Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Трајчулески праша за можноста Муцунски да предводи техничка влада

Резиме

Митко Трајчулески го праша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски дали постои сценарио во кое Муцунски би застанал на чело на техничка влада по предвремени парламентарни избори, за да се спроведат уставните измени. Трајчулески рече дека, според негови сознанија, во ВМРО-ДПМНЕ има различни ставови за времето на изборите и ја критикуваше Владата за застој во европската интеграција.

Муцунски ги нарече некредибилни тезите за внатрешни струи во ВМРО-ДПМНЕ, но не одговори директно дали се тестира можност за техничка влада во Брисел. Тој ја бранеше владината надворешна политика, рече дека се бараат дополнителни гаранции за европскиот пат и дека Владата нема да прифаќа отстапки за национални прашања. Како постигнувања ги наведе партнерствата со ЕУ, Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, како и стратешкиот дијалог со САД.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Митко Трајчулески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер Муцунски навршуваат две години од мандатот на оваа Влада и денес сакам кратко да потсетам на дел од моето обраќање пред ова Собрание на денот кога оваа Влада беше избрана. Ќе цитирам, добро дојдовте во светот на реал политиката, после изгласувањето на новата Влада времето за владејачкото мнозинство ќе тече многу брзо. Поддршката на граѓаните за пред изборните ветувања на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Во вкупен износ на гласови и број на пратеници е скоро двотретинско мнозинство. Затоа, со право очекувањата се многу високи, а тоа неминовно подразбира дека прагот на толеранција е многу низок. Затоа времето брзо ќе тече до исполнување на ветувањата на ВМРО ДПМНЕ од типот, ќе ја забрзаме динамиката на европска интеграција. Ќе ја промениме преговарачката рамка и Францускиот предлог. Не постои политичар од СДСМ кои не сакаше оваа земја да влезе во ЕУ и НАТО со името Република Македонија. Никој од нас не е наивен да мисли дека Преспанската спогодба и договорот со Бугарија се лесни за голтање. Но ние и тогаш и сега веруваме дека тоа е единствениот пат за обезбедување сигурна иднина за сегашните и идните генерации. Свесни дека ќе не чинат политички рејтинг, ние влеговме во овие процеси. Го заштитивме Македонскиот национален идентитет, јазик и посебност. Сега вам ви е редот, ајде вие издејствувајте подобри услови за влез во Европската Унија. Јавно ќе ве признаеме и ќе аплаудираме на вашите потенцијални дипломатски успеси. Сакам да споделам овде една констатација, сметаме крајно време да не пуштиме две спротивставени крајности. Едната дека СДСМ има монопол на Македонските Европската Унија и НАТО перспективи и другата дека ВМРО ДПМНЕ има ексклузивитет во одбрана на Македонските национални интереси. Бидејќи ниту едното ниту другото не точно. Овие два наратива на двете најголеми македонски партии веќе со децении раѓаат циклуси на очекувања кои создаваат привид кај народот. Македонија е мала земја која за жал се уште мора да прави болни компромиси за да ги остварува стратешките национални интереси. македонскиот народ не смее да се става во заблуда и да се храни со невозможни ветувања. Оваа генерација политичари има одговорност да испорачува решенија за суровата реалност, а не да креира соништа. Добредојдовте во светот на реал политиката. Се во кој зборовите имаат поинаква тежина од слатко спакуваните опозициски ветувања. Свет во кој важат вашите стратешки партнерства со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, свет во кој политичките егзибиции скапо се плаќаат, свет во кој правдата ја диктираат силните, свет во кој не постои Калимеро, свет кој постои 33 години независност и самостојност од нас се очекува исполнување на обврските, а не нивно бесконечно одложување.

Почитуван министер, после две години власт имаме соочување со реалноста, а тоа е дека нема подобрена преговарачка рамка и нема уставни измени со одложено дејство. Едноставно не успеавте да ги испорачате предизборните ветувања. Граѓаните се излажани. Но затоа успеавте две години да ја држите државата во целосна стагнација и во статус кво. Почитуван министер за надворешни работи, во кулоарите гласно се зборува дека во ВМРОДПМНЕ постојат две струи кои имаат различни стојалишта по прашањето кога да се оди на предвремени избори. Едната е за април 2027 година, а другата во која наводно и вие припаѓате е за брзи блиц -трик избори во октомври или ноември оваа година. Има различни мотиви за брзи предвремени избори. Она што вие го гледате како шеф на дипломатијата е дека опциите за стагнирање на буџетските приливи од европските земји е врзано со нашиот евро интегративен пат. Се разбира тука мора да се заштити ликот и делот на најголемиот патриот, нашиот премиер Христијан Мицкоски. Затоа моето прашање до вас е дали постои сценарио во кое вие го тестирате во Брисел за техничка Влада на чие чело би застанале вие. Да ги протурка и уставните измени со внесување на Бугарите во Уставот после организирањето на предвремени парламентарни избори оваа година. затоа и не ја укинавте техничката Влада од овие парламентарни избори.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Господине Трајчулески, со големо внимание го следев вашето прашање. Имаше два елементи, ќе се обидам максимално прецизно да одговорам на двата. Ајде онаму каде што завршивте. Искрено да ви кажам, дури ве слушав не бев сигурен дали сте вие или е водител на јутуб емисија кој што секоја вечер прави политички анализи базирани на завера. Малку по споро во беше темпото ама суштината наликуваше на таа. И, верувам дека ви е малку непријатно. Што ви даваат вакви тези да кажувате тука во Собранието, во кој што и самиот не верувате. Рефлексијата на СДСМ за внатрешните проблеми кои што ги има во партијата, за меѓусебната недоверба затоа што, не сте обединети, таа реалност која што ја гледаме во реалноста не мора да ја пренесете врз ВМРО - ДПМНЕ. Решете си ги проблемите, добро е за партијата, добро е и за вас. Искрено да ви кажам, вие сте еден од тие разумни ликови веројатно во СДСМ за кој што знам дека длабоко во себе не верува во голем дел од овие работи што ги зборува. Но, нема потреба тука во Собранието да зборуваме за такви не кредибилни работи, имало, нема струи во ВМРО - ДПМНЕ. И, вие добро знаете дека ВМРО - ДПМНЕ е во моментот нај обединетото и нај консолидираната политичка партија во државата. Знам дека имате страв од избори, анкетите покажуваат одредени резултати кои што сигурно ве загрижуваат. Но, се согласувам со вас за една работа, треба државните интереси да ги ставиме над партиските. И, сега преку тоа да дојдеме на вашите тези поврзани со надворешната политика. Прво, ајде да зборуваме за хистеријата која што ја ширите постојано во јавноста. Хистерија на пример дека владее српски свет, секојдневно прес конференции. Владее српски свет, а претседателот на Владата пред 2 дена потпиша договор за стратешко партнерство со Хрватска. Замислете, тоа е тезата на СДСМ од другата страна ја имате реалноста. Или на пример, реформи нема, европската агенда е запоставена. Први во регионот во делот на исплата на средства од планот за раст. Трето, само уставни измени се, нема потреба гаранции да бараме, а замислете видете и ви препорачувам да го следите интервјуто на 360 степени на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Кој што вели: Многу е разумен ставот на премиерот и на Владата да се бараат дополнителни гаранции. Можеби на вас најдобра лекција е за штитењето на државните интереси треба да ви ја дадат и претставници на странски држави кои што велат во право сме во тоа што го правиме. Или тоа што го кажа господинот Антонио Кошта во сред Софија, дека државата треба да добие дополнителни гаранции или можеби белгискиот министер за надворешни работи пред месец дена во Скопје кој што рече: Да, оваа држава заслужува да добие дополнителни уверувања. Проблемите кои што ги имате создадено, кои што се наталожени во делот на надворешната политика за жал не можеме преку ноќ да ги решиме, и не сме ветиле дека преку ноќ ќе ги решиме. Но, дека ќе одиме чекор по чекор кон национална отстапка, кон попустливост и кои што не вродуваат со резултат. Име сменивте, нема отстапка која што не ја прифативте. Дали имаме почнато преговори со Европската Унија. Милион ветувања, ова е европската иднина, ова е одлуката која што е донесена, никаков напредок немате донесено. Прочитајте ги Извештаите на Европската Комисија, дури вашата Влада владееше со државата. Резултатите се страшни, и затоа велам јас, ве разбирам од една страна дека сте под притисок од тоа хистерично раководство. Искрено да ви кажам, туѓ срам ме јаде кога ги гледам на тие прес конференции. Бидејќи знам дека не верувате во тоа. Знам дури дека интимно се гордеете кога не гледате како ги штитиме националните интереси. Го знам тоа господине Трајчулески. И, првиот дел од вашето обраќање со голема почит го следев, затоа што, беше дека имаме спротивставени ставови но, беше со базично ниво на почит. Е, така треба да звучи СДСМ, така да звучи една државотворна партија, а не хистерична партија која што секојдневно шири лажни вести, шири пропаганда и се обидува да ги наруши позициите на државата во делот на надворешната полит8ика, во тоа за жал се има претворено политичката партија кои што вие ја претставувате. А, сега кога зборуваме за тоа што го направила државата. Да, се соочивме со реал политика, но тоа никогаш не било различно. Но, еве да ви кажам. Станавме во мандатот на Владата предводена од премиерот Мицкоски, прва држава во регионот ко што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија. Партнерство врз основа на која што Европската Унија ден денес ги димензионира односите со најразвиените земји во светот. Први во регионот станавме. Потпишавме стратешки партнерства со Обединетото Кралство, со Унгарија и со Хрватска кои што носат не само плод во делот на нашето државно позиционирање туку плод и во делот на развојот на инвестициите во нашата држава. Бевме прва држава од Европа кој што одржа стратешки дијалог со Обединетите Американски Држави во Вашингтон. Први во Европа бевме. Ние не велиме дека магично ги решаваме преку ноќ состојбите но, ви кажувам водиме кредибилна надворешна политика но, истовремено и надворешна политика која што стои во заштита на тоа што е наше национално достоинство и наш национален интерес. Господине Трајчулески, не е точно дека само уставни измени се бараат од нас како држава. Јас тоа најодговорно го кажувам на оваа говорница кога не гледа целата држава. И, вие знаете дека не се бараат само уставни измени од нас како држава, и тоа е суштинскиот проблем кој што произлегува од непромисленото решение во 2022 година, и затоа ние нудиме кредибилен пат напред, ние комуницираме со аргументи со сите наши партнери. За да ги поправиме позициите кои што за жал се нарушени заради ужасната надворешна политика на Владата предводена од вашата политичка партија. Имате легитимно право, себе се критикувате но, една тема на која што човечки, а го слушате гласот на народот многу добро го слушате гласот на народот, и затоа кон вас лично се обраќам сега бидејќи знам дека вие независно од тоа што делиме многу различни политички ставови и сте разумен човек. Знаете дека и граѓаните не ви веруваат во ова што доаѓа од ваша страна сега како реторика. И, знаете дека ова ене решението, и знаете дека утре ако попуштиме со уставните измени веднаш многу брзо следува нова препрека, и вие тоа го знаете. И, затоа ве следев и со големо внимание го поставувате пратеничкото прашање. Бидејќи сите знаеме дека овие наши обраќања независно дали се во Собрание, на прес конференции, на јавни настани, остануваат во институционалната меморија. Како што во институционалната меморија остана резолуцијата заедничка која што ја донесовме во ова Собрание на 29 јули 2022 година кое што после неколку месеци вие го погазивте. Институционалната меморија и тоа го памти, и затоа ви велам, водиме надворешна политика со јасна визија. Целосно усогласени сме со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Европската Унија е пофалува за стратешкиот изглед на државата, за како имаме поставено надворешната политика. Но, нема да продолжиме по патот на отстапки по однос на национални прашања. Влада од ВМРО - ДПМНЕ тоа нема да го прифати, тоа не е бидејќи некој чувствува дека само неговиот политички субјект го има првото врз заштитата на националниот идентитет. Тука треба вие да не поддржите, да учествувате во создавање на консензус но, исто така, да учествувате и во создавање на консензус кога ќе дојдат на ред законите усогласени со Европската Унија во делот на реформи на правосудството, да се вратите во работната група на Изборниот законик. Не само на зборови да бидете дел од европските процеси туку и во пракса да се покажете како дел од европските процеси. И, пред вас е во суштина најтешката одлука. Дали ќе го изберете исправниот пат или дали ќе го изберете патот на реториката создадена од поединци кои што го држат во под заложништво вашиот политички субјект. Сите знаеме кој ја создава идеологијата на таа хистерија, не го личи тој субјект таков однос. Искрено да ви кажам, се срамам и кога го гледам лидерот на вашата партија бидејќи сепак е лидер на македонски политички субјект. Како се однесува. Шеретски, со една леснотија, како да тој знае се, а учествуваше во Влада која ги создаде овие проблеми. Па, прозива, па навредува на секојдневна основа. Зар тоа е примерот кој што сакаме да го поставиме во оваа држава. Зар тој е примерот во кој што сакаме да ја движиме нашата земја напред кон европска иднина. Ве повикувам да бидете разумни, да бидете свесни за сето ова што го правите и да ја поддржите оваа Влада која што на дело е Влада посетена на европски реформи и не го земајте единствено нашиот збор кога велиме сме посветени на европски реформи. Читајте што пишува во Извештаите на европските институции. Гледајте и слушајте што зборуваат нашите клучни партнери. Не за џабе уште еднаш ве потсетувам. Изгледајте го интервјуто на господинот Пленковиќ кое што беше најавено вечерва. Па, ќе слушнете што мисли еден европски лидер кој што ја сака нашата држава, кој што го сака овој регион, за како треба да го движиме европскиот пат напред.

Сите пратенички прашања