Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Стојаноски праша за економските мерки и нивните ефекти

Резиме

Пратеникот Бојан Стојаноски побара Владата да објасни кои економски мерки ги презема и какви ефекти имаат, посочувајќи дека животниот стандард треба да биде во фокусот.

Во одговорот, Владата зборуваше за цените на горивата во споредба со регионот, континуираното снабдување и влијанието врз буџетот. Претставникот на Владата наведе и дека реалниот БДП растел 3,5 отсто шест квартали по ред, како и свои оценки за куповната моќ и јавниот долг. Одговорот не ги наброја детално конкретните економски мерки. Критиките кон претходните влади и нивното задолжување беа изнесени од одговарачот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бојан Стојаноски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Идеме сега на второто соопштение од денеска исто така од СДСМ. Можете да го најдете на партиската веб страна, на партиската фан страна на Фејсбук и со оглед дека нема кој да ве праша, еве јас ќе ве прашам бидејќи тие сите што се актуелни прашања не ги поставуваат. Мене ме интересира од аспект на економската ситуација бидејќи ова што тие го прават си е нивна работа, тоа е апстрактно, тоа ќе исчезне, тоа ќе заврши, никој повеќе на тоа нема да се сеќава, важно е што ќе остане за граѓаните, а со оглед дека како гарнитура политичка сме силно фокусирани на тоа и без разлика на тоа што некои од тие сакаат тоа да го исмеат, да го намалат резултатот или да го намалат концептот на нашата економска политика, а повторно ете не можеа да се види колку ги има тука за да го спорат тоа и да го нели аргументираат спротивно. Знаеме добро светот во каква ситуација од аспект на геополитиката, знаеме какви економски предизвици има. Драго ми е мислам дека вчера се одржи една презентација на Годишниот извештај на Светската банка. Кој што го интересира и кој што е добронамерник може да го прочита па да види добро како стои Македонија од аспект на економските состојби дали било јавниот долг, дали било растот на бруто домашниот производ итн. реализацијата на инфраструктурата од аспект на регионален контекст. Гледаме дека оние генијалци кои порано наместо вицепремиери за координации помеѓу економски ресори наместо да ни кажуваат како да ја раснеме економијата, ни даваа нутриционистички совети зошто го покачуваат данокот, па дека чипсот бил здрав или нездрав или што сме требале ние по дома да јадеме. Додека тој претходниот нели се полеваше со бензин и се запалуваше самиот, така да прашањето ми е во насока на економските мерки кои што оваа Влада ги презема. Сметам дека е добро да се дообјасни, така да, би ве запрашал, дали можете да ни дообјасните детално, кои мерки оваа Влада ги презема и кои се ефектите од истите. Тоа ми е третото прашање, затоа што сметам дека на крајот од денот животниот стандард треба да биде во фокусот на сите оние кои што се занимаваат со политики и знам дека еден од најважните клучни приоритети кон нас. Ете се надевам, упатувам порака до колегите кои што се можеби надвор од оваа врата, влезете во сала, поставете прашања, слушнете го тоа што има да ви го каже премиерот или министрите. И само да го завршам говорот како што го почнав, ако пратеничките прашања во Република Македонија станаа планетарно интересен феномен за оние кои што се конституирани, не доаѓаат да прашуваат, на едно од претходните седници,, при еден таков добиен одговор од страна на вицепремиерот и министерот за транспорт, тука веќе ни се заканија и со физичка пресметка ако сме продолжиле да поставуваме одредени прашања.

Така да, тука би кажал, дијапазонот на однесување од една до друга страна, а за тоа мислам дека, ете видовме во пиар тимот на СДСМ или во стратешкиот тим на СДСМ, некои кои што можеби ја заменил улогата на правосмукалка, па можеби веројатно под дејство на такви супстанци се случуваат и вакви однесувања како сега во Собранието. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник третото прашање е за економската состојба и мерките кои што ги превзема Владата за справување со кризата. Прво сакам да кажам дека, а тоа е факт, и тоа не го кажувам јас тоа го кажа Фатих Бирол кој што доаѓа од светската енергетска агенција многу јасно кажа дека оваа криза денеска по својот интензитет и опфат е многу поголема од кризите две енергетски во седумдесеттите години од минатиот век и кризата откако се случи рускиот напад врз Украина заедно. Не поединечно, туку овие три кризи заедно имаат помал ефект и опфат, споредено со оваа криза денеска која што нас денеска ни се случува. тоа што значи? Тоа значи дека ние имаме сериозен предизвик и какао Влада, но и како луѓе кои што се грижат за стандардот и иднината на граѓаните во Македонија. Два месеци трае и различни се осцилациите во зависност од одредени изјави. Од цена која што е нешто над 80 долари за барел, па се до цена имавме пред некој саат би рекол, не веќе пред некој ден, туку пред неколку часа го имавме најголемиот пик на европскиот бренд кој што отиде до 123, до 125 долари за барел. И сега ако вие го вратите времето не повеќе во седумдесеттите, туку ако го вратите времето во 2022 и денеска ќе добиете две различни големини. Лага е, бидејќи го слушав поранешниот премиер, дека и тогаш и сега сме имале најевтина цена на бензините и на дизелот. Не е точно. Тоа не е точно. Сега имаме, да, во регионот имаме најниска цена на дизелот и на бензините. Излегува германскиот канцелар пред два дена и вели Германците мора да бидат свесни дека дојде крајот на комотниот живот, заврши. Во соседството сите велат дека тешко е, се троши Буџетот, капацитетите на Буџетот се трошат, лоша е состојбата и така натаму. Ниту еднашка не излеговме во јавност овие два месеци да лееме солзи. Рековме така е, тешка е работата, но нема да очајуваме и ќе се бориме. И најдовме начин да се бориме, а при тоа Буџетот да не биде премногу афектиран, а сепак да имаме најниски горива убедливо во регионот и да им помогнеме на граѓаните во соседните земји. Да се реваншираме на некои од соседните земји кои нас ни помагаа кога некоја друга Влада беше овде, кога правевме спектакли на граница, кога се радуваме на неколку стотини завои, гази, маски и така натаму и така натаму. еве ние како Влада да се реваншираме за тоа време и да кажеме благодарност за граѓаните од тие земји кои што сега можат да точат гориво на бензинските пумпи во Македонија по цена која што е по 30-40% отколку цената на горивата во нивните земји. И тоа е добро и ние да се радуваме треба. Затоа што сме фактор на стабилност, затоа што немаме ценовни шокови и затоа што имаме цело време континуирано стабилно снабдување на нафта и нафтени деривати. И ниту еднаш не излеговме ниту ја, ниту било кој од колегите од Влада да лелее солзи, да кука, да кажува колку му е тешко. Туку напротив, тешко е, но ќе се бориме и нема очајуваме и така ќе продолжиме.

Поврзано со економската состојба секогаш кога се зборува треба да се има предвид споредбата со нешто. Затоа што кога ќе прави некој споредба, бидејќи често пати ги слушам од опозицијата велат да, имаме најниски горива, ама со нашата просечна плата колку литра ние купуваме, а колку купуваат во Германија, во Франција, во Италија и така натаму. Така е, така е, тие купуваат повеќе, но дали и таа разлика од некогашните 1500 литра со некогашните во Македонија 500 литра куповна моќ согласно просечната плата е зголемена, па сега таму има 2000,а кај нас е да речеме 250. Или пак нивните 1500 дошле на 1000, а нашите 500 дошле на 750. Дали таа разлика се намалила? Да, се намалила 30 до 50% од држава до држава. Тоа е суштината. Вие морате да правите споредба со нешто. Компаративна анализа. Да, точно е. Ние не можеме за две години да го стигнеме стандардот на Франција, на Италија, на Австрија, на Чешка, на Грција итн, не можеме. Но дали е таа разлика намалена? Намалена е. Од 30 до 50% и тоа се работи кои се факти. Ова не е дел од... и тоа можам емпириски да го докажам. Тоа не е дел од мојата фантазија. Одиме понатаму. Ајде макроекономијата да ја гледаме. БДП, бруто домашниот производ оваа Влада 6 квартали по ред 3,5% расте реален. Претходната Влада 25-26 квартали по ред 1,8. Ќе речат да, ама тоа е долг период, имаше корона криза 2022. Добро, ајде вашите први 6 квартали пак 1,8. Еве од третиот квартал од 2018 заклучно со четвртиот квартал од 2018. Немаше корона, немаше руски напад и војна во Украина. Еве тие први квартали ќе ги споредуваме со овие 6 квартали. Во услови кога Европа расте 2% они имаат 1,8. Сега еве порастот е под 1, ние имаме 3,5%. Ова се емпирија, ова е бројка. Ова не е дека јас нешто измислувам или фантазирам. Кога е најголемиот буџетски дефицит? И кога е најголемиот долг? Бидејќи ги гледам велат поставуваат дилема да, вие ги враќате нашите долгови, ние враќавме нечии други долгови, па некоја друга Влада ќе ги враќа вашите долгови. 10% е зголемен долгот во 2021 година. 10% е зголемен долгот и буџетскиот дефицит. Зошто? И 20-тата, затоа што тогаш на Влада си носеа одлуки со сила на закон. Затоа што тие уредби што тогашниот претседател ги потпишуваше уште стојат тука некаде во собранискава процедура и треба да се произнесат пратениците што правиме со тие уредби. Затоа што тие уредби на оваа Влада која што ја водеше господинот Спасовски како технички премиер и овозможија да носи уредби со сила на закон. И тогаш се случи нај бруталниот поткуп во поновата историја на македонската политичка сцена на избори. Се носеа уредби по 20, по 30 илјади денари се задолжуваше не родената генерација во Македонија само за да се спасат на изборите во 2020 година. Па не затвараа дома додека тие носеа пакети, па со пакетите уште нешто. Потоа законски преку тие уредби со сила на закон го спакуваа, додека не беа окупирани со креирање на тендери за модуларни болници, го спакуваа и го испорачаа како помош за студенти, за пензионери, за афектирани граѓани. Тогаш се задолжи државата за историски 10% од својот бруто домашниот производ. И тогаш се зголеми буџетскиот дефицит. Зошто? Само со една цел да се украдат изборите по било која цена неводејќи сметка дека на тој начин ги задолжуваат неродените генерации. Да, точно е, ние дел од долговите ги враќаме и на некоја Влада од некогаш. Ама најголемите долгови што ги враќаме се од нив, од нивните влади. И ќе продолжиме да ги враќаме затоа што ние водиме одговорна политика и на тој начин ќе се однесуваме кон граѓаните и кон државата. Затоа што ние ги почитуваме граѓаните, а ја сакаме Македонија. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања