Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Трајчулески бара податоци за кредитите за компании од унгарскиот заем

Резиме

Пратеникот Митко Трајчулески побара да се објават компаниите што добиле субвенционирани кредити од 250 милиони евра од унгарскиот заем, износот на кредитите, проектите за кои биле доделени и показателите за оценување на нивната успешност. Тој изнесе тврдења за искористувањето на средствата за општински проекти и за намената на останатиот дел од заемот.

Заменик-министерот за финансии рече дека 500 милиони евра биле искористени за отплата на еврообврзница од 2018 година, а другите 500 милиони биле наменети за компании, со кредити преку Развојната банка и комерцијалните банки. Тој најави дека имињата на фирмите ќе бидат објавени откако ќе се објави одлуката на Уставниот суд во Службен весник. Кредитите, според одговорот, биле наменети за инвестиции во технологија, основни средства и нови погони; одговорот не ги наведе поединечните фирми, износи или показатели за успешност.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Митко Трајчулески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Моето трето прашање е министерката за финансии, која не ја гледам тука, очигледно работи онлајн, не со физичко присуство, затоа прашањето го поставувам до заменик министер. Почитуван заменик министер, едно од главните остварувања со кое се гордее оваа Влада е заемот од една милијарда евра од Унгарија. Заем за кој во Унгарија се покренати истражни постапки. Знаеме дека 500 милиони евра од овој заем беа искористени за враќање на доспеани долгови. Исто така, знаеме дека 250 милиони евра беа наменети за финансирање на проекти во општините за кои според достапните информации, степенот на искористеност е околу 20%, што значи дека средствата се потрошени за други буџетски потреби, а финансирањето на овие проекти ќе се спроведува во текот оваа и наредните години што ги става компаниите изведувачи на овие проекти во сериозно незавидна позиција. Исто така, знаеме дека 250 милиони евра беа наменети за финансирање на компаниите преку повелби, субвенционирани заеми. Она што не успеавме да дознаеме до сега е кои компании добија вакви поволни кредити. За кои проекти, и кои се индикаторите согласно кои ќе се цени успешноста на овие кредити. Имајќи во предвид дека станува збор за јавни пари односно пари на граѓаните барам од оваа говорница да ги соопштите компаниите кои добиле вакви кредити. Износот на кредит кој го добиле. За кои проекти се доделени средствата, и кои се индикаторите согласно кои ќе се цени успешноста на овие кредити. Барам директен и јасен одговор на моето прашање. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Заменик министер за финансии Благодарам потпретседателе. Благодарам пратеник Трајчулески за поставеното прашање. Значи една од мерките која што ги презеде Владата во 2024 година беше санирање на последиците од владеењето од 2017 до 2024 година и мислам, не мислам, туку убеден сум и народот секако, така дека покажавме економски раст на Бруто домашниот производ и тој раст е во континуитет шест квартали по ред, почнувајќи од третиот квартал 24-та, па се до последниот од 2025-та и со тоа темпо продолжуваме и во 2026 година. Едино на начините како да се реши таа крајно неповолна финансиска ситуација, во која што не Министерството за финансии, целокупната држава, министерствата, Владата, се најде во тој момент, беше да обезбеди дополнителни средства, но и да изнајде можности од кои ставки може да скрати непродуктивни трошења, кои во преку мера се правеле по поедини министерства и на тој начин успеа да обезбеди и плати, кои што беа неисплатени во поголемите јавни претпријатија кои што вработуваат илјадници луѓе, но и да плати и за останати обврски, но и да плати и пенали по преземени обврски на кредити, а не подигнати средства. Карикирам, сте зеле кредит за изградба на определен пат, сте потпишале договор, сте рекле дека ќе почнете од 01.01.2021-ва, на терен ништо и пеналите почнале да си идат, казнените поени. Еден од ставките кои што мораше да се средат во тој момент беше и тоа. Значи, заостанати плати, пенали, казни, обврски и еден од начините од каде што можевме покрај кратењето на непродуктивните средства, за да обезбедиме средства ваму каде што треба и да ни профункционира државата во правилна насока, беше и задолжувањето. Во тој момент, а и до ден денеска го правиме кога мора да се задолжуваме, да биде од финансиски институции или државни банки, кои што нудат најевтини каматни стапки, односно услови кои што важат на финансиските пазари. Еден од тој беше и унгарскиот кредит од државната Експорт-импорт банка, во износ од една милијарда евра и погодете зошто половината од тие пари се потрошија истиот момент кога стигнаа средствата на сметка на буџетот. За враќање на еврообврзница преземена од 2018 година. Зошто? За економски раст кој што произвела таа еврообврзница од 1,9 просек од Бруто домашниот производ. Значи, половината, рековте и самиот, за враќање на стари обврски и да, тоа е еврообврзницата која што сте ја зеле во 2018 година. Другата половина од 500 милиони евра во тој период беше за компаниите, добро прашање, компаниите чувствуваат сушна потреба од свеж капитал, чувствуваа негрижа од страна на државата, стопанството ставено на маргините и затоа со каматна стапка од 1,95% до 3 години грејс период и можност за враќање на кредитот до 15 години, Развојната банка преку комерцијалните банки ги даде тие кредити на заинтересираните стопански субјекти. Беше тоа прашањето, не до фрлајте, бидете културни до крај, парламентарни. Имињата, да, ќе бидат објавени колега, односно не колега, почитуван пратеник, ќе бидат објавени. Имаше проблем од страна на, не би рекол државата, но колизија во однос на Законот за банки, во однос на тајноста, на условите на кредитите од страна на банките и од друга страна Уставниот суд во однос на јавни средства. И тоа крајно коректно го говорам. Инаку од страна на Владата, Министерството во ниту еден момент тоа не беше проблем. И второ, тоа е обврска на Развојната банка, сега имаме одлука на Уставниот суд, бидејќи работиме по закони и по пропис, ќе излезе одлуката во Службен весник и Развојната банка, јас очекувам овие денови да ги објави имињата на фирмите кои ги добија 250 милиони евра за развој на компаниите, за инвестиции во технологија, инвестиции во основни средства, инвестиции во нови погони, со што ги направивме по конкурентни на пазарот, порасна извозот и ете една од причините каде што може многу да учите, е преку конкурентноста, зголемување да влијаете на кревање на економскиот раст, односно зголемување на Бруто домашниот производ на државата. Тука сме јасни сега, благодарам. И, третото потпрашање во врска со општините, да, општините сосема друга приказна. Министерот Пирински беше доста благ во овој дел. Општините од 21-ва до 25-та што добија од државата во вид на помош на инфраструктурни проекти. Што добија општините? Ако имаа доволно тие добиено, ќе се пофалеше до сега и друга ќе беше приказната на локалите избори. Значи, предвидените средства, преку шесте ресорни министерства, преку Министерството за транспорт во најголемиот дел, преку Министерството за образование и наука, преку Министерството за труд и социјална политика, Министерството за спорт, тие пари како доаѓаат фактурите од страна на општините за реализација на предвидените проект со кои што аплицирале на јавниот повик, сите општини без исклучок, така и Министерството во предвидениот рок ги исплаќа тие средства преку АА Програмата во Буџетот и тие проекти се реализираат на терен. А до каде се со реализација и колку се со реализација за брзо ќе има отчет и Владата и општините и ќе ги видите на дело и реализираните проекти. Благодарам уште еднаш за прашањето.

Сите пратенички прашања