Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Спасовски праша за одлуката за користење средства од Државна лотарија

Резиме

Оливер Спасовски праша дали Собранието на акционери на А.Д. Државна лотарија одобрило користење 300 милиони денари од нераспределената добивка за финансирање на прославата на 35-годишнината од независноста. Побара да се наведат кога била одржана седницата и кои одлуки и детали за распределбата биле усвоени. Спасовски побара и поголема транспарентност за трошењето и постапката за организација на настаните.

Заменик-министерот за финансии рече дека за темата веќе одговорил менаџментот на Државна лотарија и ги упати пратеникот да се обрати до надлежните органи доколку има сомневања за неправилности. Тој потврди дека одлука за издвојување средства донел надлежен орган на Државна лотарија, по постапување на Владата, но не наведе кога била донесена ниту даде други детали за распределбата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Пред да ги поставам прашања, ќе потсетам само на хронологијата што се случуваше во периодот, изминатиот, а тоа е во однос на прославата на јубилејот на независноста, 35 години. Бидејќи не беа транспарентно изнесени сите постапки кои што биле спроведени, бидејќи и до ден денеска не се изнесени транспарентно, мислам дека и овој јубилеј дозволивме да го извалкаме, да го оцрниме и така натаму. И тука не мислам само за навредите кои што беа упатувани од страна на премиерот, или од страна на министри, партија и така натаму, за талог, за вакви граѓани, за елита наспроти сите останати и така натаму, меѓутоа сакам да одам по ред. Пред целата јавност, премиерот Мицкоски излезе и рече дека за прославата на независноста се потрошени 0 денари. Кога веќе се објавија наредниот ден одредени документи и суми, се излезе повторно и рекоа дека не е 0 денари, туку е некаде 5,53 милиони евра кои што се потрошени, меѓутоа тие не биле буџетски пари, биле пари кои што се од трговско друштво, односно од Лотарија на Македонија. Притоа, 340 милиони денари се од Лотарија, односно вкупната сума за прославата, кои што 300 милиони се од Државна лотарија, а остатокот од 40 милиони, според тоа што се наведува досега од Владата, е дека од некакви општествено одговорни компании. Мислам дека ставот дека тоа не се буџетски пари е став кој што никако ниту може да биде прифатен, ниту да биде реален, или да соодветствува на вистината. Добивката на Државното акционерско друштво, таа не е приватна кас ана ниту еден, ниту на премиерот, ниту на било кој министер, ниту на било кој од нас тука, туку се сепак пари кои што можат да бидат потрошени врз основа на една јасна правна основа, одлуките на надлежните органи и целосна финансиска документација. Ние до денеска, и македонските граѓани не знаеме дали е донесена било каква одлука, како биле потрошени тие 5,5 милиони евра, кој одлучи да тие фирми бидат избрани, кој одлучи да биде Гета тука и така натаму. Мислам дека најмалку што треба да знаеме е тоа да имаме некаква транспарентност. Ако сите овие податоци бидат изнесени јавно, транспарентно, потврдени со документи. Мислам дека можеби ќе се расчистат работите, и нема да се зборува во јавност, да се шпекулира, да се нагаѓа. Дали биле тоа провизии, дали биле потрошени наменски пари и т.н. Според некои од документите стои дека Владата со заклучок од 167мата седница и укажала на Државна лотарија да обезбеди 300 милиони денари од не распределената добивка 2024 година. И, да објави јавен повик за реализација на настаните. Но, владиниот заклучок со укажување сам по себе не претставува никаква одлука и затоа треба да се види целата постапка. Кој предложил користење на добивката. Кој ја утврдил намената. Кој е овластен топа да го направи. Да ги видиме датумите кога е носена таа одлука. Понатаму, следува изборот на организаторот. Јавен повик со рок од само 5 дена, и една пристигната понуда. Повикот завршува на 8ми мај, а веќе на 12ти мај тоа е за 4 дена, се известува јавноста дека Дејвид Гета ќе биде на настанот во Македонија. Видете, за 4 дена не можете министер да доведете во Собрание за да одговара на пратенички прашања, а не Дејвид Гета за 4 дена да го организирате да дојде да биде на настан. Сега да го организирате, за наредна година е прашање дали ќе биде во можност да се организира таков настан. И, овој сомнеж кој што го имаме, се расчистува секако со документи, со условите на повикот, понудата, составот, и секако дека мора и да се расчистат дилемите околу можен судир на интереси во однос на тоа кои лица учествувале во изборот, а потоа кои биле организирани односно, ангажирани во реализацијата. Неопходно да се утврди точната договорна и финансиска услуга на „Стардас“ и на „Аволон Интернешнал“. Имајќи во предвид дека „Аволон Интернешнал“ е фирма која што е со блокирана сметка. Претпоставувам дека оваа ќерка фирма „Стардас“е таа која што го добива јавниот повик за организација и кој што ги ангажира изведувачите. Отчет со соопштување на една сума, апсолутно не може да биде отчет, ниту да се прикаже на тој начин како и на кој основ се потрошени сите овие средства. Преминувам на прашањето. Првото прашање ми е. Дали е одржана седница на Собранието на акционери на А.Д Државна лотарија на која е одобрено користењето на 300 милиони денари од не распределената добивка за финансирање на прославата не 35 годишнината од 8ми септември. Ако е одржано Собранието. Кога е одржано. Дали донесена одлука за распределба. И, сите детали кои што се во однос на распределбата на добивката. Бидејќи тоа е една од клучните работи кои што македонската јавност има право да ги знае.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за финансии Благодарам потпретседателе. Благодарам на пратеникот за поставеното прашање. Очигледно еден од најдобро организираните настани кои што ја одбележаа 35 годишнината од независноста на Република Македонија ви боде очи. И, се бараат сега начини зошто овие настани во поголемите градови беа толку масовно посетени. Зошто предизвика толку интерес позитивен од страна на јавноста. Како државата успешно тоа го изорганизира. И, од аспект на службите на Владата, нејзините тела, акционерско друштво и т.н. И, сега се бараат маани. Но, во ред. Легитимно прашање. На оваа тема имавте одговор од страна на менаџментот на Државната лотарија, Акционерско Друштво Државна лотарија каде што и директорот одговори на сите поставени прашања. Исто на таа прес конференција беше и пот паролката на Владата, како претставник на Владата во тој момент. И, тие одговори ги добивте тогаш. Доколку имате, доколку имате било какво сомневање дека има некоја не регуларност во постапката. Во делот на финансирањето и т.н. ви смета нешто во тој дел. Слободно вратете се, има надлежни органи, има тела. Поставете ги прашањата, па ќе ги добиете соодветните одговори. Ние како Влада сме горди што на еден достоинствен начин се одбележа 25 годишнината од независноста на Република Македонија ширум државата. А, во врска за одвоените средства. Да, со одлука на орган надлежен во А.Д Државна лотарија е донесена одлуката по постапување од страна на Владата. Благодарам.

Сите пратенички прашања