Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Стојчевски праша за финансиската состојба на комуналните претпријатија

Резиме

Пратеникот Даниел Стојчевски праша дали Министерството за локална самоуправа направило анализа на финансиската состојба и капацитетот на локалните јавни комунални претпријатија и дали постои владино решение за нивните долгови и проблеми. Тој посочи дека претпријатијата се соочуваат со блокирани сметки и тешкотии во извршувањето на обврските, а праша и за можноста за репрограм на долговите и отпис на каматите.

Министерот одговори дека функционирањето на претпријатијата е во надлежност на локалните самоуправи и дека министерството нема директно влијание врз нивното секојдневно работење. Рече дека одговорноста за управувањето е кај менаџментот и општините, а Владата разработува модел за реорганизирање на претпријатијата, во процес во кој би биле вклучени и синдикатите. Тој ги повика градоначалниците да разгледаат пренамена на дел од општинските буџети за покривање на загубите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниел Стојчевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниел Стојчевски, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Моето пратеничко прашање ќе биде упатено до министерот за локална самоуправа, меѓутоа сепак кога ќе се навлезе во суштината за решавање на проблемот за прашањето кое што ќе го поставам сметам дека опфаќа повеќе министерства и институции, но поради природата и можностите го упатувам до ова Министерство. Моето прашање се однесува на проблемите, особено од финансиска природа кои што ги имаат јавните комунални претпријатија, кои што се основани од страна на општините и Градот Скопје, односно од локалните самоуправи. Имено, јавните комунални претпријатија се основани поради вршење на дејност, услуги од витално значење за граѓаните кои што живеат во тие општини и претставуваат важен елемент во општествениот живот и секојдневието на граѓаните. Тие ги вршат елементарните услуги, неминовни за секое дневно функционирање на луѓето. Како што се: водоснабдување, управување со отпад, градски пазари, паркинзи, управување со гробишта, итн. Од вкупниот број на 149 јавни претпријатија во целата држава 109 јавни претпријатија се комунални формирани на локално ниво како и од град Скопје. Во сите јавни претпријатија според податоците од Министерството за информатичко општество работат околу 18 илјади и 500 вработени а според податоците од Асоцијацијата на комунални претпријатија Атком само во комуналните претпријатија работат 15 илјади луѓе. Најголем дел од овие претпријатија се соочуваат со огромни финансиски проблеми, блокирани сметки, работење со рамки односно ограничени средства и се соочуваат со вистински предизвик. А, тоа е нормално да ја обавуваат дејноста за која што се основани. Посебен проблем претставува и неможноста за сервисирање на обврските кои што ги имаат кон фирмите добавувачи поради блокирани сметки и неможност за плаќање. Па, така и многу приватни фирми не се во можност да си ги наплатат своите побарувања и се соочуваат со проблеми. Во последните неколку години комуналните претпријатија посебно се на удар поради енергетската криза и покачување на платите на вработените кое што мораше да се случи а финансиската состојба нивна дополнително се влошува. Би сакал тука да истакнам и еден пример од јавното претпријатие кое што имав можност да го менаџирам а тоа е јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово. Јавното претпријатие во периодот од 2003, 2004, 2005 година направило долг од 50 милиони денари кон институцијата Управа за Јавни Приходи за неплатен данок. Тогаш данокот кој што требало да го плаќа јавното претпријатие изнесувал 18% а не 5% како што е сега и наплатата во јавното претпријатие била 40%. Според она што го имаат кажувано и што го имам слушнато од моите претходници значи тие не биле во можност да ја плаќаат таа обврска и како и да е во 2018 година ние имаме долг од 50 милиони денари кои што некако го менаџиравме и успеавме да го преполовиме па и повеќе од половина да го платиме. Но, што е суштинското? За тој долг јавното претпријатие има камата од 2 милиони евра што е невозможно тој долг да се плати и затоа сметам дека и самите локални самоуправи, основаните на јавните претпријатија не се во можност и немаат доволен капацитет да помогнат да се решат овие проблеми. Затоа моето прашање е: Дали Министерство за локална самоуправа ома направено анализа за состојбата во која што се наоѓаат јавните комунални претпријатија? Каква е нивната финансиска состојба? И, колкав е нивниот капацитет за вршење на дејноста за која што се основани? И, дали постои некаков план за помош од страна на Владата за нивно решавање на проблемите, раздолжување и подигање на нивната капацитетност? И, само за крај сакам да истакнам дека до претходниот парламентарен состав беше доставен и предлог закон со кој што се предвидуваше репрограм на долговите и отпис на каматите кои што ги имаат јавните претпријатија кон државните органи. Бидејќи најголем дел од долговите се токму кон нив. За што претходната власт и се пофали но за жал овој закон заглави во собраниските лавиринти и никогаш не се најде на дневен ред. А, лошата состојба во претпријатија само се продлабочува.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за локална самоуправа

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниел Стојчевски, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Почитувани присутни, благодарам колега за прашањето. И јас и вие имаме одредени фази од нашите кариери кои што ги поминавме во јавните претпријатија и знам и вие и јас со какви предизвици истите се соочуваат, еве тука гледам и уште еден колега кој што исто така, се бореше со овие проблеми кои што ги спомнавте. Морам да напоменам дека Министерство за локална самоуправа не е надлежно за функционирање на јавните комунални претпријатија во рамки на локалните самоуправи. Тоа е исклучиво локална надлежност и ние како министерство немаме директно влијание или удел во секојдневните активности. Од една страна ги знаеме состојбите на комуналните претпријатија и согласно законот за јавни претпријатија одговорноста на менаџментот и на локалната самоуправа е да продуктивно стопанисува во извршување на задачите и да остварува на некој начин и добивка што за жал во многу случаи не е така. Од друга страна пак оваа Влада навистина може да се нарече дека е партнер на локалните самоуправи затоа што, како никогаш до сега предвидува еден инвестициски циклус насочен кон развој на капитални инфраструктурни проекти. За оваа година знаете дека предвидовме околу 6 милијарди денари, следната година се предвидуваат околу 15 милијарди денари, дополнително на овие средства имаме програма преку Министерство за животна средина и просторно планирање во висина од 50 милиони евра и уште една програма преку Министерство за транспорт во висина од нешто повеќе од милијарда и 100 милиони денари. Така да мислам дека овие бенефити и те како ќе ги почувствуваат граѓаните. Тука би сакал да апелирам до градоначалниците бидејќи навистина ќе добијат сериозни средства кои што можат да ги наменат за капитални инвестиции. Да ре лоцираат дел од своите Буџети за да ги покријат делумно овие загуби затоа што, на крај на денот е нивна одговорност како ќе функционираат комуналните претпријатија и на крај на денот успешноста или не успешноста на нивниот мандат ќе зависи од функционалноста или не функционалноста на јавните комунални претпријатија. Ние како Влада она што можеме да го понудиме за локалните самоуправи јавните комунални претпријатија е да и тоа веќе го правиме. Разработуваме модел на ре компонирање на јавните комунални претпријатија, нормално ова ќе биде еден широк и инклузивен процес во кој што ќе треба да бидат вклучени и синдикатите. Да дадеме предлог модел кој што ќе биде по соодветен во насока на по соодветно и поефикасно и ефективно извршување на своите задачи бидејќи навистина се во очајна состојба и нешто треба да се направи околу тоа прашање. Дали локалните самоуправи, градоначалниците и менаџментот во јавните комунални претпријатија ќе го прифатат нашиот предлог или не сепак тоа ќе зависи од нив.

Сите пратенички прашања