Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Стојаноски праша за напредокот во реформската агенда

Резиме

Пратеникот Бојан Стојаноски побара премиерот да ги коментира критиките дека нема напредок во спроведувањето на реформската агенда и да наведе кои чекори ги презела Владата.

Премиерот рече дека од 12 индикатори во грејс-периодот околу 10 останале за довршување до крајот на јуни. Наведе дека Владата работи на повеќе законски и институционални мерки, но нема намера да го исполни индикаторот за намалување на државното учество во снабдувањето со електрична енергија, бидејќи, според него, тоа може да доведе до поскапување за домаќинствата и другите засегнати потрошувачи за повеќе од 30–35 проценти. Тој очекува да заврши најмалку седум или осум од десетте индикатори, а за претходниот извештаен период тврдеше дека се исполнети 16 или 17 од вкупно 21 или 22.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бојан Стојаноски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Сега преминуваме на соопштенијата денеска дадени, значи повторувам од денес, не од пред некој ден. Ако отворите на Фејсбук страната ќе ги прочитате. Едното е дека Македонија не реализирала доволно или таму некои бројки се спомнуваа, повторно паушално како што беше прес конференцијата за евроизвестителот се извинувам, доволно во чекорите на реформската агенда. Замислете оние во кои што врвен напредок или врвно достигнување во евроинтеграцијата им е едно селфи во авион и обвинуваат некој дека не реализирал доволно реформи. Прашањето ми од опозицијата ве обвинуваат ете дека нема никаков напредок во исполнување на реформската агенда, како го коментирате вие лично тоа и кои чекори до сега се преземени од страна на Владата бидејќи гледаме редовно имате состаноци со министрите, со оние кои имаат преземено обврски во насока на реализирање на проектите и приоритетите на реформската агенда.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник поврзано со второто прашање и критиките за нереализираното доволно во делот од реформската агенда, односно од индикаторите кои што се дел од листата на индикатори. Би сакал да дадам еден поширок контекст за да биде појасно. Имено, сега во јуни, негде на крајот на јуни завршува грејс периодот за оние индикатори кои што требаше да бидат завршени заклучно со јуни 2025-та година. Од 12 кои што се во грејс период отприлика 10 останаа кои што требаше сега до јуни треба да ги до завршиме и ќе се обидам да ги поминам вака сите за да ни биде појасно за што станува збор. Првиот индикатор кој што треба да го завршиме, а тоа е во делот на енергетиката, а тоа е да државата повеќе не учествува со целосната количина на електрична енергија на тендерот кој што снабдувачот еднаш годишно сега, согласно новите одлуки на регулаторна, го објавува за да може да ги снабдува граѓаните со електрична енергија. Практично, да престанеме да ја субвенционираме електричната енергија за граѓаните. Вредноста на овој индикатор е отприлика 8,5 милиони евра. Само да напоменам, за македонската јавност да биде јасно што зборувам, третина од овие пари се грант, другото е мек кредит кој што почнува да се отплаќа од 2032- ра година. И еве, јасно кажувам, јавно кажувам дека овој индикатор немаме намера да го завршиме. Затоа што ако го направиме тоа, и не учествуваме повеќе со целосната количина на електрична енергија на јавната набавка која што ја прави снабдувачот. Тогаш цената за електричната енергија за домаќинствата и оние потрошувачи кои што добиваат од снабдувачот, ќе биде можеби и повеќе од 30, 35% поскапа. И тоа потоа ќе повлече и други работи, со други зборови, ценовен шок, и еве јавно кажуваме дека тоа немаме намера да го правиме. Одиме понатаму, во делот на енергетиката во моментот во Министерството работат на довршување на подзаконските акти кои што ги работиме. Со експерти кои што ги ангажиравме по препорака на Европската комисија, односно канцеларијата на Европската комисија, а со цел Законот за енергетика кој што вие го усвоивте да стане и функционален. Бидејќи таков е чекорот да се усвои законот, но истиот тој да стане и функционален, во моментот работат. Денеска веднаш после овие пратенички прашања кај мене во Владата имаме координација со министрите кои што се дел од тие индикатори кој што треба да се заврши до крајот на јуни месец. Значи имаме уште два месеци за да ги завршиме и веднаш продолжуваме во 18 и 30 кај мене и ќе работиме како што работиме и во недели и во саботи и така натаму за да го надополниме тоа што некој претходно тоа не го направил. И овој чекор со овие подзаконски акти ќе го докомплетираме целосно. Така што тоа е вториот од десетте.

Сега одиме на третиот, а тоа се практично законите кои што се дел од економскиот дел од Владата и тоа прво колатералот, односно тука имам закон кој што е донесен пред десетина години. Министерство за финансии согласно препораките од канцелариите на Европската комисија постапи и покрај тоа што ни беше кажано дека тоа е доволно излезе дека треба да имаме одредени промени во законот. Ќе го направиме тоа. многу бргу ќе го направиме. Работи Министерство за финансии и очекувам дека во рамките на мај месец тоа ќе се заврши бидејќи промената е повеќе семантичка отколку суштинска. Инаку сето она за транспарентно објавување, список, регистар на сајтот, повик до сите правни лица и така натаму тоа е завршено. Четвртиот индикатор е поврзан со Министерството за економија и работиме. Министерството за економија и труд работи со експерти, работи со надворешни експерти и очекувам до крајот на овој грејс период и тој индикатор да биде завршен, а тоа е практично да се формира одреден регистар на правни лица каде што државата е целосен или делумен учесник во сопственичката структура. И тоа го работи Министерството за економија и труд и очекувам тоа да го заврши. Тоа би бил четвртиот индикатор кој што треба да го направиме. Петтиот индикатор и покрај тоа што помина Законот за Судскиот совет има одредени лесни забелешки кои што мислам дека се прифатливи и тие многу скоро ќе се најдат пред ва пратениците за усвојување. Не е ништо суштинско, но во рамките на барањата од страна на Европската комисија. Понатаму во реформите во правосудството доаѓаме до оној момент а тоа е независноста на судиите и на обвинителите во делот на вработување и унапредување. Тоа се два индикатори. Односно плановите за вработување и унапредување да не зависат од одобрување на Владата туку Советот најавни обвинители и Судскиот совет да им дадат одобрување на тие и потоа да си продолжат тие понатаму. При тоа ќе ве потсетам дека Министерство за финансии оваа година мислам дека веќе даде согласност за вработување за неколку стотини луѓе во службите во рамките на судовите во Македонија. И тука се платите. Уставниот суд донесе одлука да се вратат коефициентите од 2025 година. ние не можеме да ги вратиме во 2024 година бидејќи одлуката на Уставниот суд е конечна. Со тоа се исполнува условот да согласно новите коефициенти судиите имаат повисоки плати, а со САДО и со УПОС синдикатите на државната администрација, но и со синдикалните единици на службениците во рамките на јавните обвинителства и судовите се потпиша договор за зголемување на платите и нивните примања. И со тоа практично ние и тој дел од индикаторот успеавме да го надминеме и да го завршиме. Така што јас очекуваме ве да не должам повеќе поврзано со овие реформи, очекувам најмалку 7 или 8 од овие 10 да бидат завршени во овој рок грејс период, а при тоа да бидат уште неколку такви индикатори завршени за другите би рекол извештајни период кој што се позади нас, но и оние кои што се пред нас бидејќи имаме накои кои што се и предвреме се исполнуваат. Да сумирам повторно ќе дојде сега информација од Брисел и повторно оваа прес конференција ја молам македонската јавност да ја сфаќа со резерва, бидејќи информацијата од Брисел што ќе дојде е дека од последни во регионот сега сме рамо до рамо со фронт ранерот. И од 21, 22 индикатори 16 или 17 се успешно завршени за извештајниот период кој што заврши кон крајот на 2025 година. Ако бевме последни сега сме според нив рамо до рамо со Црна Гора. И тоа многу брзо ќе дојде како информација од Брисел. Прашање е на време. Мислам дека деновиве треба и таа информација да дојде. Еве однапред ги предупредувам за прес конференциите кои што ги прават, па да не се истрчаат како прле пред магаре, народски кажано. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања