Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за вработувањата и наводниот политички притисок во болницата во Тетово

Резиме

Пратеничката Дијана Тоска праша за вработувањата во Клиничката болница Тетово, тврдејќи дека работници со долгогодишно искуство биле изоставени, а дека имало партиски влијанија и притисоци. Таа праша и кој ги утврдил критериумите, дали наводниот притисок бил пријавен во Обвинителството и зошто, според неа, има разлики во платите меѓу здравствените работници во Скопје и другите градови.

Министерството за здравство соопшти дека го следело и координирало јавниот оглас за 155 здравствени работници и соработници согласно прописите. По изборниот процес постапките продолжиле и, според информациите од болницата, биле во завршна фаза. Наведе дека можеле да се пријават сите што ги исполнувале условите, а платите се уредуваат со законите и колективниот договор, со различни коефициенти зависно од категоријата и нивото на установата. Во одговорот не се осврна конкретно на наводите за политички притисок ниту на прашањето дали случајот бил пријавен во Обвинителството.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Тоа што се случува во клиничката болница во Тетово не е случајност, ниту административна грешка, ниту недоразбирање. Тоа што се случува е еден чист политички скандал и една намерна неправда кон здравствените работници и граѓаните на Тетово. Вие господине министер, значи му се обраќам на министерот, пред изборите јавно излеговте во дворот на болницата во Тетово и најавивте дека проблемот со вработените кои што се на договор, многу брзо ќе биде решен и дека тие, ќе им се реши проблемот и неправдата која што им е направена и оваа работа ќе заврши. Ова не беше едно ветување приватно, но беше ова јавно кажано пред камерите и изјава слушната од целата јавност. Денеска не само ова ветување не е одржано, но се случува спротивното. Здравствените работници кои што имаат 7 и 8 години работно искуство каде што работеле во оваа болница и работеле во текот на Пандемијата, во најтешкиот период без статус, без безбедност и без никаков дигнитет, тие многу сега се ставени на страна, како да се сега непотребни. Без транспарентност и без реален конкурс се вработени партиски војници, без критериуми, без професионални критериуми и без ниту една заслуга. И самите вработни кои што се запоставени пред камерите, ова истото го кажаа. Ова не е реформа, апсолутно не. Ова е брутална партизација на здравството. Затоа директно прашувам, господине Алиу ако ме слушате од негде, дали сте министер за здравство или комесар за вработување? Дали сте министер за сите граѓани или само на тие кои што имаат партиска книшка? Вработените во болницата во Тетово излегоа јавно и кажаа дека кон нив и тие имале јавен притисок, политички притисок и дека е направено агитирање и да бидат направени членови на одредени политички партии. Ова само, сами тие си го кажаа, на начин ако бидат дел од политички партии на Владата и ќе бидат нивни членови и после за да се чува нивното работно место. Значи, ова е сериозно обвинување, сите го знаеме тоа и ова бара кривична одговорност и политичка одговорност. Кој од управителите на болницата и од официјалните лица си имаат направено ваква пресија. Дали ги имаат земено во разговор со нив, дали разговарале и дали овој случај е пријавен во Обвинителството или се крие во тишина. Ако оваа Влада навистина би била реформска, вработените кои што дале реален придонес, тие би биле вработени кои што би земале решение за работното место. Но кај вас единствениот критериум е партиската книшка, непрофесионализмот и придонесот кој што го дале. Скандалот е уште поголем каде што гледаме дека платите се зголемени во јавните институции во Скопје, додека во другите градови без разлика каде се и во здравствените установи, тие се ставени на страна. Зошто има таква дискриминација и ваква поделба? Нели и тие се лекари, и тие во Скопје и во другите градови, сите имаат завршен ист факултет и специјализирале и дале голем придонес во нивната професија. Сите треба да бидат ценети еднакво. Дали, се поставува прашањето, дали имаме здравство од прва рака или од втора рака? Дали лекарите се помалку значајни од тие од Скопје, не само во Тетово и тие во Струмица и од Прилеп и од Дебар или од други градови во Македонија. Секако дека не се помалку значајни, исти се. Како е можно некој да работи

7 или 8 години, пак се враќам кај вработените во Тетово, како е можно некој кој што работел 7 или 8 години во една јавна институција да не може да добие решение. И за ова би сакала да ми даде одговор министерот Азир Алиу. И некој друг без ниту еден ден искуство да биде вработен и да добие решение. Многу ме интересира не само мене, целата јавност е заинтересирана кој го направи овој избор. Со какви критериуми или единствениот критериум бил „Дали е мој или е твој“. Во некои изјави на вработени кои што останаа надвор од изборот за решенија, датата за да земат решение како вработени во таа болница велат дека не беше одлучено, не беше земено во предвид нивното работно искуство, професионалноста туку е направено врз интервјуто кое што го има направено директорот со кандидатите кои што биле вработени. Сите ние се сеќаваме на ова и граѓаните и здравствените работници и ние и ова ќе го спомнуваме секогаш. Прашањето го поставувам до министерот за здравство.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Република Северна Македонија Министерство за здравство

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г-дин Африм Гаши

Врска: Ваш допис бр. 08-6073/1 од 01.12.2025 година

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Почитуван г-дин Гаши,

Во врска со пратеничкото прашање поднесено од пратеничката Дијана Тоска, кое се однесува на информациите поврзани со јавниот оглас за вра- ботување на 155 здравствени работници и здравст- вени соработници во Клиничката болница Тетово, Ве информираме за следното: Министерството за здравство, во рамките на сво- ите надлежности, ја следеше и ја координираше це- локупната постапка, во согласност со важечката за- конска регулатива. Со поддршка на Министер- ството и согласно утврдените законски процедури, беше обезбедена согласност за вработување на наведените лица, која е доставена до Клиничката болница Тетово за понатамошно постапување, во рамките на нејзините надлежности. Како што е познато на јавноста, јавниот оглас за вработување на 155 лица беше објавен, кандидa- тите аплицираа, а постапката за селекција опфати и спроведување на соодветно тестирање. По рас- пишувањето на локалните избори, согласно важеч- ките законски одредби, сите постапки за вработу- вање беа ставени во мирување до завршување на изборниот процес.

Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3112500 www.zdravstvo.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за здравство

По завршувањето на изборите и верификацијата на изборните резултати, постапките за вработување продолжија и, според информациите добиени од Клиничката болница Тетово, истите се наоѓаат во завршна фаза.

Во овој јавен оглас, како и во сите други јавни огласи, право на аплицирање имаат сите кандидати кои ги исполнуваат утврдените услови за соодветните работни места, без разлика дали се во работен однос или не.

Во однос на исплатата на здравствените работници надвор од градот Скопје, Ве информираме дека платите не се утврдуваат според местото на извршување на работата, туку во согласност со законите во сила и колективните договори. Здравствениот систем во Република Северна Македонија е организиран на примарно, секундарно и терцијарно ниво.

Исплатата на вработените во јавните здравствени установи се врши согласно Колективниот договор за здравствена дејност на Република Северна Македонија, кој се применува на сите работници со заснован работен однос во јавните здравствени установи, вклучително здравствени домови, центри за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, општи и специјализирани болници, клинички болници, универзитетски клиники и универзитетски институти. Во овој контекст, не се применуваат исти коефициенти за сите категории вработени, туку постојат разлики во зависност од видот и нивото на здравствената установа.

Се надеваме дека наведените информации ќе Ви бидат корисни и јасно ќе ги прикажат активностите

Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија

Република Северна Македонија Министерство за здравство преземени од страна на Министерството за здравство.

Со почит,

МИНИСТЕР

Azir Aliu

Подготвил : Faton Dauti Контролирал : Nuri Lamallari Шеф на кабинет:

3

Министерство за здравство на Република Северна Македонија

Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија

+389 2 3112500 www.zdravstvo.gov.mk

Сите пратенички прашања