Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за затворањето на паралелка, Јаневска се повика на реонизацијата

Резиме

Дијана Тоска ја праша министерката за образование Весна Јаневска дали ќе ја преиспита одлуката за затворање на петтата паралелка во прво одделение на албански јазик во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ и кога било поднесено барањето. Тоска рече дека има доволно ученици и ги оспори правилата за упис, посочувајќи дека деца од соседна улица биле упатени во друго училиште, а во „Пенко“ имало паралелки со мал број ученици.

Јаневска одговори дека паралелката не е укината, туку дека, според неа, нема доволно ученици за петта паралелка. Таа рече дека учениците треба да се запишат во училиште во општината на која ѝ припаѓаат според реонизацијата, дека таму може да се отвори паралелка и да се вработат наставници, но дека нема да се прекрши законот. Јаневска ги оспори и податоците на Тоска за бројот на ученици во паралелките.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 11 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ќе почнам со првото прашање, кое се поставува до министерката за образование госпоѓа Весна Јаневска. За едно прашање кое треба да се следи и од заменик министерот и до градоначалникот на општина Бутел, во врска со скандалот што се случи во школото „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел. Моето прашање директно е, почитувана министерке дали ќе ја преиспитате одлуката за затварање на петата паралелка во прво одделение на албански јазик во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ и дали ќе гарантираат нејзино повторно отворање имајќи предвид дека постои доволен број ученици за пет паралелки. И уште едно прашање во меѓувреме, кога е поставено барањето до Министерство за образование и наука за затварање на оваа паралелка за учебната година 2026/2027. Имаме информации дека паралелката била планирана да се затвори уште пред да заврши уписот на учениците. Родителите беа оставени во не извесност со месеци од мај до септември барајќи одговори и решенија. Дали знаете каква грешка направивте. Одреден број деца не го доживеаја првиот училиштен ден како сите други нивни врсници. А по први септември родителите беа принудени да бараат друго решение и да ги запишуваат децата во други училишта многу подалеку. Образложението било дека децата кои сакаат да се запишат во тоа школо припаѓаат на општина Чаир и затоа не може да се запишат. Замислете тие згради каде живеат тие семејства кои што ги има тие деца тие живеат само една улица подалеку. Ни две минути пешки од школото. Дали е нормално, едно дете да биде принудено да оди во училиште многу подалеку, значи многу подалеку од таму кај што живее, а најблиското училиште му е само на една улица. амандман кога е принципот на реонизација тогаш имаме уште една друга контрадикторност. По реакциите на родителите беше кажано дека на децата од општина Чаир ќе им се даде предност до колку има брат или сестра запишани во Пенко. Зошто, каква, зошто се криви децата кои што се само едно дете и не можат да се запишат за тоа што немаат брат или сестра кои што учат во тоа училиште. За каква законска основа се прави ова, која педагошка основа се прави оваа разлика. Рангиравте исто така дека децата треба да одат дома и да бараат сестра или брат од своите родители. Какво барање е ова министерке? Што изјавивте пред неколку недели и во семејното планирање ќе се измешате? И тоа ќе побарате од луѓето. Но, извинете кои сте вие или кои било за некому на некој парк да му диктира семејно планирање. Кој? Никој. Имаме во Пенков паралелки на македонски јазик кои што функционираат само неколку ученици, 4, 5 максимално 10. Дури во една паралелка имало само 4 ученика и тоа само машки. Што ќе правиме со тие паралелки? Ќе имаме исти стандарди со албанските паралелки кај што не дозволувате да има паралелка каде што има минимум 20 деца кои што треба да учат таму. Ако правите, ако имате ист стандард за сите деца тогаш паралелките на македонски јазик кои што има од 4, 5 и 10 деца да ги споите во една паралелка. Но, вие ова не го направивте. Има и последици од оваа одлука кое се однесува до Пенко. Со затварањето на паралелката имаме еден наставник по малку во одделенската настава. Наставникот по физичко и образование губи три часа неделно, а наставникот по англиски јазик губи од 2 до 3 часа неделно. Во следните години се намалува и фондот за наставниците по македонски јазик, природни науки и техничко образование. Министерке, ние бараме ист стандард за сите деца. Да не дозволиме едно дете кои што живее една улица подалеку од училиштето да оди многу подалеку, а во истото училиште има паралелки со 4 или 5 ученици. Бараме правилата да се исти за сите, затоа јасно одговарајте, а не како што ви е обичај кога ви се поставуваат прашање да одговарате со иронија, бидејќи тука треба да сносите пред Собранието, а не да ги иронизирате прашањата на пратениците.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 11 септември 2026 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке, во училиштето „Петар Здравковски Пенко“ нема скандал. Скандал е што вие како пратеник во ова Собрание кои гласате Закони барате јавно пред целата јавност македонска, пред вашите колеги да се крши Закон. Барате да се прекрши Закон, барате ученици од една општина да одат во училиште во друга општина иако вие сте ги гласале Законите за основно, средно и сите други закони. И знаете дека постои реонизација. Податоците кои ги изнесовте за учениците Македонци 4 во паралелка итн. не се точни. Почитувана пратеничке јас не ги делам учениците по етничка припадност, почитувана пратеничке јас не гледам образовни политики за Македонци и Албанци, јас водам образовни политики за сите наши деца во нашата држава. Можете да побарате информација од градоначалникот, од директорот за бројот на ученици и ќе го добиете и за распределбата. Да, таму има комбинирани паралелки што за жал се уште постои во нашата држава, но ете таква е ситуацијава. Не е укината паралелка, нема ученици за пета паралелка. Тие што вие велите дека треба да бидат во тоа училиште треба да одат во училиштето мислам дека се вика „Исмаил Кемали“ поранешно „Никола Вапцаров“. И на 400 метри е од улицата. Можеби го грешам името на училиштето, на 400 метри е од училиштето, од улицата. Значи, сакаат да ја преминат улицата, да одат во друга општина. Т.е. вие сакате, они не сакаат, таму нема никаков проблем, вие сакате да направите проблем наместо децата да одат 400 метри во училиштето ќе им припаѓа. Јавно кажавме дека таму ако нема доволно наставници ќе вработиме наставници. Ама Законот нема да го прекршиме. Треба наставници во тоа училиште како и да се вика, треба да се отвори уште една паралелка, нема никаков проблем. Утре ќе дадеме согласност ќе им отвориме паралелка ќе вработиме наставници ама Закон нема да кршиме. Не знам кое е тоа стекнато право, имам еден пријател кој вака вели, сите ние сакаме ред ама редот да не важи за мене. Да важи за сите други, а декларативно се ќе делиме. Да, треба да се почитува Законот, да треба ред да има во државата, да треба да се почитува сејф сите. Ама се тоа да важи за другите ама не за мене. Е ќе важи и за пратениците, ќе важи и за министрите. Оти Закон е за сите граѓани на една земја. Така се воведува ред. Е, сега за братчето и сестричето. Да, верувам дека градоначалникот направил отстапка од нај хумани причини и току за да покаже и тој дека не одлучува по етнички принцип. Не одлучува и тоа е усталена пракса која вие сте ја вовеле во минатото, власта на СДСМ и ДУИ. Јас велам можеби е хумано да не ги раздвојуваме децата и тоа е усталена пракса и во правото, јас не разбирам еве министерот е тука. Има нешто што се вика уставена пракса и што може и треба да се спроведува затоа што, е доказ дека не се постапува по етнички принцип. Затоа што, е доказ дека не се делат децата по етнички принцип. И, јас ве молам, како човек кој треба да се грижи за законите и кој треба да води сметка да се префрлите на другата стана и да побарате од населението да ги почитува законите оти хаосот предизвикува проблеми, не редот. Редот е тој што ќе овозможи во оваа држава, јас пак ќе се задржам на мојот ресор. Децата да добијат поквалитетно знаење. Тоа е приоритет во оваа држава. Квалитетно знаење на учениците и на студентите, квалитетни стручњаци на пазарот на труд. Тоа носи економија, тоа носи богатство. Се што барате надвор од Законот ќе не однесе во пропаст. Ви благодарам почитувана пратеничке.

Сите пратенички прашања