Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Спасовски бара податоци за финансирањето на прославата

Резиме

Оливер Спасовски праша кои фирми обезбедиле околу 40 милиони денари за прославата, колкави биле уплатите, кога биле извршени, кои биле примателите и врз кои договори се темелеле. Побара и појаснување дали средствата биле спонзорство или донација.

Заменик-министерот за финансии одговори дека прашањето треба да се упати до Акционерското друштво за лотарија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И, моето трето прашање. Кои се фирмите или фирмата која ги обезбедила дополнителните околу 40 милиони денари, односно над 600 илјади евра за прославата. Кои се износите кои тие фирми ги дале или ако една фирма целосно исто така, да го кажеме. Кога се направени уплатите. Кои се примателите на средствата и договорите врз основа на кои се обезбедени. И, да ми се појасни. Дали ова е спонзорство или е донација имајќи во предвид дека директорот на А.Д Лотарија укажа дека работеле според Закон за спонзорства и донации. Па, ме интересира. Дали е ова спонзорство или е донација. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за финансии Благодарам потпретседателе. Очигледни намерата на Спасовски е сосема од друг правец. Нормално дека како заменик министер си знам ингеренциите. И, почитуваната Лукаревска како претходна директорка на Управата за Јавни Приходи знае колку се илјадници фирми има во државата, и во одреден момент без техничка проверка не може да се одреди дали одредена фирма има или нема платено данок. Така да, не ја злоупотребувајте говорницата и да обвинувате. Кој бил заменик, ингеренции и т.н. Во однос на третото прашање, тоа ви е прашање исто до Акционерското Друштво за лотарија. Така да, упатувам таму да го побарате соодветниот одговор. Благодарам.

Сите пратенички прашања