Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Талевски праша кој ќе одговара за наводни пропусти на МВР во Кочани

Резиме

Пратеникот Миле Талевски го праша министерот за внатрешни работи кој ќе одговара за, како што ги оцени, институционалните и системските пропусти на МВР на денот на трагедијата во Кочани. Тој тврдеше дека немало соодветен план за обезбедување и процена на ризик и дека полицијата не постапила и покрај околностите што ги наведе.

Министерот ги оспори тврдењата, нарекувајќи ги манипулативни, и рече дека МВР поднело две кривични пријави против 34 физички лица, од кои 31 биле во притвор, како и дека постапката опфаќа три правни лица. Наведе дека истрагата е во тек. Во приложениот извадок не се гледа директен одговор на прашањето кој ќе одговара за наведените пропусти; министерот најави продолжување со второто прашање.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Миле Талевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Миле Талевски, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господине Тошковски, механизмите за контрола под надлежност на Министерството за внатрешни работи покажуваат алармантни пропусти непосредно пред и за време на кобниот настан, на Бирото за јавна безбедност, на ОВР Кочани и на Секторот за внатрешни работи од Штип. За тоа, ќе набројам неколку факти. Факт број 1. Законот за јавни собири јасно наведува дека за собири со повеќе стотици лица, како што беше овој настан со 650 присутни, полицијата има обврска да има оперативни сознанија и да преземе мерки за обезбедување, дури и ако собирот не бил формално пријавен. Стандардните процедури во вакви случаи вклучуваат, прво формирање оперативен штаб најмалку во ОВР Кочани. Второ, комуникација со сите сектори за внатрешни работи, за можни ризици и присуство на организирани групи. И трето, превентивно зголемување на полициско присуство. Министерството за внатрешни работи не подготвило официјален план за обезбедување на настанот, што е стандардна процедура при јавни собири со голем број на посетители. Овој пропуст значително ја намалил способноста за контрола и управување со ризици, особено во случај на итни ситуации. Факт број 2, почитуван министер, Министерството за внатрешни работи, односно БЈБ, СВР Штип и ОВР Кочани не направиле ниту план за проценка на ризик, без разлика што немало официјално известување. Настанот јавно бил објавени најавен. А покрај тоа немало комплетен безбедносен план. Значи, Министерството за внатрешни работи, конкретно во Кочани, не постапило по Закон. Да постапеше, на местото на настанот ќе имаше полиција, противпожарна бригада, Брза помош и безбедносен план кој можеше да спаси животи. Факт број 3. Министерството за внатрешни работи е директно одговорно за контрола на процесот на употреба и давање на дозвола за користење на пиротехника во затворен простор, што е единствена причина за пожарот, а Бирото за јавна безбедност е одговорно за обезбедување на јавната безбедност. Факт број 4. Министерството за внатрешни работи не презел никакви активности за прекинување на настанот кобната вечер, иако непосредно пред случување на несреќата, во Клубот имало полиција, ама во 02.00 часот по полноќ. Увиделе присуство на малолетници, присуство на пиротехника, затекнале настан кој се случува непријавено во клуб во кој биле должни да знаат дека не поседува валидна лиценца и не презеле буквално ништо. И, уште еден факт, по смената на началниците, сопственикот прво го реновирал клубот па го отворил во ноември исто така, со јавна најава. Немал лиценца, полицајците оделе во акциски контроли во диво кабаре а не спречиле ништо. Доколку МВР преку своите ОВР и СВР постапиле по било кој од овие 4 основи кои ги наведов претходно немало да има ваква трагедија почитуван министер. Ова го покажува директното не постапување на службениците на Министерство за внатрешни работи особено Бирото за јавна безбедност и службениците во СВР Штип и ОВР Кочани. Господине Тошковски, моето прво прашање е: Кој ќе одговара за овие институционални и системски пропусти на Министерство за внатрешни работи. Ама, не лани, не пред две година туку на денот на несреќата на 16 март 2025 година.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Миле Талевски, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 3 април 2025 година Морам да ви признам дека мене ми беше срам да ве слушам. Ми беше срам да ве слушам заради тоа што никогаш во својот живот вака без срамно не сметам дека има право да се дрзне било кој јавен функционер, вклучувајќи ве и вас да ја манипулира македонска јавност со факти кои се лага, со закони кои не постојат, со членови кои што се однесуваат на друга фактичка состојба. Се со единствена цел да на гневот и бесот на македонските граѓани за кои што огромни улоги имате токму вие што седите од оваа лева страна сега, политички профитирате.Но, тоа нека ви служи вам на чест. Јас ќе говорам врз основа на факти кои што се утврдени до сега во рамки на истрагата без да при тоа манипулирам никого особено не македонските граѓани од чии што пари вие плата земате и јас. За разлика од тоа што некој се дрзнува дрско да манипулира со поими. Јас ќе говорам навистина со факти. Факт број 1 – Знаете колку кривични пријави поднесе Министерство за внатрешни работи и против колку луѓе за трагичната несреќа во Тетово за модуларната болница. Сакате да ви кажам? Нула. Нула кривични пријави. Знаете против колку луѓе поднесоа кривични. Против нула. Знаете колку кривични пријави се поднесени за трагичната несреќа каде што загинаа 45 луѓе во Бугарија, во ваше време исто. Нула. Знаете против колку луѓе. Против нула. Знаете колку кривични пријави се поднесени од страна на Министерство за внатрешни работи, против лица кои што биле или не биле инволвирани во рамки на онаа трагична несреќа Ласкарци. Нула. Знаете против колку луѓе. Нула. Е, сега, Министерство за внатрешни работи во овој предмет процесуираше две кривични пријави против 34 физички лица од кои 31 моментално е во притвор, каде што има членови на СДСМ, така е, има членови на ВМРО – ДПМНЕ, така е, има членови на ДУИ, така е. И, ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија заради тоа што монаштвото под и во соработка со Јавното обвинителство донело односно спровело наредба какво што дало Јавното обвинителство туку заради тоа што до сега, до овој момент обезбедени докази за степен на основи на сомнение врз основа на кои што може да се процесира кривична пријава, 34 физички лица, 3 правни лица. До сега. До сега. Истрагата е во тек. Ќе видиме колку ќе бидат од кога ќе се преземат сите процесни дејствија од страна на Јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи. За разлика од тоа што претходно овој орган бил должен да процесуира одредени надлежности кои што ги има согласно закон а не ги процесуирало. Ќе видиме зошто. Ќе видиме зошто и за тие. Ќе видиме зошто, ќе видиме. За разлика од вас кои суди и манипулира со приказни јас говорам со факти. Ви ги кажав. Во однос на второто прашање, после да продолжиме, добро.

Сите пратенички прашања