Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Спасовски праша за одложувањето на правосудниот испит

Резиме

Оливер Спасовски праша зошто не е формирана комисијата за правосудниот испит и дали кандидатите ќе можат да полагаат во април. Тој рече дека според неговите информации испитот бил одложен поради неисполнети технички услови и праша дали се преземаат кадровски решенија за формирање на комисијата.

Заменик-министерот за правда одговори дека комисијата е формирана од министерот и дека февруарската сесија не е откажана, туку одложена за април. Како причини за одложувањето ги наведе проблемите со просторните услови и слабости во претходното спроведување на испитот, а најави и ревизија на програмата и промени во критериумите и стандардите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање кое што сакам да го поставам се однесува за Министерството за правда и гледам дека немаме овде, а имаме заменик министерот е тука, се извинувам, а се однесува во однос на полагањето на правосудниот испит. Знаете дека согласно Закон за правосуден испит постојат неколку сесии, февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска испитна сесија. Досега според моите информации не е формирана Комисијата за полагањето на правосудниот испит, многу од кандидатите, млади правници кои што трошат и време и енергија и пари, патување до Скопје и така натаму, очекуваат можност за полагање на овој правосуден испит. Морам да кажам дека на 16.03.26-та година, министерот Филков во едно долго известување од две реченици укажува дека нема да се одржуваат полагањето на правосудните испити заради неисполнување на технички услови. Знаете, за техничките услови потребни се две простории, потребна е Комисија која што треба да биде формирана. Зошто тоа не е направено досега? Дали постојат некакви калкулации во однос на кадарските решенија кои што се во делот на оваа Комисија за полагањето на испитот и дали повторно се праќа пораката до сите овие млади правници кои што се подготвувале за испитот во февруари, дека истото ќе ги чека и во април. Со оглед на тоа дека рокот за пријавувањето на испитот за во април веќе е поминат, знаете дека полагањето треба да биде од 01 до 20 април, ако не е формирана Комисијата, дали повторно уште едно долго соопштение од две реченици ќе каже министерот Филков дека сега не може да формирам комисија и повторно нема да полагате. Значи ова е спротивно на Законот за правосуден испит кој што овој Законодавен дом го има донесено.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Заменик министер за правда Благодарам претседателе. Почитуван премиер, почитувани претставници од Владата, почитувани пратеници, благодарам за поставеното прашање. Морам најпрво да го демантирам тоа дека не е формирана Комисијата за полагање на правосуден испит. Комисијата за полагање на правосуден испит е формирана од страна на министерот за правда. При формирање е запазено принципот на транспарентност на задржување на квалитетот, стручност во процесот на полагање на правосудниот испит. Точно е тоа дека имавме оправдано пролонгирање, меѓутоа тоа се должеше на детектираните слабости во процесот на полагање на правосудниот испит во минатите години. Ние имаме сериозни аргументи и докази дека во изминатиот период го полагале лица дури на високи државни функции и членови на нивните семејства кои не ги исполнуваат ни законски пропишаните услови за да го полагаат правосудниот испит. Не загрижува и процентот на кандидатите кои го положиле правосудниот испит од пријавените кандидати. Станува збор за процент од над 90% во изминатите 5 години што го доведува во прашање квалитетот на целиот тој процес на спроведување на испитот, особено ако знаеме дека поседувањето на уверението за положен правосуден испит е услов за да биде избран на било каква виска правосудна функција. Со таквиот начин на полагање на испитот го намалуваме квалитетот воопшто во функционирањето на целиот правосуден систем од обвинителство до судство и останатите институции. Морам да напоменам дека имавме проблем и околу просторните услови и тоа не е нешто што е од ден денес, со децении се провлекува тој проблем. Кандидатите за полагање на правосудниот испит и испитните сесии ги одржува во различни судови, административни згради затоа што не постоеја просторни услови во Министерство за правда. Пролонгирањето на полагањето на правосудниот испит е поради тие причини и е со цел да се обезбеди по објективен, по стручен, по транспарентен процес на полагање. Во идниот период сесијата која што да повторам не е откажана, туку е одложена. Сите оние кандидати кои имаа пријавено да го полагаат испитот во февруарската сесија тоа право ќе им биде овозможено во следниот месец април. Значи тие не го губат правото да го полагаат испитот и сите права ќе им бидат овозможени во следниот период. Беше предмет искрено да кажам и ревизија на програмата за полагање на правосудниот испит токму поради истите причини кои што ги наведов претходно. Се формира и комисија во рамки на Министерство за правда кое што ќе го спроведува тој административен процес и во иднина правосудниот испит ќе се продолжи да се полага во законски пропишаните рокови, меѓутоа по едни други критериуми, по едни други стандарди и тоа се во интерес на граѓаните, во интерес на правосудството во државата. Благодарам.

Сите пратенички прашања