Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Стојаноски праша за изјавите на Вајц, премиерот ја критикува комуникацијата на СДСМ

Резиме

Бојан Стојаноски го праша претседателот на Владата како ги коментира толкувањето на изјава на европскиот известувач Вајц од страна на лидерот на СДСМ и наводниот демант од самиот известувач, како и можните последици за меѓународниот имиџ на државата.

Премиерот оцени дека изјавите на СДСМ се насочени кон создавање сензација и ги нарече невистинити. Како примери наведе тврдења за мигранти, ИПАРД-фондовите и евроинтеграциите, за кои рече дека биле демантирани. Тој ја критикуваше и пошироката комуникација на опозициската партија, но во одговорот не даде посебна процена за влијанието врз меѓународниот имиџ на државата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бојан Стојаноски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам почитуван потпретседателе. Ми се чини дека во овој мандат пратеничките прашања во Собранието станаа еден интересен феномен можеби и на планетарно ниво. Добро е да ја запознаеме јавноста дека во Република Македонија има два типа на пратенички прашања. Еден овој на кој сме денеска каде што секој последен четврток во месецот секој и власта и опозицијата може да поставува прашања на членовите на Владата и уште еден на кој што се одвоени два часа замислете само за опозициски прашања и сега кога има можност опозицијата да дојде целата Влада да поставува прашања на очиглед на целата јавност резултатот е ова. цел ред до последно столче, од прв до последен пратеник на опозицијата не е присутен замислете кога имаат министрите, цела Владата, уставна и законска обврска да присуствуваат тука и да одговараат на секое едно прашање кое ќе го постави било кој пратеник. Во времето кога ние бевме опозиција ние со нетрпение ги чекавме пратеничките прашања за да можеме да ги судриме аргументите, на крај народот да одлучи дали тоа кое што ние го кажуваме и прашуваме е така, или дали тогаш што ќе одговори тогашниот премиер или некој министер од Владата е вистина или не и не би ми пречело тоа толку ниту пак воопшто ми е важно, но една друга појава во општеството сакам да ја искоментирам и денес моите прашања ќе бидат врз основа на тоа што денеска СДСМ пушти во јавноста две соопштенија и една прес конференција која што беше одржана во текот на вчерашниот ден. Значи не е тоа нешто што јас ете сум сметал дека треба да го прашам премиерот или министрите, туку врз основа сето тоа кое што СДСМ го поставува како дилема во јавноста, јас денеска ќе го поставам од оваа говорница. Она кое што е многу важно и што сметам дека треба да го знаат граѓаните и дека кога ќе има пратенички прашања по ред на нештата треба да се прашуваат премиерот и министрите најактуелните прашања во јавноста. Еве денеска гледаме освен за гаражи и за некои прашања кои што на некој смета дека му се важни за да се испере себеси, можеби во некоја друга постапка никој не го праша премиерот или министрите тоа што секојдневно го кажуваат од партиската говорница заради тоа што секој ден лидерот на опозицијата држи прес конференции објавува нови тези, објавува нови скандали, кажува како некој излажал и еве го резултатот тука, нула. Ниту еден дојден да постави било какво прашање кон никого. Ама имаат сега нешто ново, пишал на екс замислете и господинот од опозицијата пишал на екс Мицковски направил ова, овој од Владата направил она, а денеска еве гледате никој го нема. Го нема ни оној што поднесе интерпелација. Еве го министерот за земјоделие е тука, нема прашања, нема никој да излезе тука да постави дилема или одредена теза за која што не малтретираат и нас и јавноста, но како што се однесуваа кога беа на власт, така се однесуваат и во опозиција. Значи денеска се создава нели некој наратив да се истурат куп лаги и како што кажуваше премиерот после тоа некој треба да ги собира тие лаги. Ајде да почнеме со прашањата, нешто што сметам дека е конкретно, актуелно и што го интересира народот. Значи кажав три прашања, сите три прашања ми се до претседателот на Владата, едно од прес конференција и две од денешните соопштенија на СДСМ. Пред неколку дена можевме да видиме во една таква заносна прес конференција на улога на своевиден спасител на нешто, не знам ни јас, а ни граѓаните нешто, лидерот на опозицијата излегува на прес од партија, не знам која по ред секој ден и вели еве евро известителот го демантираше Мицоски, нема реформи, закочена е работава во европските интеграции, не оди работава, што ќе правиме, ова е загрижувачки, да ја вратиме, да ја бутнеме власта, режим и слични такви наративи кои што си ги создава за да неколку часа после тоа стигне демант од никој друг освен од самиот евро известител во кој што ја објасни ситуацијата и не знам по кој пат веќе тие луѓе повторно беа фатени во лага и има еден интересен, ајде да не се изразам директно за тоа што настапува кај човекот кога има отсуство од срам, но тоа ќе го оставам на тие кои подобра ја знаат таа дефиниција од мене, но мислам дека начинот на кој ете така се однесувала оваа Влада, која што се преслика во опозиција заслужува едно прашање, а прашањево ми е ако ете веќе се создава еден одреден континуитет, веројатно ја видов на листата на прашања потпретседателката, таа е особено популарна кај пензионериве кога беше министер, ќе доаѓаа мигранти, ќе се распаднеше пензискиот систем, со Владата не знам што ќе се случува, така испадна и сега со ова. Така да прашањето ми е почитуван претседателе на Владата, претседателот на опозицијата односно на СДСМ интерпретираше една изјава. Евроизветителот Вајс даде друга изјава комплетно дијаметрално спротивно од таа па интересира вашето лично мислење како вие ги коментирате овие изјави што вие лично мислите за ова кое што како случување се случило во нашата држава да лидерот на опозицијата замислете излезе држи прес конференција директно излаже, за да за неколку часа да биде демантиран и како тоа ќе се рефлектира на имиџот на Република Македонија во меѓународни рамки.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник, изјавите кои што доаѓаат од дел од опозицијата во случајот СДСМ, без разлика кои ги испраќа од актуелното раководство, се навистина збунувачки и на моменти чудни. Би рекол изјави кои што и прес конференции кои што немаат, сега зборувам како политичар, немаат за цел да ја кажат вистината, туку имаат за цел да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистина, надевајќи се тие што ги испраќаат тие изјави кои што им ги составил пиар тимот, ако воопшто го имаат, бидејќи сега се чудам каков е тој пиар тим кои што во моментот ги конципира оваа нивна стратешка комуникација. Но во суштина тоа се изјави, за да ова раководство после поразот на следните парламентарни избори се уште остана да биде раководство. Тие немаат стратегија, ниту стратешка комуникација која што има за цел да создаде конструктивна дебата и преку таа конструктивна дебата да понуди нешто во јавноста. Целта е да направи внатрешна мобилизација, колку е тоа возможно повеќе, да остане во живот на следните парламентарни избори, поразот кој што ќе го доживеат, кој што ќе биде поголем од тој во 2024-та и потоа да се обидува преку таа некоја внатрешна кохезија да продолжи да опстојува на политичката сцена. Како го прават тоа? Методолошки преку лажење, преку лажење, па што остане, остане, кој поверува, поверува, тие што нема да поверуваат тоа е, што е. Уште минатата година вие се сеќавате, ширеа таква паника пред крајот на годината, дека готово, Буџетот бил празен, плати немало да се исплаќаат, пензии немало да се исплаќаат, долгот се зголемувал, буџетскиот дефицит се зголемувал и што ли уште не. Дека државата ќе банкротирала, па еве не банкротираше државата, не само што не банкротираше државата, туку напротив државата според сите параметри, еве и според тој извештај кои што вие го споменувате, во регионот е држава за пример. Потоа, се сеќавате, излегоа со оние спектакуларни прес конференции напаѓајќи го договорот за стратешко партнерство на Обединетото Кралство и не убедуваа дека во април месец ќе имало овде мигранти. Април месец, денеска го има својот последен ден. Точно е 30-ти април, четврток, лето Господово 2026-та. Јас мигрант не видов. Мислам, има луѓе кои што транзитираат и така натаму, но таков тип на мигранти за кои што СДСМ опозициската и претседателот на СДСМ излегуваа во јавност, создаваа паника и така натаму. Таков тип на мигранти не видов. Понатаму, кога се случи онаа акција во Платежната агенција и кога се случи оној прекин на ИПАРД фондовите, секој ден прес конференции, готово, не блокира Европа, нема веќе, земјоделците останаа на цедило, продадени, предадени, а при тоа не кажуваа дека од 2020-2021 немаа исплатено субвенции кога ние станавме Влада во 2024. При тоа заборавија да кажат за неисплатените плати во Водостопанство, во Национални шуми, заборавија да кажат дека оставија акумулации со 7% волумен, денеска се речиси полни, тоа заборавија да го кажат, но ќе ви кажат за ИПАРД фондовите, па дури и прес конференција прават и кога човек не ја говори вистината, кога се надева дека со невистина може да добие симпатии, истиот ден демант директно од Брисел. Директно од Европската комисија која што рече дека се ослободуваат ИПАРД фондовите и ја пофали Владата за својата навремена акција, за својата прецизност во акцијата, за отчетноста која што ја покажа и така и зрелоста пред се, и вели од денеска повторно ви се на располагање ИПАРД фондовите. Истиот ден кога претседателот на СДСМ зборуваше за закочени евроинтегративните процеси и така натаму. Па на истата таа прес конференција ќе почне да ликува за Извештајот на Заев, за закочени европски интеграции, дека немало реформи и така натаму. Извештајот на Вајц се извинувам, но истиот тој Вајц, тој ден на национален медиум ќе ги демантира и ќе им каже дека тоа не е точно. Е сега, како они од СДСМ го поимаат терминот откочени европски интеграции. Со промена на име, со откажување од Македонците од другата страна на границата, со премолчување тоа што Македонската заедница во Бугарија не може елементарно човеково право да оствари да се регистрира невладина организација. Со тоа што прифаќа да покрај Копенхашките критериуми во преговарачката рамка бидат вклучени билатерални договори, па и згора на тоа и протоколи каде што основен критериум за напредокот на државата да биде одлучувањето во Историската комисија каде што се разговараат прашања од средниот век. Така тие ги размислуваат европските интеграции и откочениот европски пат. Па ќе ги слушнете тука на еден настан кои што го организираа во рамките на една Собраниска комисија за евро интеграциите од СДСМ, така жестоки ќе кажат, што ви пречи ако Бугарите ги ставиме во Уставот. Па, дали тоа нешто вие ќе изгубите и така натаму. Тоа само говори за длабоката состојба психолошка во која што тие се наоѓаат и затоа да не чудат тие прес конференции кои што тие ги кажуваат. Па еден ќе каже, ја напуштаме Комисијата, за ова што преговараат за изборниот законик, па друг ќе каже ќе го напуштиме Собранието, еве го напуштија, двајца се тука. Додуша едниот што сега влезе, тој кажа ќе го напуштил Собранието, а имав навистина високо мислење за него, ама ете, ме разочарал. Кога ќе видете какви се пораки стигаат од таму и што е тоа што се тоа го зборуваат, јас навистина се чудам, но и сум загрижен. Сум загрижен за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ и можеби би ве советувал вас и вашите колеги, да можеби треба и оние политичари што не обавуваат висока државна позиција да се побара лекарско ако се во раководството на одредени политички партии. Можеби и тоа ќе треба да го направиме, затоа што на овој начин јавноста е сведок на еден, како да кажам, на една кампања и на еден речник кои што не доликува на политичката сцена во Македонија. Но како и да е, јас би сакал да ја предупредам македонската јавност и ова е таква можност дека од таа опозициска партија, зборам за СДСМ, другите не ги гледам тука, еве тројца имаме од СДСМ кои што дојдоа.

Во периодот кои што следи, комуникацијата која што ќе доаѓа од партиската говорница ќе биде исклучиво и само со една цел, а тоа е после поразот на следните парламентарни избори кои што ќе биде појак од тој што е во 2024-та, запишете го ова што го зборувам, да останат и да најдат некакво алиби дека не бил изборниот процес фер, па не било тоа вака, па они биле не знам каде и така натаму. И да не ве зачуди ако и воопшто не учествуваат на тие избори. Ако не ве зачуди и тоа може да се случи. Сега прво и ќе ја напуштат Комисијата за преговори за изборниот законик, па потоа ќе го напуштат Собранието и потоа може да кажат дека нема да учествуваат на избори, нема фер избори. Инаку Техничката влада ќе важи на следните избори и согласно измените од Изборниот законик кои што се направени, односно Законот за Влада, се извинувам, Техничката влада ќе важи за следните избори, значи ќе можат да си номинираат. Но со тоа ризикуваат да ги изгубат сите оние можности кои што им ги нудат Законите во Македонија, членови во Комисиите, членови во Избирачките тела, членови во Избирачките органи, правото на рекламирање и така натаму, членови во Државната изборна комисија и слично. Ако одлучиле тие така да се однесуваат, ние не можеме да им помогнеме, ние треба да се фокусираме на граѓаните. И затоа ова што го зборувам кога ќе кажам дека сум загрижен, јас навистина сум загрижен. И затоа ние мораме да имаме оној механизам кои што самите ќе не коригира ако грешиме, затоа што другата страна не очекувајте зрелост, не очекувајте одговорност, не очекувајте луѓе кои што ќе можат да повлечат, да дадат некои конструктивен предлог и така натаму. Туку напротив, од другата страна имате луѓе кои што длабоко тонат во своето политичко мочуриште и на крајот од денот оставете ги, затоа што на човек не можеш да му дадеш, ако не сака.

Сите пратенички прашања