
Дијана Тоска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, веќе е јасна намерата на министерот Филков, значи вашата намера што инсистирате незаконски албанските студенти да немаат право правосудниот испит да го полагаат на албански јазик. Иако во Уставот на Северна Македонија, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор, ова право е загарантирано, загарантирано е правото и во Законот за употреба на јазиците од 2018 година, повторно вие како министер отворено ги покажавте своите шовинистички ставови, не дозволувајќи им на студентите да го полагаат испитот на својот мајчин јазик. Албанскиот јазик е уставна категорија и тоа го знаеме сите. Тоа е законска категорија, право стекнато со жртва и темелна е еднаквоста врз која почива мултиетничката држава. Како што е нашата држава. Секако дека секој обид за негово намалување или исклучување претставува чекор наназад и тоа не смееме да го дозволиме, но и нема да го дозволиме. Ова претставува постојана тенденција на Владата да ја минимизира употребата на албанскиот јазик, создавајќи вакви случаи речиси во сите институции во државата. Иако употребата на албанскиот јазик е уставна категорија. Министерот Филков, како раководител на Министерството за правда, без никаков аргумент и без повикување на какво било законска постапка, носи ваква одлука кршејќи ги Уставот и законите во Северна Македонија. Наместо да се грижите за правдата во нашата мултиетничка држава, вие само создавате поделби и се обидувате да ги нарушите правата на голем дел од населението. Јазичната еднаквост не се преговара, ниту пак се релативизира. Таа се спроведува. Секое поинакво дејствување ќе наиде на наш цврст институционален и политички отпор. Албанскиот јазик нема да се врати на нула, заборавете го тоа. Нема да го дозволиме тоа. Бидејќи тој е дел од нашиот идентитет, од Уставот и од неповратната реалност на оваа држава. Исто така загрижува и фактот што владиниот партнер, коалицијата ВЛЕН, молчи за ова тешко уставно прекршување што им се прави на Албанците. Иако во изјавите не уверуваат, бидете мирни бидејќи ние ќе го браниме тоа право. Каде се нивните структури овие денови. Зошто нема ниту еден збор од претставниците на ВЛЕН во Владата. Моето прашање до вас господине Филков е, значи моето конкретно прашање е, категорично изјавивте дека нема да дозволите полагање на правосудниот испит на албански јазик, иако 358 студенти на Правниот факултет потпишаа петиција и бараат овој испит да го полагаат на албански јазик. Ова не може да го игнорирате. Каде се базирате на оваа одлука, врз основа на кои закони и членови. Дали е тенденција, уште еднаш ве прашувам, или проект за постепено исклучување на албанскиот јазик од сите државни институции. Како е можно токму вие, како министер за правда, да носите вакви одлуки без да се повикате на ниту еден одржлив аргумент и без да го почитувате Уставот на државата, каде што вие служите како министер. И не било каков министер, туку министер за правда, кој треба да биде праведен и еднаков за сите граѓани. Ве молам изнесете еден одржлив аргумент за оваа одлука, а не празни зборови мотивирани од идеолошки и националистички убедувања.