О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Почитувани пратеници благодарам и за прашањето. Ќе почнам од последното, а тоа е дали намерно и свесно се одолговлекува Коридорот 8 и за чии интереси, така беше поставено. Мислам дека сега и е малце појасно како се прифаќаат одредени теории на заговор кој што доаѓаат од одредени други центри за некакви си оски Белград-Атина и така натаму. Па некакви си други оски Тирана-Софија и така натака. Смешна работа, не знам што да кажам друго освен смешна работа. Ние имаме една оска, а тоа е македонската оска и ние работиме да ја развиваме Македонија најдобро што можеме и што знаеме. Сега конкретно во однос на железничкото поврзување. Состојбата во моментот е повеќе од катастрофална имајќи предвид дека кога станав министер вработените и во Железници транспорт и Железници инфраструктура воопшто плата не земаа. Значи од една страна имаше бајковити приказни за проекти од 300, 400, 500 милиони евра, а од друга страна имаше вработени таму кој што плата не можеа да однесат на 1-ви и не можеа да ги прехранат семејствата. Така што активност број еден беше да обезбедиме плата за да се зема во овие претпријатија. И тоа треба да го знае јавноста затоа што е многу лесно да се зборува за големи проекти, ама веројатно е многу тешко плата да се подели на вработените во овие претпријатија. Откако еве со месеци редовно земаат плата, што и не е некое достигнување, ама претходно очигледно било проблем, влеговме во решавање на покрупни проблеми кој што се случуваат таму. А секако дека најголемиот проблем во Железница е преструктуирање и на Железница инфраструктура и на Железница транспорт. И во тој дел можам да кажам дека во 2024 година од она што го гледам во вториот квартал, во вториот дел од годината се извинувам, односно во делот од годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата двете железнички претпријатија ќе завршат во позитива. Веројатно на крај ќе имаат негативни баланси заради првите 6 месеци. Но кога ќе ги погледнете првите споредени со вторите 6 ќе видите дека во вторите 6 месеци двете претпријатија ќе завршат во позитива, што ќе е прв пат после години да се случи ваква работа. Што секако мислам дека е резултат на одговорно работење. Е сега околу инвестициите. Апсолутно мислам дека треба да ја користиме стратешката позиција на Македонија како раскрсница и тоа треба да е приоритет број еден за нас. Но исто така треба да сме свесни дека многу малце или ништо не се правело во однос на ова во минатото. Затоа што од идеи до реализација има многу, многу, многу пат кој што треба да се изоди. Во однос на постојната состојба со железницата таа е лоша, би рекол катастрофална. Патнички возови скоро и да нема можност да оперираат. Во однос на товарен сообраќај тешки напори водевме да се стави во функција товарниот сообраќај. Можам да ви кажам дента кога станав министер дека на македонските пруги на Коридорот 10 затоа што тој е единствениот функционален коридор во карго делот лежеа преку 24 композиции за кој што немаше локомотива која штоп можеше да ги извлече од причина што на почетокот на јули кога станав министер Македонија имаше нула функционални локомотиви. Сега малце состојбата е подобра. За пет-шест месеци толку може да се направи. Имаме 6 функционални локомотиви, а очекувам до крајот на годината затоа што интензивно работат во Железница транспорт и да им честитам да имаме 9 функционални локомотиви. Не е некое достигнување, но од нула е многу подобро. И затоа веќе се стабилизира карго сообраќајот. Веќе имаме амбиција и за стабилизирање на патничкиот сообраќај и можам да најавам во декември ќе имаме два воза дневно за Гевгелија. И тоа не е многу, ама повеќе од нула, колку штоп беше во јули месец. Во однос на реализација на инфраструктурни инвестиции нас апсолутно ни е потребна прво рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридорот 10, а секако големата визија е брза пруга која што би оперирала со 200 километри на час патнички и 120 километри на час карго сообраќај кој што треба да оди од Табановце до Гевгелија. И тоа би било по мене крвоток на македонската економија, но исто така и користење на стратешката позиција на Македонија. Додека тоа го правиме се работи и на Коридор 8 и таму има три дела и ќе објаснам за трите. Во однос на првиот дел кој што оди од Куманово до Бељаковце можам еве да кажам одговорно дека до крајот на годината ќе е завршено. Така што првата фаза од источниот дел на Коридорот 8 до крај на година ќе го завршиме и ќе биде целосно функционален. Тоа се 31 километар. Втората фаза која што оди од Бељаковце до крива Паланка за жал оди споро и мислам дека основната причина е изборот на изведувач таму е избрана компанија која што целосно неодговорно работи и која што не ги исполнува обврските. Во моментов реализацијата е 27,3%, а рокот за завршување е октомври 2026 година. и би сакал да го повикам Обвинителството да истражи како оваа компанија е избрана. Се работи за компанијата ЃУЛЕНМАРК во која постапка е избрана. Еве да им дадам неколку наводи. Дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање на истите и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. Јас за истото ова имам доставено и пријави до Јавното обвинителство, како и ревизорски извештаи кој што ги има изработено Државниот завод за ревизија. еве до сега немаат ништо направено. Би сакал да ги мотивирам да почнат да работат. Иначе овие пријави од мене се доставени уште во текот на месец јули. Мислам дека доволно време имаа Обвинителство од јули до сега да ги истражат овие работи кој што на писмено сум ги доставил. И јас не се кријам и кривичните пријави ги имам лично потпишано. Тоа околу фаза два. Околу фаза три се соочивме со ситуација да требаше да Македонија да потроши 560 милиони евра. повторувам 560 милиони евра за 24 километри пруга Б категорија која што ќе оди со 60 до 80 километри на час која што требаше да заврши сред тунел. Кој што веројатно немаше ни слеп да биде затоа што инженерски е невозможно да се изработи тунел на пола. Се работи за цевка. Цевка на пола не можете да запрете. Таа беше ситуацијата. Сега јас имав два избора, Владата имаше два избори или да продолжиме да ја ставаме главата во песок или да ја кажеме вистината. И решивме да ја кажеме вистината. Свесни бевме дека ќе бидеме под сериозен напад. Свесни бевме дека Бугарија ова ќе го искористи за свој политички цели и дека ќе се обидуваат да ја манипулираат јавноста и од едно крајно техничко прашање да направат политичко прашање. Но еве времето покажа дека не биле во право и фудбалски кажано ги добивме три нула во аргументи. Затоа што трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Еве оваа недела требаше да е во Скопје, а сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст, нека дојдат и да ја затвориме оваа тема и еднаш за секогаш ова прашање да се затвори затоа што нашите аргументи се јасни и тие стојат. Првата работа е дека мора да се направи ревизија на цената. невозможно е 560 милиони евра да чини изградба на 24 километри пруга со се електрификација. Никаде во светот го нема тоа. значи прво треба да се направи ревизија, второто е мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел кој што треба да ги спојува двете држави и третото е да си го завршат нивниот дел од работата, односно да се спојат до граница затоа што поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме. Не е поентата изградбата на оваа пруга да има воз од Крива Паланка до Скопје. Туку поентата на оваа работа е да имаме воз од Скопје до Софија и до Црното море. Во исто време убаво е да се раскажуваат приказни, но реалноста е дека другиот сосед кој што е дел од Коридорот 8 нема никаква намера да работи железничко поврзување со Македонија. Имаат некоја железница која што е од времето на Енвер Хоџа и која што завршува на местото Лин на другата страна на Охридското езеро која што е нефункционална. И ако следите медиуми во моментов тие почнаа да работат на две железнички линии кој што никако не се поврзани со Македонија. едната е ДрачТирана и втората сакат да градат Валона-Драч-Бар и да се поврзат на барското пристаниште во Црна Гора. Така што целосно го игнорираат ова што е потенцијален Коридор 8. И треба сите да се запрашаме дали вреди да ние трошиме пари за нешто што нема да не поврзе со никого. и мислам дека по домаќинско размислување од ова нема. Иначе за да изгледаме ние добро во јавност можеме да ја банкротираме државава, да ја задолжиме, да ги потрошиме парите, па некој друг да ја мисли и да си ја чука главата што ќе прави како што ние сега ја мислиме што да правиме со ОхридКичево кој што комплет беше оставен и запоставен годиниве наназад, па сега еден по еден треба да решаваме проблеми. Или нешто со што се занимавав утрово, можеби јавноста знае, можеби не знае, освен една делница на автопат во моментов нема ни еден регионален, магистрален, експресен или автопат кој што има употребна дозвола за користење. Сите се со времен режим. Е сега ако мислите дека така треба да продолжиме во ред. Јас не мислам дека така треба да продолжиме, туку мислам дека треба да работиме домаќински и одговорно.