Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Стојаноски праша за гласањето за амандманот и следните чекори

Резиме

Пратеникот Бојан Стојаноски праша дали Владата има информации кој гласал за или против спорниот амандман во Европскиот парламент и кои се следните чекори.

Премиерот не наведе кој како гласал. Рече дека амандманот со изразите „модерен македонски јазик“ и „модерен македонски идентитет“ бил блокиран во Комитетот за надворешни работи, а извештајот потоа бил усвоен. Тој изјави дека не знае дали амандманот повторно ќе биде поднесен на пленарната седница, најавена за 8 или 9 јули, но дека Владата ќе се бори тој да не биде усвоен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бојан Стојаноски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е кое што, ете, можеби некако воведот во овие пратенички прашања го зазема лидерот на опозицијата, нешто што сметам дека е особено важно, затоа што имам чувство дека постојат луѓе кој што размислуваат слично на нив, кој што сакаат тој наратив и покрај тоа што јавно излеговте и побаравте помош сите кои што имаат било каква конекција во Брисел да лобираат, да се случат работите кои што се случија на АФЕТОТ, но имам чувство дека има луѓе кој што повторно ќе кажам, размислуваат слачно на нив, кој што сакаат да наметнат еден дискурс во јавноста. Па така да, моето прашање би било логично, а тоа е, излегоа информации во јавноста, многу често и тоа се спинува како тема за тоа кој гласал за или против. Дали имате таква информација и логичното прашање е, кој е наредниот чекор од овој момент натака во однос на оваа тема, нешто што сметам дека е суштинскиот интерес на јавноста.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Второто прашање ако добро сум запишал беа случувањата во европскиот Парламент и оваа Резолуција и работната верзија на Извештајот за напредок кој што го поднесе известувачот Вајс итн. Две години немало никаков извештај, на памет не паѓало да се спомене придавката Македонски, не дај Боже тоа да се спомене таму во Извештајот, туку се спремала и се подготвувала кованица северно македонски и сега јас ова што зборувам може да го потврди вашата колешка Соња Мираковска која во тоа време била дел од парламентарната група. Но штета она не е тука за тоа да го потврди. За волја на вистината мобилизација настанува итн. па не проаѓа ни АФЕТ не доаѓа, на Комитетот за надворешна политика, а камоли за нешто друго. Е сега во нашиот случај имаме состојба во која што помина во прва фаза, односно на самиот Комитет АФЕТ, амандман во кој што имаме јасно дефиниран македонски идентитет и јасно дефиниран Македонски јазик кој што беше загрозен, имаше обид да биде загрозен. Како, со тоа што еден пратеник во Европскиот Парламент додаде придавка модерен, модерен македонски јазик и модерен македонски идентитет. Јас не знам што ќе се случува на пленарната седница која што ќе биде 8-9 јули, од прилика тогаш е најавена. Значи за некои две недели од денеска, дали ќе биде повторно поднесен овој амандман, дали ќе биде усвоен ќе се бориме за да не биде усвоен, се разбира. Но факт е дека излезе на површина стратегијата со сета нејзина вистина на нашиот источен сосед, а тоа е креирање на нов топоним, модерен македонски. Дали тој ќе биде поврзан со идентитет, дали тој ќе биде поврзан со јазик, дали тој ќе биде поврзан со националност, не е битно, но факт е дека тоа се случува во главниот град на Европа од страна на некои европратеници во законодавниот дом кој што треба да е највисокото ниво на демократијата и сега на сите им е јасно што е во позадина. Јас бев обвинуван да речеме зошто ние сме ја кренале толку високо оваа тема, не ја кренавме ние. Ние не ги теравме таму пратениците да поднесуваат амандмани со придавката модерен, сегашен, утрешен, вчерашен итн. Тоа само ја покажува целата вистина на инженерингот кој што ни се подготвува и добро е што е оваа Влада за да и се спротивстави, затоа што ако беше претходната Влада тоа ќе си поминеше вака и ќе беа убедени дека добро прават дека водат напред, ќе беа убедени, а во суштина не сфаќаат дека директно влечат назад и директно го уништуваат европскиот пат на државата. Тогаш заедно со дел од колегите ваши овде од Парламентот, со колегите од Владата, со колегите од Кабинетот кај мене влеговме во една и со други луѓе од надвор, влеговме во еден обид да го спречиме ова барем на Комисијата АФЕТ и јас разговарав со многу луѓе и во прва фаза тоа се спречи, се спречи со таканаречен филибастеринг односно тој усно поднесен амандман беше блокиран од друга група на пратеници и потоа се гласаше по Извештајот и тој помина со резултатот како што помина. Тука нема да застанат, тука нема да се сопре, сега повторно ќе биде предмет на разговори и да на пленарната бидејќи тоа го кажаа. Но добро е исто така од тука највисокиот институт законодавниот дом да им испратиме сите заедничка порака дека ако се случи тоа ќе нема поголем удар и за европските вредности но и за европската интеграција не само на нашата земја, туку и на регионот и на Западен Балкан целосно бидејќи ќе се изгуби смислата ако некој прави ваков тип на инженеринг. Тоа е суштината. А, ако се вратиме назад бидејќи слушавме тука дебати, па што има врска дајте да го смениме Уставот, да завршиме работа. Па така беше, па што има врска дајте да го смениме името, еве одиме напред, влечеме со сидрото напред, нема врска, па селфи, авиончето, ваму таму, тераме напред и каде сме. Испоизменивме и знамиња и имиња и промени на Уставот и што не направивме и се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 25 години. Што ни донесе таа политика. Стагнација, да стоиме на истото место каде што бевме пред 25 години. Да не се мрднеме ни милиметар напред, таму не однесе таа политика на попуштање и на што има врска. Нека летаат тендерите, провизиите, па што има врска, трговски центри, чуда, што има врска. Сто стапа по туѓ грб не болат. Е ние сега ја менуваме политиката. Викаме не, ние водиме достоинствена надворешна политика и дипломатија. Што значи тоа достоинствена надворешна политика. Ќе се бориме со аргументите што го имаме. Сега ќе слушнете и во јавноста најдобро е да прекинеме се, да раскинеме се, па што не направите вака, што не направите вака, слушав некои компарации од опозицијата. Па добро бе, ако сте против излезете, не баре се наоѓаме на квиз па треба со да и со не да одговориме. Да политичари од тој ков, така реагираат. Политичари од тој ков така водат дипломатија или дај на маса, а позади маса колку има за мене или пак ако не да бегаме од овде што сега ќе седиме овдека, така размислуваат. Но ние не размислуваме така, ние имаме одговорност. Оваа Влада се однесува одговорно затоа што цени, секој потег го мериме сто пати пред да го повлечеме и не се импресионираме, оти таму на тие дебели црвени килими кога отидете и кога ќе згазнете со 3-4 убави реченици и 17 комплименти мислите дека ќе поверувате дека сте супермен ако немате емотивна интелигенција и искуства во животот и тоа се ќе потпишете и ќе прифатите. Но сега таму доаѓаат друг тип на политичари, сега не доаѓаат политичари кои што ги влече напред сидрото. Сега одат политичари кои што знаат точно што сакаат и како сакаат и кои аргументи ги има и тие луѓе ја претставуваат денеска Македонија таму и интересите на граѓаните, на сите граѓани, затоа што сите граѓани имаат интерес да одат напред и ние велиме сакаме, ние припаѓаме тука, ние ќе останеме тука по овој пат, но овој пат ќе се бориме за нашите вредности и за нашата вистина, нема да се повлекуваме ниту милиметар, затоа што од другата страна ние немаме аргументи. Тоа е аргументот што го слушнавте прееска, прашање на еден, па дајте да смениме ова, па ќе видиме, па после ќе видиме, тоа е аргументот, ние ви гарантираме. Оние истите што ни гарантираа дека ќе имаме европско здравство, истите оние кои што ни гарантираа дека ќе имаме европско образование, истите тие кои што ние гарантираа дека ќе имаме се и сешто, тоа е суштината. Е тоа нема да го има, ниту го имаме, ниту ќе го имаме. Затоа мора да водиме политика која што знае каде не носи и да водиме политика за да ги оствариме нашите стратешки цели, а при тоа да го сочуваме македонското достоинство, со модерни не одиме никаде. За жал тоа е вистината, со модерни Македонци сакаат да не однесат таму, со модерен македонски јазик да не однесат таму. Тоа е суштината, тоа го прифатија политичари кои што не им беше гајле за ништо и политичари кои што немаа поима од ништо. Е денеска ние тоа се трудиме да го исправиме. Благодарам.

Сите пратенички прашања