Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Спасовски праша за намалување на цената на зелениот картон

Резиме

Оливер Спасовски праша дали Владата и Министерството за финансии планираат да ја намалат цената на зелената карта, посочувајќи дека, според него, таа е значително повисока отколку во земјите од регионот. Тој рече дека прашањето го поставил писмено на 12 февруари 2025 година, но не добил одговор, па го поставил и усно на собраниската седница.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски одговори дека Владата и надлежните институции работат на системско решение за поевтино и поедноставно движење на граѓаните. Според него, висината на премијата ја утврдува владина комисија. Во текот на 2026 година Министерството планира анализа на законската регулатива за осигурување, која ќе ја опфати и зелената карта, со цел да се најде решение што ги штити граѓаните без да создаде дополнителен ризик за осигурителниот сектор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Во однос на првото пратеничко прашање што се однесува до министерот за финансии, сакам да кажам дека вакво пратеничко прашање поставив писмено на 12.02.2025 година и од 12.02.2025 година до денеска немам добиено одговор од министерот за финансии во однос на пратеничкото прашање. Така да, морам денеска да го поставам и усно за да видам дали ќе можеме да дојдеме до некаков одговор. Секако дека е прашање за кое што и луѓето, граѓаните на Македонија секако си го поставуваат како една од теми. Тоа се однесува во однос на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајни незгоди како сопственици на моторни возила кои што се должни по Закон да имаат осигурување при регистрација и технички преглед на возилата. Внатрешно осигурување за територијата на државата. Меѓутоа постои и можност за сите оние кои што патуваат во странство имаат обврска да обезбедат т.е. да купат осигурување за странство или таканаречена зелена карта за осигурување. Значи, тие не купуваат само меѓународна потврда за осигурување на возилото туку практично прават проширување на осигурувањето со важност и за странство. И, тој документ е се уште неопходен за влез со моторни возила за било која држава во Европа која во моментот за патничките возила изнесува некаде околу 5 илјади и 500 денари со важност од една година. Со оглед на тоа дека цената на зелениот картон во земјите од регионот се значително пониски од цените на картите во Македонија. Изнесуваат 5 или 10 евра кои што ги плаќаат заедно со регистрацијата и при обезбедувањето на осигурителната полиса и за внатрешното осигурување. Моето прашање дали се планира поинаков пристап по однос на обезбедувањето на зелениот картон односно намалувањето на цената на зелениот картон бидејќи постојат повеќе начини и механизми како да се дојде до намалувањето на цената на зелениот картон. Ги имам сите анализи кои што се направени законски измени во Србија, во Босна и Херцеговина како тоа е решено во Косово, како тоа го решава Црна Гора и т.н. со посебни договори кои што ги исклучуваат со еден дел од држави во кои што можат да влегуваат со билатерални договори помеѓу себе без да имаат зелена карта во Македонија има таков билатерален договор со Словенија. Една од ретките држави во кои што ниту ние ниту регистарските таблици словенечки возила возат односно имаат потреба да покажуваат зелена карта. Тоа ми е значи прашањето. Дали Владата односно Министерство за финансии планира одредени измени на цената со тоа што ќе можеме да им помогнеме на граѓаните да не плаќаат толку виска цена а да имаат едно нормално движење надвор од државата како што тоа го имаат решено пред се нашите соседи. Ако погледаме секоја од државите во опкружувањето околу нас плаќаат 5 или евра заедно со внатрешното осигурување а при тоа можат да се движат и на територијата надвор од својата држава односно да влегуваат на територијата и во регионот и надвор од регион, да.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2025 година Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски Благодарам потпретседателе. Благодарам почитуван пратеник на прашање. Почитувани министри и пратеници како што знаете зелениот картон претставува една меѓународна исправа и доказ за важечко осигурително покритие при движење на моторни возила во странство. овој систем со години обезбедува заштита на оштетените лица и непречено меѓународно осигурително покритие. Сепак факт е дека оваа практика покажува дека самото издавање и задолжително приложување како што споменавте на документот при премин на граници создава дополнителни трошоци и административни бариери за граѓаните. Заради тоа Владата и надлежните институции активно работат на системско решение кое ќе обезбеди поевтино, поедноставено и усогласено движење на нашите граѓани со европските стандарди. Согласно членот 45 од законот висината на дополнителната премија за зелена карта е регулирано од страна на Владата, односно по конкретно истата е утврдува посебна владина комисија за осигурување од автомобилска одговорност во која членуваат претставници од Министерство за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Националното биро за осигурување или трипартитна комисија која што одлучува за висината. Во таа насока во текот на 2026 година согласно стратешкиот план на Министерство за финансии ќе се спроведе анализа на постојната законска регулатива во областа на осигурувањето со цел утврдување на можностите за нејзино унапредување. Анализата меѓу другото ќе ја опфати проблематиката поврзана секако со актуелното прашање за зелената карта со цел изнаоѓање оптимално и одржливо решение кое ќе обезбеди заштита на интересите на граѓаните од една страна, но секако да не се создаде дополнителен ризик за осигурителниот сектор во Република Македонија. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања