Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството вели дека кандидатите го полагаат правосудниот испит

Резиме

Пратеникот Оливер Спасовски праша дали Министерството за правда обезбедило простор за полагање на правосудниот испит и дали Комисијата за испитот функционира. Тој се повика на претходен одговор дека недостигот од простор го одложувал испитот и наведе дека Комисијата била формирана на 26 март 2026 година, по што, според неговото прашање, следувала оставка на еден член.

Министерството одговори дека просторните услови биле предизвик и дека се договорило со судовите испитите да се полагаат во апелацискиот и управниот суд. Според институцијата, пријавените кандидати веќе полагаат, а договорот бил постигнат за помалку од еден месец. Министерството додаде дека треба да се постави прашањето зошто со години не бил обезбеден соодветен простор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање се однесува за една тема која што ја поставив минатиот пат на пратенички прашања на 26.03.26 година. вие не бевте тука, беше земникот министер. Прашањето беше, дали се спроведува испитот за правосуден испит или заради тоа што нема Комисија според мои сознанија испитот не е спроведен. Тогаш добив одговор од господинот Дереван како заменик министер за правда, дека воопшто не станува збор за тоа дека нема Комисија туку цитирам, пролонгирањето на полагањето на правосудниот испит е поради тие причини што немаме обезбедено простор во кој што треба да се полагаат овие испити, а Комисијата е формирана. Бидејќи добив одговор дека Комисијата е формирана, веднаш истиот ден ви поставив писмено пратеничко прашање, дали е формирана Комисијата и кога е формирана таа Комисија. И благодарам, бевте ажурни некаде на 08 април ни давате одговор и викате. Да, формирана е Комисијата за полагање на правосуден испит и тоа на 26 март 2026 година. Во моментот кога јас прашувам за Комисијата вие формирате Комисија потпишувате решение и ме известувате дека веднаш после тоа сте имале оставка еден од членовите на Комисијата па понатаму мора да ја смените Комисијата итн., итн. Факт е дека информациите ги немате споделено со заменикот министер или не е во тек со работите. Сега ве прашувам дали обезбедивте простор бидејќи тоа било најголемиот проблем и дали конечно Комисијата функционира за да можат тие луѓе кои што сакаат да полагаат правосуден испит да го остварат тоа право. Ова не зависи нити од концепти, нити од промена на Закон, нити оф реформи, од ништо. Ова зависи од волја на министерот Филков за тоа како ќе се однесува. Дали искрено ќе одговори пред пратениците или нема да одговори искрено во делот на овие прашања.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам потпретседателке. Почитувани пратеници, ќе се обидам да ви одговорам на веќе дадениот одговор кои што и сами кажавте ви го доставивме неколку дена од кога го добивме преку службите. Нема никаков проблем со полагањето на испитот, освен оној за кои што треба да се постави вистинското прашање денеска е, зашто во ниедна Влада до сега не беа обезбедени просторни услови за полагање на правосудниот испит. Поради тој предизвик ние како Министерство за правда моравме да обезбедиме и да преговараме со судовите дал се полага усмен испит во апелација, писмен во апелација, усмен во управен. И за тоа да го овозможиме ни требаше не полн месец дена. Од кога го договоривме пријавените си полагаат во најдобар ред. Прашањето што денеска треба да се постави и она што го должите вие на граѓаните, а како одговор да го дадете е зашто се чекаше толку години за да се обезбеди простор соодветен за да може кандидатите да полагаат. Благодарам.

Сите пратенички прашања