум јас присутен овие ваши прашања кои ги поставивте во Собранието сакам да ве информирам, значи вие додека сте поставувале прашања јас сум бил тука и бев тука и денес кога вие поставивте прашање. Повторувам, значи повторуваме неколку пати ние како Влада и како министерство не сме против зголемување на минимална плата но, е потребен еден договор помеѓу работниците, работодавачите и синдикатот. Секогаш сме биле работниците со помош на синдикатот и работодавачите да се хармонизираат на начин да се подобри економијата. Ниту еден договор не сакаме да го донесеме кој ќе биде на штета било на работниците или синдикатите или работодавачите бидејќи ќе и штети на економијата, ќе му штети на животниот стандард и на Бруто Домашен Производ. Вие најдобро знаете како се пресметува минималната плата, има една одредена формула бидејќи значи тоа не е по желба или минималната плата не се одредува од волјата на еден политички субјект или поради некоја прес конференција. Знаете дека 50% од платата која исплатена во претходната година е 50% од зголемување на трошоците за живот таа е формулата за минималната плата. Значи, е европска практика која е потпишана помеѓу трите страни. Синдикатите, работодавачите и Владата, додека вашата практика ја знаеме. Вие значи нудите 500 евра минимална плата но не ја реализирате. Барем едно прашање значи на кое барам вие да одговорите. Во текот кога вие бевте на власт. Зошто значи не го одржавте зборот за минимална плата да ја донесете минималната плата на 500 евра. Јасно е дека значи овие ваши изреки се амбициозни, европски додека реализацијата ви е балканска. Кога ќе направиме споредба со минималната плата најмалку значи треба да користите методи кои се од европските земји. Секогаш значи минимална плата се смета бруто додека само вие минималната плата ја пресметувате нето. За подобро да излезе вашата прес конференција пред камерите. По Еуростат значи минималната плата во Европа од земја до земја се разликува, ние како земја сме на средина. Да ве информирам дека минималната плата помала од кај нас е во Албанија, во Бугарија, помала од кај нас е и во Србија. И, вие значи истакнав тука да Албанија ќе ја зголеми минималната плата, ќе ја зголемува за моментот значи е позади нас и ние сме позади Хрватска, Словенија од причина што значи минимална плата се смета врз основа на економскиот развој, животниот стандард и од тоа произлегува колку ќе биде минимална плата и не шифри и популистички предлози. Затоа, предлогот за зголемување на минималната плата без економска основа, без поткрепа за компаниите без да се пресмета продуктивноста е еден предизборен пример и еден проблем значи ако го донесеме малите и средните компании ќе имаат финансиски последици со кои треба значи да отпуштат работници од работа и повторно ќе имаме зголемување на инфлацијата додека слушнавме значи денес и критика од вас значи цените дека пораснале. Сакам да ви истакнам инфлацијата е зголемена, вистина и аргументите се комплет спротивни по Државниот завод за статистика инфлацијата е 4,5% во октомври има намалување од 0,2% и сакам да ви истакнам во 2022 година инфлацијата...

Сите пратенички прашања