Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Стојаноски праша за капиталните проекти и платите во 2026 година

Резиме

Пратеникот Бојан Стојаноски праша што можат да очекуваат граѓаните во 2026 година во однос на започнување и завршување капитални проекти и растот на платите, особено во образованието и здравството.

Премиерот рече дека првичната верзија на буџетот предвидува околу 600 милиони евра за капитални инвестиции и дека тие ќе бидат главен фокус. Наведе дека очекува просечниот раст на платите следната година да биде меѓу 9 и 10%, а дека во буџетот се предвидени средства за зголемувањата согласно колективните договори, вклучително и во здравството и образованието.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бојан Стојаноски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојановски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање во Собраниево во моментов е актуелно носењето на Буџетот за 2026 година веќе 11-12 ден дебатираме на Комисијата за финансирање и буџет и она што им го припремиле на СДСМ, тоа се 3-4 тези и ај да го прифатам да го прифатам да ги зборувам тоа што некој до сега можеби е прв мандат пратеник, не бил ништо во претходната Влада, но да зборуваат човекот број два во Владата на Заев и на Ковачевски односно оној кој што е одговорен за економски политики, да зборуваат луѓе кои што 7 години една шајка не заковаа, ниту еден километар автопат кој што е автохтон објект не го почнаа, а камоли да го завршат, често се спомнува за капиталните инвестиции. Моето прашање е директно кон вас како претседател на Владата е што македонските граѓани и Република Македонија ќе може да се надева на завршување или отпочнување на нови капитални проекти за 2026 година бидејќи стратегијата на СДСМ е јасна да се создаде некоја магла во јавноста и да се дебатира на еден начин што направивте вие, што направивме ние. Не сметам дека тоа е соодветен начин за трудот кој што оваа Влада го вложува и за проектите кои што ги испорачува кон граѓаните. Така да добро е да се одговори на една ваква сцена за капиталните проекти кои што според мене се и една движечка сила на македонската економија, но и она кое што е поважно. Тоа го споменуваат и во економските извештаи и релевантни институции како Европската Комисија. Дополнително прашање: Практично ете дадовме одговор за капиталните инвестиции, за пензиите, но мислам дека за уште едно прашање треба да им одговориме на македонските граѓани. Исто така во дебатата за Буџетот за 2026 година на ресорната комисија многу често и покрај тоа што ставките во буџетот се прилично јасни и укажува дека масата за зголемување на платите за наредната година е поголема од таа за оваа година. конкретно мислам дека треба да дообјасниме ете граѓаните што можат да очекуваат од аспект на растот на плати а наредната година. можеби и од аспект на призмата на зголемување на платите во образованието и во здравството, но можеби и за некој други ресори. Благодарам. Значи ова е моето дополнително прашање кон претседателот на Владата

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Второто прашање се однесуваше на капиталните инвестиции и што е тоа што можеме да го завршиме во следната 2026 година. за капитални инвестиции за следната година мислам во Буџетот се гледа со двојни во оваа првична верзија отприлика околу 600 милиони евра, негде нешто над кој што ќе се канализираат над цртата. Има нешто и под цртата, но и нешто кое што ќе се реализира преку јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата. Главен фокус ќе ни бидат капиталните инвестиции, бидејќи очекуваме тие да бидат и главен драјвер во економијата. Исто како што и оваа година почнавме со 3, па дојдовме на 3,4% од бруто домашниот производ/ за третиот квартал очекувам и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото имаме раст поголем од 34% во реализацијата на инвестициите и на капиталните и на приватните инвестиции во третиот квартал. Исто така е зголемена и јавната потрошувачка итн., итн., сега да не навлегувам во тие детали. Но нашата цел е да дојдеме до реален раст од бруто домашниот производ од 4, па и повеќе проценти во услови на ваква криза, посебно во автомобилската индустрија, во услови на геостратешките политички констелации не само во Европа, туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на бруто домашниот производ помеѓу 7,5 и 8%, што веќе го правиме. Бидејќи во првиот квартал беше 7,5, во вториот беше 7,8. Ова е она кое што преставува наша амбиција во ова време и да ги намалиме во тие услови и јавниот и државниот долг. И ако ја гледаме 2025 година и ако ја гледаме додадената вредност која што ја креираме во економијата и споредиме со задолжувањата ќе видиме дека е тоа однос 2:1. И затоа кога ќе прашаат каков е јавниот и државниот долг одговорот е дека е едниот за скоро 2,8%, а другиот за 3,5% помал од тој кој што бил на крајот на 2024 година. Сега ако го споредите 7 години СДСМ и ДУИ ќе видите дека е поголемо задолжувањето отколку креираната додадена вредност во економијата. Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност. За разлика од сега оваа година кога двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Тоа е како во едно семејство да земете кредит, да ја заложите куќата, а ануитетот кој што треба да го враќате е два пати поголем од тоа што имате приходи. И во еден момент ќе ја загубите куќата. Па така на имотен лист кој што го вадеа беа на ивица да го загубат. Среќа што загубија на избори, таму се каде што се, па сега оваа Влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, да ги распределува соодветно, да инвестира соодветно за да граѓаните почувствуваат дека нешто на добро се случува во државата споредено со тоа што беше како до сега, по принципот како до сега. и никогаш нема да ја научат лекцијата затоа што им ги слушам пораките, им ги слушам дискусиите од тука и сфаќам дека тие во суштина и не сакаат да ја научат. Тоа е како расипана плоча која што ќе ја пуштите и врти една музика цело време. Цело време една те иста песна. Си кажуваат една работа, убаво им е, комотно им е тука. У Парламентот си седат неколкумина, си кажуваат тоа што мислат дека треба да си кажат без да водат сметка нити за државата, нити да водат сметка какава одговорност имаат што седат во овие пратенички клупи. И ги слушам и не можам да се изначудам. Но тоа е што е. тоа е нивна работа, не е наша работа. наша работа е да си ги реализираме капиталните инвестиции и во таа насока сакам да кажам дека сите оние капитални инвестиции кој што се дел од општините и кој што ги финансира централната Влада, а вкупниот обем на тие, ако на тоа се додадат и програмите преку министерствата, без разлика дали се тоа програми кој што се финансирани од Светска банка, од Европската развојна банка, од Европската инвестициска банка. Од Државниот буџет итн., доаѓаме до бројка од половина милијарда евра. Дел се до сега завршени, дел се во фаза на реализација. Овие капитални инвестиции очекувам дека отприлика 75 до 80% ќе бидат готови преку Министерството за локална самоуправа го формиравме ресурсниот центар кој што сега треба да им помогне на општините да генерираат нови проекти. еве велиме не треба вие да трошите пари, не треба вие да барате проектантски куќи итн., повторно ќе ви помогне државата и кажете што ви е приоритет. Затоа што ние не знаеме што им е приоритет. Таму се градоначалниците, без разлика дали се тие од владината коалиција, од опозиција или независни. Кажете што вие приоритет тоа ние да ви помогнеме да го сработите за да веќе следната година повторно тој приоритет ви го исфинансираме. Иако оваа година треба да вратиме 700 милиони евра еврообврзница 2026. Оваа година вративме 500 милиона, следната година пак 500 милиона, па таа таму 2028 година треба негде повторно 700 милиони евра. Само еврообврзници зборам. Тоа отприлика негде околу 2,5 милијарди само еврообврзници за 4 години, плус буџетски дефицит, плус други задолжувања. Отприлика негде излегуваше околу 5 милијарди евра во овие 4 години се стари долгови. Стари долгови се ова, нема нов долг. Новиот е помал. Рековме 2,8 до 2,5% е и државниот и јавниот долг намален. Понатаму, очекувам да бидеме при крај со автопатот Кичево-Охрид. Во делот на би рекол на завршна фаза или најдоцна до првиот квартал на 2027 година. имаме тука мал проблем со проектирањето на косините кој што треба ја да стабилизираат земјата за да не ни се свлече, па не дај Боже да имаме инциденти. На линија сме со потпретседателот на Влада. Многу вака сме жестоки со таа компанија која што си игра мајтап со трпението на Владата и мислам дека треба да престане да си игра мајтап со трпението на Владата и да го заврши тоа што требаше да го заврши уште во февруари, па и дадовме рок до октомври, па сега повторно бара до февруари. Кога ќе ја гледаат ова снимка ќе препознаат за кој станува збор. Исто така жестоко работиме на реализација на проектот од Коридорите 8 и 10Д во делот на имотно правни односи 90 и повеќе проценти од трасата е исчистена. Во делот на инсталациите во најголема мерка е дислоцирано. Министерството за одбрана исто така беше ангажирано во делот на расчистување од историски мини итн., дури и експлозивни направи, посебно на автопатската делница што е дел од Коридорот 10Д, така што очекувам и тука да имаме огромен напредок. Очекувам веќе на пролет најдоцна до лето да влеземе во завршна фаза на обезбедување средства за реконструкција или изградба на регионални и локални патни правци на целата територија на државата во вредност од отприлика половина милијарда евра. Очекувам интензивирање, бидејќи повторно тука имаме игри од страна на изведувачи од втората секција на пругата што е дел од Коридорот 8 и објавување на тендерот за третата делница, откако се надмина би рекол спорот со нашиот источен сосед. Евентуално крајот на оваа година, можеби првиот месец од следната година очекувам завршување на реализацијата на другите капитални инвестиции во други сегменти земјоделие, водоснабдување и така натаму, но и отпочнување на ... Дополнителен одговор Благодарам претседателе. Во делот на растот на платите за следната година генерално очекувам да се задржи сличниот треба како и оваа година да биде помеѓу 9 и 10% просечниот раст на платите. Отприлика тој пондер очекувам и следната година да се задржи. Во Буџетот се предвидени средст6га за сите оние буџетски корисници за кој се предвидени зголемувања согласно Колективните договори. Такви се во здравството, такви се во образованието. Претпоставувам дека одредени колективни договори допрва ќе ги преговараме. И ние сакаме и гориме од желба да седнеме и да преговараме. Посебно во делот на администрацијата, административците кој што цениме дека поради интересите на малкумина во синдикатот остануваат надвор од овој процес кој што одлучија да тераат политика наместо да ги бараат синдикалните права. И ние во таа насока ќе се движиме и тука нема да има нешто кое што ќе го пазарот на трудот ќе го наруши. Очекувам зголемување на продуктивноста, нешто кое што исто така е многу важно, посебно во делот на исплата на платите. И мислам дека последната година таа продуктивност конечно го сотре трендот на намалување и конечно тргнавме со траекторија нагоре. Очекувам инфлацијата после ова зголемување во октомври кое што се должи на ниската основа, бидејќи лани во октомври имаше есенска кошничка да продолжи трендот на намалување и за ноември и за декември и на годишно ниво да ја завршиме отприлика оваа година на 4%, а веќе следната да се стабилизираме помеѓу 2 и 3%. И мораме да водиме сметка за капацитетот на нашата економија, барем онаа формалната. Бидејќи еве еднашка го коментирав тоа еднаш на едно интервју мислам дека беше скоро македонската економија генерира добивка од отприлика 300 илјади денари по вработен. Толку е добивката која што е генерира македонската економија мислам во 2024 година. Тоа е некаде отприлика околу бруто, нешто околу малку повеќе од 400 илјади евра по вработен. Да претпоставиме дека сопствениците на бизниси, дали се тоа поединци, дали е тоа друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво ќе одлучат целата добивка да ја пренесат во личниот доход на вработените. Тогаш бруто платата на сите вработени просечна ќе се зголеми за не повеќе од 24 илјади денари бруто плата месечно. Или тоа би било нето од отприлика негде 16 илјади денари. Од сегашните 45 и нешто повеќе ќе дојдеме до 61. Значи некаде околу 1000 евра, нешто над 1000 евра. Тоа е под услов сопствениците на бизниси да речат ние сега не сакаме добивка, целата добивка е ја пренесеме во бруто плата на вработените. Тоа е отприлика 1000 евра. Тоа е капацитетот формален на нашата економија. Зборам оној капацитет кој што е регистриран во Управата за јавни приходи. Се разбира имаме сива, неформална економија, но зборувам за оваа формална за која што јас можам да зборувам и која што е дел од системот на функционирање. Се намалува сивата, се намалуваа таа економија, но имате горе плафон и сега одиме надоле но за тоа ќе треба време, нови навики и менталитет итн. но ова е за мене загрижувачки затоа што ова е слаб потенцијал. Ние мора да работиме со што ќе го зголемиме потенцијалот на македонската економија за да можат сопствениците на бизниси да дадат повеќе за вработените. Тоа мора да го направиме и тоа го правиме. Така што кога ќе се промени таа конфигурација и таа структура тогаш веќе се ќе биде поинаку. Тогаш состојбата ќе биде поинаква и тогаш вработените и работниците јас сум убеден дека ќе имаат и поголеми плати и се ќе биде поинаку. Но во овој момент ова е максимумот на македонската економија. Просечната плата од моменталните 45 илјади да дојде на 62 илјади под услов сопствениците на бизниси да не поделат никаква дивиденда и да одлучат целиот профит да го дадат на работниците. Што се однесува на државата ќе повторам. Сето она кое што е постигнато како договор со синдикатите во образованието, во здравството, во другите сегменти ќе биде максимално испочитувано и сето она кое што следува согласно закон а е резултат од нивелирање на минималната плата која што по закон исто така, ќе биде зголемена доколку работодавачите и работниците не постигнат поинаков договор. Ќе имаме економски социјален Совет на почетокот на декември, ќе претпоставувам и ваква дебата, ќе разговараме, така што ова е од прилика кое што би го спомнал околу платите. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања