О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 21 јануари 2026 година Благодарам. Благодарам за прашањето. Вакви прашања очекувам од владејачките партии, но пак ви се заблагодарувам, пет минути се малку за да ви кажеме што работиме, градиме два автопати за Гостивар – Букојчани, а за брзо време ќе почне и трет кој што ќе оди од Кочани до Кичево. И првиот, и вториот ги почнавме откако оваа Влада е избрана, без разлика што договорот беше потпишан во време на претходната Влада. Никакви активности не беа спроведени за почеток на работните активности. Ги завршивме сите технички процедури, ја завршивме експропријацијата, отстранување на објекти на траса и така натака и го почнавме и Тетово - Гостивар и Гостивар - Букојчани. Претседателот на вашата политичка партија беше присутен на двете церемонии на почеток на активностите. Значи, беше Таравари, а мислам дека и Вие бевте со него, и на почетокот на градежните активности на Тетово – Гостивар и на почеток на градежни активности на Гостивар – Букојчани. Така што, тоа е вака една голема работа што ја работиме. Ако продолжиме по истата траса, по таканаречениот Коридор 8 на западното крило, веќе е завршена целосната постапка за избор на изведувач на делницата Гостивар – Букојчани и чекаме од Европската Банка за обнова и развој, затоа што оттаму е кредитот, да дадат но обџекшн, со цел да се избере изведувач. И се надевам дека по завршувањето на зимата и подобрувањето на временските услови, ќе почне да се работи и на трет автопат, тоа е автопатот кој што оди од Букојчани до Кичево. Автопатот Кичево – Охрид кој што беше заборавен за македонската јавност и на кој што ништо не се работеше, веќе интензивно се работи, 37 километри се ставени во функција. Секој месец има дополнителни активности. Еве сега се заврши клучката за спојување и на Струга. Очекувам, како што дадовме збор, затоа што ние зборовите си ги држиме, во рокот да го завршиме и овој автопат. Понатака, Скопје-Блаце исто така постапката е завршена, исто така одиме со Европската банка за обнова и развој кои што даваат кредити за таму и од таму чекаме ноу абџекшн од нивната централа во Лондон со цел да и таму се избере изведувач. Продолжувам понатака, го работиме и автопатот кој што оди од Прилеп до Битола и тој го започнавме со оваа Влада без разлика што договорот беше потпишан од претходната, никакви активности не беа спроведени. Го завршивме експресниот пат кој што оди од Градско до Дреново и од Дреново за Фариш, и еве го во функција, граѓаните го користат, навистина се работи за еден исклучително модерен пат. Сите овие може да ги видете и кај мене на фан страната на Фејсбук, може еден лајк да кликнете и ќе ви се појавуваат секогаш кога објавувам или фолов, како ви одговара така. Исто така го пуштивме во функција и источното крило на Коридорот 8, тоа е делот кој што оди од Страцин до Крива Паланка, експресен пат, се надевам дека и нашите пријатели од Бугарија ќе почнат да градат автопати кон Македонија. Во моментов со Европската Унија работиме на вториот дел кој што треба да оди од Куманово, односно од Романовце до Страцин како би имале по Коридорот 8 целосно автопатско решение од граница со Бугарија до граница со Албанија. Исто така, работиме во моментов многу интензивно на еден проект кој што претходната Влада го имаше заглавено, Владата на СДСМ и ДУИ, тоа е спојувањето на Кичево со Дебар, односно тоа е проектот Извор-Гарски Мост на кој што многу интензивно се работи и кога ќе биде завршен овој магистрален пат, за жителите на Дебар и на селата од Реканскиот крај, приклучокот на автопатот ОхридКичево ќе биде за околу 20-тина минути што целосно ќе ја промени динамиката во тој дел од државата. Рехабилитации, санации, не сакам да спомнувам, до утре треба да ви дадам одговор, кои се патни правци ги работиме, како работиме и така натака. Еве го, денеска снег заврна, прв пат државава не е блокирана, претходно по 3 дена не можевме да излеземе од снег, кој патува, знае и гледа, за рекордно време се исчисти цела држава и се среди. Така што, набројав еве неколку патни правци кои што се во крајот во кој што вие живеете, во овие 5 минути, иначе можам до утре да зборувам. Така што за тоа се користат средствата од патарините. Благодарам.