Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за цените и бојкотот на маркети со албански сопственици

Резиме

Пратеничката Дијана Тоска го праша министерот за економија и труд Бесар Дурмиши како ги образложува тврдењата за пад на цените, додека граѓаните, според неа, и натаму се жалат на високи цени, а резултатите од анализите не се објавени. Таа го обвини дека не реагирал на бојкотот за кој рече дека бил насочен кон маркети со албански сопственици поради нивната етничка припадност, и праша дали владината политика е доследна и успешна.

Дурмиши наведе статистички податоци за намалувања, меѓу нив 0,3% кај трошоците за пијалаци и прехранбени производи за посочениот месец, и рече дека намалувањата забележани во октомври и декември се поврзани со владините мерки. Бојкотот го опиша како легитимен начин за изразување незадоволство. Рече дека кај некои трговци контролите допрва треба да се извршат, по што ќе бидат донесени одлуки, и најави средба со министерства и релевантни институции за долгорочно решение за стабилни цени.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почнувам со првото прашање, до министер за економија и труд господин Бесар Дурмиши. Господин министер Дурмиши, на 24-ти декември изјавивте дека цените на прехранбените продукти паднале на 10%, додека на 1-ви септември ги информирате граѓаните дека инспекторијатот уште врши анализа во сите градови за да идентификува злоупотреба од страна од трговците. Како постигнавте на триумфалниот заклучок за намалување на цените и во меѓувреме резултатите на анализите сеуште не се јавни или ова е поврзано со еден успех кој е предвремен за да се наполнат вестите кои вие сакате да ги промовирате. Исто така во ноември ги кажавте резултатите од трошоците како мерка, во меѓувреме граѓаните сеуште се жалат на високите цени и злоупотреба од трговците. Како ќе ја образложите оваа спротивност и реалноста која ја имаат потрошувачите, уште повеќе во времето кога се направи времето за бојкот, само од маркетите со сопствениците албанци, не поради цените, но поради етничката припадност на трговците. Значи отсуството на вашата реакција, дали ова ви изгледа дека вашето ќутење, со оваа дискриминаторска практика испраќа една погрешна порака, не зачувувајќи ја трговската еднаквост без разлика на етнитетот. Ако анализите сеуште се одвиваат, ако цените не се реално стабилни и ако не се преземат чекори за адресирање на економската дискриминација, дали има смисла да зборуваме за еден конзистентен пристап и успешен пристап на вашата политика или се ќе остане во рамките на медиумите.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Јас ќе правам една ретроспектива и ќе ги информирам пратениците за сите дејствувања кои што се однесуваат на Министерството за економија и труд. Што се однесува до потрошувачката кошничка со која што се соочуваме сега, ги имате податоците од Статистика, каде што во октомври Министерството, со предлог на Министерството за економија, каде што е изгласан во Владата, потрошувачката кошница има намалување на инфлацијата 2,5%, имаме намалување на трошоците на пијалаците алкохолни и безалкохолни на 2,5%. Овие се јавни информации. Тоа што се однесува на потрошувачката кошница која што беше наменета за Нова Година, беше иницирана од трговците, дистрибутерите и сите тие учествуваа на владината седница, каде што беше предложено за таа потрошувачка кошница и беше поддржана од страна на Владата. Освен тоа, имаше тентатива од неколку трговци, тие производи кои што не беа ставени на таа листа, тие цени да бидат повисоки. Но, иако беше нивна иницијатива и после ги даде нивните ефекти. И ова го имате документирано во Заводот за статистика. За тој месец имаме 0,3% намалување на трошоците на пијалаците и прехранбените производи. Што се однесува до Инспекторатот, за прв пат овдека ви кажува дека во текот на последните 15 години се прават контроли, строги контроли и се прегледуваат цените, влезните цени на увозот кои што се ставени во последните шест месеци, производителите, увозниците и трговците, и овдека се забележува дека во месец октомври и декември имаме намалување на цените, кои што се поради мерките за намалување од страна на Владата. Овие не беа само медиумски, туку ги покажаа резултатите. Тоа што се однесува до бојкотот на маркетите, исто така, како сите граѓани кои што со потполно право и легитимно, можат да го изразуваат нивниот револт, несогласување и каде што имаат соработка со другите институции и завршува нивната контрола. Останува уште кај некои трговци да се направат контроли и ќе донесеме одлуки и после тоа, тој револт што беше кај нив и после ќе имаат поддршка и од Владата. Тоа што се однесува на долгорочното решение, утре имаме средба со министерствата и со релевантните институции кои што се приклучени во овој процес и ќе имаме долгорочна одлука за да имаме стабилни цени. Цените да бидат стабилни на пазарот. Во оваа ситуација имаме две прашања. Лошото на ова е тоа дека граѓаните кои што платиле нереални цени, но доброто е тоа дека вие сега од ДУИ се соочувате со цените на пазарот и вие до вчера бевте на власт и не сте ја следеле реалната ситуација, ниту сте знаеле колку биле цените на дериватите. Сте требале да размислувате за оваа ситуација која што е како процес или продолжување, континуитет на продолжување на цените која што е дојдена од ваша страна и тие што ви кажале дека ќе останете засекогаш на власт, ве излажале. Добро е дека дојден е денот дека се жалат функционерите на ДУИ околу цените.

Сите пратенички прашања