О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Почитуван пратеник Бојан Стојаноски, второто прашање беше поврзано со изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, Факултетот за Информатички науки и компјутерска технологија и Факултетот за физичка култура, до каде е изградбата и што се случува. А потоа, како второ прашање, содржано во ова прашање, беа 18-те милиона за студентските домови, до каде се и како тече целата оваа процедура. Образованието за нас е приоритет, затоа што не можете да имате силна држава без силно образование, но на почетокот од денешната седница на овие пратенички прашања, министерката Јаневска одговараше на три прашања кои што беа поставени од страна на еден пратеник од Социјалдемократскиот сојуз и мислам дека за примерното и секундарното образование, односно за основното и средното, мислам дека горе-доле работите се сега појасни, после сите овие одговори, што следи, како следи, каква ќе биде процедурата. Но, високото образование од каде што доаѓам јас, доаѓам од еден факултет од инженерската професура, изградбата на инфраструктура за високото образование е многу значајна и генерално, дали станува збор за новиот кампус кој што планираме да го градиме за Универзитетот Мајка Тереза, дали тоа значи изградба на новите згради, односно продолжување на градбата на старо-новите згради на факултетите ФИНКИ и ФФК, дали ќе правиме некој нов технолошки парк кој што ќе биде навистина значаен, за мене како претседател на Владата претставува само додадена вредност. Бидејќи кога вложувате во високо образование, секогаш можете само да добиете, не можете да изгубите. Но, ќе морам да бидам искрен до крај и да кажам кои се моите стравувања. Овие факултети и овие згради ќе бидат изградени. Околу архитектурата, ќе седнеме со студентите ќе се договориме онака како што тие сакаат да биде. Тие нека го дадат предлогот. Решението проектантите ќе го стават на хартија, така ќе го изведеме. Дали тоа ќе биде во постар барок стил, дали ќе биде во нов модерен стил, студентите нека кажат. Тие како сакаат, така ќе биде. Ние нема да наметнуваме да велиме мора вака да биде, мора така да биде. Тоа што е нивен избор, ние ќе го почитуваме. Ако тие речат така, така ќе биде и во консултација со нивните колеги, претпоставувам од архитектура и т.н. ќе изберат некое соодветно решение кое што ние потоа преку проект ќе го преточиме во реалност. Она што мене повеќе ме загрижува е фактот што, пред, исто така пред два-три дена беше и ректорката на Универзитетот Св. Кирил и Методи кај мене, на состанок со деканот на мојот факултет, Машинскиот, и разговаравме и за технолошкиот парк, разговаравме и за предизвиците со кои што се соочуваме, можностите за Шангај листата, што треба да направиме за да влеземе во Шангај листата, во првите илјада, тоа беше наше ветување пред граѓаните и сакаме да видиме како можеме да влеземе барем во првите илјада на таа Шангајска листа. Имаме од прилика одредени претпоставки и одреден пат како треба, тоа сме го разговарале и со министерката Јаневска во многу наврати, што треба да направиме и мислам дека се движиме во правилна насока. Она што мене ме загрижува е што оваа учебна година, тоа е постојната 24-та – 25-та, за жал, матурирале околу 14 илјади матуранти. И сега ако се вратиме 18 години наназад, тоа е некаде годината 2007-2008. Тогаш ќе видиме дека некаде околу 10 илјади луѓе ни се изгубени. И тоа е нешто кое за мене претставува предизвик. 14 илјади матуранти, 10 илјади луѓе ни недостасуваат. 10 илјади млади луѓе ни недостасуваат. Тие што се родени тогаш, пресликани сега. Да речеме, не така одамна, да речеме, добро, во помала конкуренција, во помал број приватни универзитети, итн, Универзитетот Св. Кирил и Методи запишувал 10, 11, 12 илјади студенти, сега едвај пет и се среќни. Едвај 5 илјади и се среќни, велат, оваа година е подобра од претходната. А тие 5 илјади се повеќе од 50% од вкупно запишаните во Македонија. Што значи, ни овие 14 илјади не се запишале сите на високообразовните институции кај нас, дел одлучиле надвор да го продолжат своето образование, а дел и воопшто не го продолжиле своето високо образование. Доколку 5-те илјади на Кирил и Методи се мнозинство, се повеќе од 50%. Тоа значи минимум 4 илјади некаде исчезнале. Ја правевме заеднички оваа математика и ова претставува озбилен загрижувачки параметар. Зошто? Затоа што ако претходната година се родени 16.700 бебиња и ако се проектираме 18 години од денеска и ако повторно недостасуваат 10 илјади матуранти, ние за 18 години од денеска ќе имаме само 6 илјади луѓе кои што ќе бидат потенцијални бруцоши на нашите универзитети. Само 6 илјади потенцијални бруцоши на нашите универзитети. Тука нема етничка припадност да се разбереме, тука нема политичка тука има и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Власи и Роми и Бошњаци и сите останати. И, тоа она кое што за нас треба да претставува мотив за нова парадигма: Каде одиме? И, каде сакаме да стигнеме? И, што правиме со државата? Тоа е главното прашање. Овие згради ќе ги изградиме и „Мајка Тереза“ ќе го изградиме кампусот и уште други ќе изградиме. Се плашам, се плашам да не бидат празни за 10, 15 години од денеска да не бидат празни, да не нема кој да оди таму и да не нема кој да студира таму. Затоа ни е потребно да седнеме сите заедно и да креираме нова парадигма и цел каде сакаме да бидеме од сега за 15, 20, 25 години. И, што сакаме да постигнеме. Затоа што, на безумието мора да му дојде крај. Не е се политика и не е се желба за власт, моќ и т.н. мора да гледаме малку визионерски и каде сакаме да стигнеме но тоа е пред се обврска на младите. На тие кои што денеска се бруцоши. Кога ќе ги прашаме без разлика дали се на „Свети Кирил и Методиј“ дали се на државниот универзитет во Тетово, Штулов, „Гоце Делчев“, „Климент Охридски„, Битола или на некој друг универзитет без разлика приватен или не. Треба нив да ги прашаме. Како мислат и каде мислат да си ја видат својата татковина за 18 години од денеска кога ќе дојде некоја нова генерација која што ќе биде и од нив помалку бројна. Претпоставувам најголемиот дел од нас ќе бидеме пред пензија или веќе во пензија, некои ваши колеги може и како пратеници да се пензионираат но суштина сакам да кажа дека ние треба да размислиме каде сакаме да одиме и тоа е основата која што ние ја размислуваме како Влада. Ова е голем и по опфатен процес и тој процес ќе треба сите ние заеднички да го креираме и сите заеднички да се бориме за тоа. Јас знам дека со професорката Јаневска често коментираме и би рекол скокотливи теми и теми кои што се во дадена мера и провокативни. Јас често пати ја имам дилемата, еве сега после зголемувањето на платите во високото образование каде што морам да кажам еве јас сум еден од тие редовни професори веќе платите дојдоа, овогодинешното зголемување ќе дојдат и до плата поголема и да речеме од пратеничката 120, 130 илјади денари. Да видиме што добива државата и младите од сето тоа. Колку трудови пишуваме. Каде се тие трудови идексирани. Дали ние кога ќе дојдеме до титула редовен професор завршуваме со нашата надградба и тоа ни е доволно. Дали можеби треба да продолжиме и понатаму. Дали во реформата во високот образование треба да има втор па трет конечен реизбор за редовен професор да не. Дали мора во суштина сите да бидеме во еден момент редовни професори можеби и некој сака цел живот доцент да биде. Не мора да биде редовен професор. Дајте ова се да го отвориме и да размислуваме, да видиме каде се движиме и која е парадигмата кон која што треба да се стремиме затоа што, без високо образование немаме ништо.
Дополнителен одговор Почитуван пратеник Бојан Стојаноски, енергетиката е секогаш тема која што привлекувала внимание и тема која што би рекол е светска не е само наша државна или регионална туку е и светска тема и навистина е пресушен мој мотив да зборувам на оваа тема бидејќи мислам дека без енергетска независност и стабилност не можеме ние да ја развиваме државата бидејќи не можеме да обезбедиме ресурс за економија. Ако немате стабилна економија немате приливи во Буџет нема субвенции за земјоделци, нема повисоки плати за образование, нема повисоко плати ниту за МВР ниту за одбрана, нема повисоки пензии, нема ништо. Затоа е многу важно да имаме енергетска стабилност и состојба во која што ќе обезбедуваме надеж како што вие кажавте и за младите. Затоа што, кога тие ќе почувствуваат и ќе видат дека некој има план, има визија тогаш и тие се чувствуваат посигурни. Што е она кое што во оваа година ќе го правиме. Јас нема да кажам што наследивме, наследивме во ЕСМ поранешно ЕЛЕМ околу 5 милијарди денари долгови кои што во тој момент кога ја формиравме Владата беа јасни. Таа бројка порасна до околу 6 милијарди денари потоа втора работа која што ја наследивме беше хаосот во МЕПСО односно високо напонскиот систем оператор. И, трета работа која што ја наследивме беше тендер за интерконекторот, гасниот интерконектор со Грција со кој што постоеше опасност да биде откажано финансирањето и кредитирањето од страна на европските кредитодаватели односно мислам дека тука беше Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. Тие отприлика две правеа синдикат за да го финансираат овој проект. Кредит вреден 100 милиони евра, се сеќавате во претходниот состав на Парламентот тој кредит беше тука пред парламентарците. И, цените кои што тогаш беа на тој тендер беа околу 75, 78, 95, 98 милиони евра од фирмите кои што понудувале. Но, поради некои недоследности во тендерската документација постоеше опасност да сето тоа биде откажано и да сето тоа биде загрозено. Е, сега јас ќе тргнам од овој проект и ќе одам кон првичната теза. На брза трака се поништи тој процес, со наша интервенција и би рекол деноноќни преговори со замеодавателите успеавме уште еднашка да го повториме финансирањето бидејќи знаете тие гасни проекти веќе не финансираат да го објавиме тендерот да се пријават компании и чудо сите стравуваме од повисока цена нели, години се поминати, материјалите се поскапени, се поразлично од тоа што било пред 2, 3 години. За чудо добивме замислете ни помалку ни повеќе за 12 милиони евра поевтина цена на евтината. За 12 милиони евра. Ова милиониве се како јас не знам што се случувало но ние сега, јас навистина не можам да поверувам. Ваму 100, ваму 12, ваму 50. Јас не знам ова што се случувало. Што? Дали некој водел сметка? Замислете добивме поевтина понуда 12 милиони евра 3 години потоа кога логично е да очекувате да добиете 12 милиони поскапа цена. И, сега збунети се сега. Банкиве викаат: Чекај сега, што е работава? Од каде вака? Како вака наеднаш 12 милиони евра нешто претходно ама сега нема знаете на што мислам. Да. Знаете. Како до сега нема. И, затоа добивме и очекувам оваа недела конечно да се произнесе банката бидејќи завршена е евалуацијата, се завршено, очекувам оваа недела банката да се произнесе и конечно да не информира и здравје Боже таму на пролет да почнеме со јужниот интерконектор со Грција и дозволете да ве информирам дека на владина седница го испративме како приоритетен како дел од финансирањето за планот за раст, проектот за северниот интерконектор со Србија. Со што практично ние стануваме транзитен коридор. Коридорот станува транзитен. Веќе Александрополи терминалот е поврзан со Централна Европа веќе ние сме фактор.
Ако сега бевме слепо црево со една отсечка преку Жидилово од каде што земавме исклучиво на едно место гас сега веќе имаме транзитен коридор а на билатералната средба во Косово разговарав и со премиерот Курти и тие се подготвени да добијат една отсечка од тука до Косово за да и тие да го трансформираат своето производство од условно кажано нечиста технологија јаглен, во чиста технологија гас. Бидејќи планот за раст на тоа ги обврзува и тука може перспективно да се пушти една отсечка. Значи, ние од тотално небитни стануваме наеднаш многу важни со изградбата на овие два гасни интерконектори. Од тотално небитни. И, тука да не потценуваме и моментот за продуктоводот којшто исто така, може да пренесува гас сега на времето пренесуваше нафта а тоа е нафтоводот кој што доаѓа до рафинерија Окта односно малку погоре има отсечка до селото Арачиново можеме да го кренеме нагоре и да биде озбилно поврзување со Централна Европа и не само да бидеме гасно транзитна држава туку и да имаме уште еден енергенс а тоа е нафтата или нафтените деривати. Ете тоа е што се однесува до таа работа. Во Битола во консолидиравме снабдувањето со јаглен, цените да не ви кажувам дека од 15% до 20% се намалени споредено со тоа што беше во минатото. Сега веќе тон јаглен не се увезува за 63, 65 евра по тон туку по 52, 53 евра, не се копа по баснословни цени, 15%, 20%, 30% се поевтини и т.н. цената за граѓаните да ве потсетам на електричната енергија и покрај сите стравувања и грижи на опозицијата остана иста не се покачи. Што е чудо бидејќи секаде во регионот за 10%, 15% се зголемуваше цената за граѓаните ниту на 1ви јули ниту сега на 1ви јануари се зголеми цената таа остана иста со што останавме лојални на политиката дека стандардот на граѓаните ни е пред и над се. Понатаму, во делот на високо преносната мрежа се сеќавате на оној познат проект кој што требаше да го поврзе Битола со Елбасан преку Охрид далновод 400 киловолтен бидејќи и со Србија и со Бугарија и со Грација и со Косово сме поврзани, ни остануваше уште Албанија, таму мислам дека збунети се дури и од Обвинителството и од финансиската полиција не можат крај да најдат што се случувало, не можат крај да најдат. Има една позната градежна фирма од Охрид која што ископала дупки, ги донела материјалите ги фрлила на едно место тие се сега пропаднати и наплатила 50% од проектот, сега да не именувам фирмата не е добро во интерес на истрагата се надевам дека, мислам дека на сите ни е јасно посебно на пратениците кои што доаѓаат од регионот на Охрид и Струга им е јасно за која компанија и која градежна жестоко градежна капацитативна фирма во времето на ДУИ и СДСМ ги добиваше тие работи. Е, тој тендер се поништи сега сме во фаза да го објавиме на ново, да избереме нов изведувач и конечно да ја поврземе и таа магистрала која што ќе не поврзе со Албанија. И, последна тема бидејќи немам толку многу време. Би сакал и ова го напоменам. Бидејќи денеска добив информација дека од страна на порано владејачката СДСМ се извинувам сега опозициската СДСМ се иницира парламентарна дебата околу квалитетот на воздухот во Скопје. Би сакал јас да бидам присутен на таа дебата. И, да зборуваме што е поддржано од политичката партија Левица. Што направи СДСМ изминативе 7 години? И, што направи политичката партија Левица во Скопје за овие 4 години од како во Советите во делот на прочистување на воздухот во градот Скопје? Како тоа се функционираше? Кои се проектите што ги изгласаа? Кои се проектите кои ги реализираа? А, што правиме ние. Една работа треба сите да знаат дека воздухот се чисти само на еден начин а тоа е доколку успееме да обезбедиме начин поинаков од сегашниот на затоплување на домовите на граѓаните. А, граѓаните немаат избор, граѓаните сега мораат да ги затоплат своите домови и при тоа користат фосилни горива, нашата задача на која што работиме и многу скоро денеска ќе излеземе со јасен план како ќе успееме да обезбедиме енергенс со кој што и ќе ја штитиме средината и ќе ги топлиме…