
Дијана Тоска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Повторно, во четврток, овој четврток, тој четврток, медиумите ве прашуваат, зошто не го држите зборот. Господин Фетаи, 18 четвртоци поминале од оваа изјава, каде вие во една од вашите изјави, каде изјавивте дека оваа работа е завршена. Но секој четврток поминува без конкретна одлука за Законот за правична и еднаква застапеност. Дали ова е политика без конкретно дејствување, кога велите, јас сум го создал. Да, ние разбираме, но не разбираме зошто по 18 четвртоци се уште немаме ниту еден драфт од документот, ниту еден ангажман за да се даде тој на јавна дебата тоа што вие самите го кажавте со вашата уста. Во вашата изјава за медиумите зборувавте за балансерот и како тој како средство кој беше, не донесе посакувани резултати. Но овој балансер можеби е само една симболика на вашата ситуација, средство кое можеби имаше нејзини слабости, но сега се користи како алиби за стагнација и непреземање на дејствија и незастапување на Албанците врз основното уставно начело на еднаква застапеност. Вие господин Ферати, дали мислите дека може да продолжите да давате неспецифицирани изјави секој ден, секогаш кога се прашувате за вашите дејствија или дојде време да преминете, да прекинете и да ни дадете јасен плани конкретен план за овој закон. Дали е толку тешко да се реализира овој закон кој ќе гарантира еднаква правична застапеност. Кога го тргнавте балансерот погрешивте и ниту една алтернативна мерка се уште не нудите. Велите, меѓународна практика да преземате мислења од Венецијанската комисија. Не на Бенедикт, на Венеција. Но, повеќе од една практика која изгледа како една јустификација која трае многу подолго од тоа што требаше да донесе законот. Но како се чувствувате вие министер, кога го создадовте, кога законот значи е замрзнат, кога ништо конкретно не настанува. И, кои се причините да овој закон кој бил во подготовка толку долго време, да остане како еден проект кој се уште ќе биде, ова е најдобриот начин да ги држите граѓаните во манипулација, или е тактика да имате долги дискусии не нудејќи ништо конкретно. Можеби ова е некој друг четврток, но за нас, за граѓаните секој четврток поминува со губење време, каде секое објаснување, значи создава сомнежи. Што сега ќе направите. Дали ќе продолжите да велите, наскоро, додека ова прашање да биде друга изгубена понуда, или ќе посведочите со вашите конкретни дејствувања. Овој закон, реално е еден ваш приоритет и не е просто за да избегате од одговорност. Ве потсетувам уште еднаш, ве молам да имаме конструктивна дебата без напади и навреди, бидејќи како што знаете, вашите хомолози, вашите министри, пред неколку недели не се пречекаа добро од јавноста со пристапот кој го имаа во текот на одговорите.