Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за постапката против петмина административни службеници

Резиме

Дијана Тоска побара од министерот за односи меѓу заедниците писмено да ги образложи одлуките поврзани со петмина албански административни службеници. Таа праша врз кои докази и во кои рокови биле донесени, дали имало селективен третман и дали постапувањето е во согласност со законот и Охридскиот рамковен договор. Тоска тврдеше дека второстепената комисија ги поништила првичните решенија и дека службениците работеле во несоодветни услови.

Министерството ги отфрли тврдењата за дискриминација и политички мотиви. Во одговорот наведе дека второстепената комисија ги поништила првичните решенија за престанок на работниот однос, по што службениците биле вратени на работа на 20 февруари 2026 година. На 23 февруари им биле врачени решенија за враќање, распоредување и плата, предлози за дисциплинска постапка и решенија за суспензија. Министерството наведе дека во подоцнежната дисциплинска постапка била изречена мерка престанок на работниот однос, а второстепената комисија ја одбила жалбата и ја потврдила мерката.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам. Почитувани присутни, почитувани медиуми, почитувани граѓани, Жал ми е денес што не е присутен министерот Стоиљковиќ тука, бидејќи ексклузивно од него чекав одговор. И повторно сакам тој да ми одговори писмено. Со целата почит према вас почитуван заменик министер, но значи не сте вие тој кој е главен виновник за ситуацијата која е во тоа Министерство. Денес сакам да зборувам за едно прашање кое ги надминува границите на една административна одлука и директно ги засега темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите. Станува збор за постапка на министерот Иван Стоиљковиќ во врска со отказите и повторното суспендирање на петмина албански административци. Господин министер, Ви се обраќам тука и се надевам дека ќе ме слушнете. Она што го прави овој случај особено тежок, не е само првичната одлука, тука вашата упорност да ја повторите, дури откако е поништена од надлежните органи. Поконкретно, Комисијата од втор степен по жалби при Агенцијата за администрација, утврди дека вашите одлуки биле неосновани и наложил враќање на вработените на нивните работни места. Ова е институционална одлука. Одлука која мора да се почитува. Ова многу добро го знам, бидејќи самата јас работев во Агенцијата за администрација и ги познавам точно надлежностите на тој орган. Но, што направивте вие. Наместо да ја спроведете Одлуката, вие ја заобиколивте Одлуката и повторно ја презедовте истата мерка, повторно суспендирајќи ги овие вработени. Вие што сакате да постигнете со овие тврдоглави одлуки. Вие директно игнорирате една институционална одлука. И тука се поставува суштинското прашање. дали ја признавате институционалната хиерархија на оваа држава и мислите дека сте над неа. Бидејќи, ако одлуките на второстепените органи можат толку лесно да се игнорираат, тогаш која е смислата на целиот систем на контрола и рамнотежа. И, ако навистина мислите дека сте над одлуките на комисиите каде што се поднесуваат жалби, тогаш оттука ви порачувам, не сте. Можеби во моментов постои влада во која вашите албански партнери се тивки и немоќни кои ви дозволуваат вакви акробации, но, ќе дојде ден кога нема да можете повеќе да си играте со Албанците. Не плива секогаш тиквата по вода. Така вели една поговорка. Еден ден ќе се промени сѐ. И вие, но и тие што го дозволуваат ова, ќе одговараат пред народот и ќе останете црна дамка во сеќавањето на оваа држава.

Министер, овој пристап е опасен, затоа што овде веќе не станува збор за погрешна одлука, туку за практика што ги загрозува демократските стандарди. Понатаму, постапката што сте ја следеле е подеднакво проблематична. Зошто е спроведена надвор до законските рокови. Како може да произведе правно дејство постапка што е спротивна ан Закон. Или за вас Законот е пречка која треба да се заобиколи, да се помине, а не правило што треба да се почитува. Министер, барам јасни и документирани одговори. Кои се конкретни докази, врз основа на кои е донесена оваа ваша одлука. Зошто нема индивидуална одговорност за секој вработен. Бидејќи, она што го гледаме е, колективно казнување, а колективното казнување е неприфатливо во секој демократски стандард. Исто така, како ја оправдувате пропорционалноста на најтешката мерка, прекинување на работниот однос. Дали ова е правда, или одлука со политичка позадина, или можеби етничка омраза. Министер, постои друга димензија која не може да се игнорира. Вие учествувате и со право одбележувате важни датуми за други заедници, вклучително и меѓународниот ден на Ромите и тоа е добро, затоа што се промовира инклузија и почит. Но, проблемот е во двојните стандарди. Не може да промовирате почит кон една заедница, а истовремено да преземете дејствија што се перципираат како неправда и дискриминаторски кон друга заедница. Во овој случај значи, албанската заедница. Не може да постојат два пристапи во иста институција. Еден толерирате за некои, и друг што се перцептира како дискриминаторски кон Албанците. Бидејќи, институциите не треба да создаваат перцепција на омраза, туку тие треба да гарантираат еднаквост. Затоа ве прашувам директно, како ги коментирате тврдењата на селективен третмани и намерно влошување на условите за работа на албанските административци. Замислете, почитувана јавност, имаме информации дека во една канцеларија се сместени седум, осум и повеќе албански административци, во мала канцеларија без работни маси, без столчиња и без основни средства за работа. Осум часа стојат таму, некои на нозе и некои седнати на под. Ова е сериозен институционален проблем. Дополнително, дали сте подготвени да ги објавите сите документи и процедури што довеле до овие одлуки. Сега објавете ги и сите тие јавноста нека ги оцени дали се исправни, или не. Министер, вие раководите со институција чија мисија се меѓуетничките односи. Во тој контекст, како мислите дека овие одлуки влијаат врз довербата меѓу заедниците. Овие постапки не градат доверба, напротив, тие ја рушат. И во едно мултиетничко општество, тоа е исклучително опасно. На крај едно суштинско прашање. Дали овие постапки се во согласност со духот на Охридскиот рамковен договор. Или за вас тој договор не значи ништо. За Албанците тој Договор е клучен за соживот во оваа држава. Се чини дека создавате практика спротивна на принципите на еднаквост и застапеност. И, над се, дали ќе преземете политичка одговорност, доколку се утврди дека сте ги игнорирале одлуките на институциите, сте ги игнорирале одлуките на институциите и сте постапиле спротивно на Закон. Граѓаните бараат правда. Бараат еднаквост и бараат институции кои го почитуваат Законот, а не го заобиколуваат. Значи го потсетувам министерот, сакам писмен одговор и сакам сите сведоштва врз која основа се избркани тие Албанци. Да видиме дали донесол прави одлуки или не или ова е само значи израз на неговиот патолошки страв кој го има кон Албанците. Ви благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за односи меѓу заедниците.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за односи меѓу заедниците

Република Северна Македонија Министерство за односи меѓу заедниците

Бр. / Nr. 03-532/2 29.04 2026 г./viti

До

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Врска: Ваш допис бр. 03-532/1 од 15.4.2026 година

Имајќи го предвид вашиот допис под наведениот број и датум со кој до Министерството за односи меѓу заедниците го доставивте пратеничкото прашање, поставено писмено од пратеничката во Собранието на РС Македонија Дијана Тоска, меѓу двете седници на Собранието на РС Македонија, на 8 април 2026 година до министерот за односи меѓу заедниците ви доставуваме одговор на прашањето.

Со почит, Министер за односи меѓу заедници Иван Стоилковиќ

Изработил: Одобрил

1 Министерство за односи меѓу заедниците ул. Филип Втори Македонски бр. 11, 1000 Скопје Република Северна Македонија +389 02 3114 397 +389 02 3221 008 www.moz.gov.mk

ОДГОВОР на пратеничкото прашање поставено од пратеничката Дијана Тоска, меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 8 април 2026 година:

Во однос на поставените прашања, јасно се истакнува дека Министерството за односи меѓу заедниците ниту создава практика спротивна на принципите на еднаквост и застапеност, ниту постои системска дискриминација, ниту постапува спротивно на Законот и ги игнорира одлуките на институциите. Напротив, работата на Министерството се темели на принципите на еднаквост, транспарентност и почитување на уставно загарантираните права на сите заедници, во согласност со обврските кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор и правниот поредок на Република Северна Македонија.

Мисијата на Министерството е креирање политики со цел непречено спроведување на Охридскиот рамковен договор, гарантирање и заштита на правата на етничките заедници, унапредување на меѓуетничките односи и јакнење на мултикултурната кохезија, како и промоција на мултикултурните вредности и подигање на свеста за важноста од почитување на диверзитетите на културните изразувања. Визијата е ефективно и целосно спроведен Охридски рамковен договор како основа за гарантирање на стабилноста на државата, во која се промовира мирен и хармоничен развој на општеството, со почитување на етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани и со истрајност во градењето и јакнењето на мултикултурната кохезија.

Во конкретниот случај, не станува збор за дискриминација, ниту за селективно или политички мотивирано постапување, туку за законски донесени акти за престанок на работен однос на административни службеници, поради утврдено кршење на работниот ред, дисциплина и нарушување на угледот на Министерството, во согласност со важечките законски и подзаконски прописи.

Министерството постапува исклучиво согласно Уставот на РС Македонија, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работни односи, Етичкиот кодекс на Министерството за односи меѓу заедниците, како и другите релевантни прописи, почитувајќи ги принципите на еднаквост, недискриминација, законитост и правична застапеност.

Обидот постапката да се прикаже како меѓуетничко или политичко прашање е неоснован и претставува непрецизно претставување на состојбата,

Министерство за односи меѓу заедниците ул. Филип Втори Македонски бр. 11, 1000 Скопје Република Северна Македонија

ШТО не придонесува за заштитата на меѓуетничките односи, туку напротив, создава непотребни тензии и ја нарушува довербата во институциите.

По случениот настан на 18.12.2025 и 19.12.2025 година во Министерството за односи меѓу заедниците, кога во канцеларија на вториот кат од објектот беа затекнати двајца административни службеници кои спијат на работа на импровизирани кревети, а тројца неоправдано отсуствувале од работното место, при што во канцеларијата без дозвола биле внесени предмети од надвор – тостер, чајник, електрично решо и панел за греење (употребен како препрека за затскривање на импровизираните кревети направени од искршени фотељи), Министерството донесе решенија за престанок на работниот однос на административни службеници поради кршење на работниот ред и дисциплина, без отказен рок, на 24.12.2025 година, врз основа на кои беа одјавени петте административни службеници.

Одјавените административни службеници поднесоа жалби до Комисијата во Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административни службеници во втор степен. Второстепената комисија одлучуваше по жалбите и донесе одлуки со кои ги поништи решенијата за престанок на работен однос.

Врз основа на второстепените одлуки и спроведена постапка пред Државниот инспекторат за труд, административните службеници беа вратени на работа со решенија за враќање на работа, распоредување и утврдување на плата во Министерството на 20.02.2026 година, а работниот однос им беше евидентиран ретроактивно во Агенцијата за вработување, со што истите немаат прекин на работниот однос.

Административните службеници беа повикани во Министерството на 23.02.2026 година, каде им беа врачени следните документи: решенија за враќање на работа, распоредување и утврдување на плата; предлози за покренување дисциплинска постапка за дисциплински престап; и решенија за суспензија од институцијата.

Врз основа на предлозите за покренување дисциплинска постапка, државниот секретар на Министерството на 24.12.2025 година донесе решенија за формирање комисија за водење дисциплинска постапка за дисциплински престап, составена од 7 члена и 7 заменици, во мешан состав. Комисијата, врз основа на записници од одржана расправа и посебен записник од тајно гласање, до државниот секретар достави предлози за изрекување дисциплинска мерка.

Државниот секретар, во законски предвидениот рок од три дена од приемот на предлозите, донесе решенија за изрекување дисциплинска мерка –

3 Министерство за односи меѓу заедниците ул. Филип Втори Македонски бр. 11, 1000 Скопје Република Северна Македонија престанок на работен однос. Административните службеници имаа право да вложат жалба до второстепената комисија, што и го сторija.

Мериторната одлука на Комисијата гласи дека жалбата се одбива, а решението за изрекување дисциплинска мерка се потврдува. Комисијата, меѓу другото, констатира дека првостепениот орган доставил докази за правилно и законито спроведена дисциплинска постапка, дека е донесено законито решение за формирање на дисциплинска комисија, дека е извршена уредна достава на покани и решенија, како и дека дисциплинската мерка е изречена врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба и со правилна примена на материјалното право.

Во однос на изнесените квалификации и поставените прашања, се нагласува дека Министерството доследно ја почитува институционалната хиерархија и владеењето на правото, постапувајќи во согласност со одлуките на надлежните органи и важечката законска рамка.

Воедно, од особена важност е јавната комуникација да се води со одговорност и во духот на меѓусебно почитување, особено кога станува збор за чувствителни теми кои можат да влијаат врз меѓуетничките односи и довербата во институциите.

Министерството останува посветено на транспарентно и законито постапување, во интерес на сите граѓани и на унапредување на општествената кохезија.

4 Министерство за односи меѓу заедниците ул. Филип Втори Македонски бр. 11, 1000 Скопје Република Северна Македонија +389 02 3114 397 +389 02 3221 008 www.moz.gov.mk

Сите пратенички прашања