О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Јаулески, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Панче Тошковски: Најпрво сакам да се заблагодарам на секој еден чесен македонски граѓанин кој што во изминатиов период требаше да ги трпи сите овие криминални банди кои хараа во Македонија. особено да се заблагодарам на чесните Македонски граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, Срби и сите останати кои што Живеат во рамки на територија на општина Чаир, општина Арачиново. А кои навистина беа вознемирени во текот на минатата недела заради тоа што имавме една опсежна полициска акција под раководство на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Поради кое што имаше голем број на полициски службеници во овој дел од Скопје кои што мораа да си ја сработат својата работа, а при тоа навистина да речеме дека беше попречено во дел на движењето на граѓаните. И огромна благодарност за нивната трпеливост и љубов кон државата заради тоа што истите тој ден и покрај тоа што бевме да речам еве така малце повеќе активни од колку што е нормално на овој дел од градот. Навистина не настана никаков инцидент или несакан настан поврзано со нашата акција. Ова го имав кажано и претходно, но чувствувам да го потенцирам и да се заблагодарам до Македонските граѓани. Оваа акција која што беше спроведена во Скопје, го расчисти криминалот организираниот криминал особено насилен криминал кои за 7, 8 години оние кои што претходно седеа во рамки на фотелјите во Министерство за внатрешни работи од аспект на раководни позиции не успеаа да направат ништо. Односно најмалку 7 убиства кои се сторени во изминатиот период, едно од нив додуша е сторено и во периодот додека јас бев министер, се расветлени не само од аспект на оној кои што го сторил убиството, туку и од аспект на оној кои што нарачал убиството. И сега се поставува прашањето што правеа овие пред нас. Дали ништо не работеа, дали едноставно беа не способни или па си биле во одредени дубари ентер кругови соодветно насочени кон лукративни цели и пот помагале тоа што требало уствари да го спречат. Кои и да е одговорот на овие прашања од страна наша ќе бидат спроведени соодветни постапки во иднина да дојдеме до вистината и во однос на овие прашања. Но, факт е дека Министерство за внатрешни работи заедно со Јавното обвинителство токму сега ги расчисти овие 7 убиства кои што во минатото и те како ја вознемирува јавноста особено од аспект на тоа што не беше сторено ништо во делот на нивно расветлување. Но, да бидеме искрени и чесни и сега има кртови во рамки на Министерство за внатрешни работи кој што преку одредени поранешни високо позиционирани политички функционери од минатото. Одаваат, очеруваат со информации и при тоа оневозможуваат делување во одреден дел на полициските акции кои што се спроведуваат од страна на министерството. И точно е да, еден од осомничените на неколку минути пред да специјалните полициски служби на Министерство за внатрешни работи влезат во рамки на просторијата каде што беше лоциран, побегна. Односно ја напушти истата. За овој ден се води исто така темелна истрага и во моментот кога ќе ги имаме потребните информации, факти и докази, а за тоа можеме да ги споделиме со јавноста истото и ќе го сториме. Оваа истражна постапка која што беше спроведена од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерство за внатрешни работи спроведе повеќе од 30-на претреси на различни локации при што при овие претреси пронајдени се огромна количина на парични средства, огромна количина на злато, 10 пушки полуавтоматски, пушко митралез, пиштол, панцир, 14 гранати, околу 400 грама експлозив ТНТ. Како сето ова било овозможено во минатото да се дозволи да биде поседувано од страна на криминална банда ќе треба да истражиме. И навистина е запрепастувачки за Македонската јавност кои ќе ги чуе сите овие факти, но ова е реалност и ова е вистина. Овие информации кои што ги споделуваме со јавноста се факт кој што е не спорен за никого се факт кои што конечно и дава надеж на Македонската јавност и на Македонскиот граѓанин дека институциите навистина сериозно се нафатиле да се борат против организираниот криминал и сето она харање на криминалните банди кое што и те како го гледавме во минатото. Упатувам јавна порака до сите оние кој што сметаат дека се уште како до сега, како до сега принципот заврши. Јасно, професионално и силно упатуваме порака дека криминалот е не исплатлив, криминалците нема да се толерираат повеќе и секој еден кои што сведил кривично дело ќе одговара. А при тоа, секој еден денар кои што не законски е прибавен ќе биде вратен во Буџетот на Македонските граѓани. Ќе следи јавноста во иднина како за секое едно поскапување во рамки на Министерство за внатрешни работи и сите институции кои што се занимаваат со овие прашања освен што ќе бидат спроведувани истраги во насока на разоткривање на ваков тип на криминал, на секој еден ваков тип на криминал ќе биде спроведено и соодветна финансиска истрага. Што е многу голема разлика од тоа како до сега се работело. И ќе покажеме дека криминалот е не исплатлив за оние кои што сметаат дека на таков начин ќе се обезбедат себе си за убав живот во иднина. Ќе следи Македонската јавност.