
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање, едно освежување е до министерката за образование, но фактички би изгледало како дополнително прашање каде што јас добив писмен одговор почитувана министерке на 6-ти март оваа година. Испративте одговор писмен кој што се однесуваше во врска со моето прашање каде што Министерството дали има стратегија за гаранција на албански јазик каде што е законска должност во основните технички училишта, бидејќи има недостиг на кадар. Поради фактот дека во 2029 година 75% од кадарот ќе излезат во пензија и како ќе бидат заменети тие наставници. Вие со одговорот кои што ми го дадовте и сакате ова прашање да се релативизира и кажавте општа стратегија, сакајќи да ја сокриете фактичката состојба и со тврдоглавност давате неколку факти, без да дадете конкретен одговор. Во одговорот спомнувате дека имате стратегија за 2026-2032 година, но не сте предвиделе ништо за ова прашање и сакате да го покриете со неколку тези каде што не се решава проблемот, туку значи само создавате една магла пред јавноста. Госпоѓо министерке, би сакал да кажам дека одговорот ми е доставен само на македонски јазик, јас комуницирам македонски, често поставувам прашања на македонски не ми е проблем, но најмалку требаше да се каже минимална почит и на нас како Албанци, одговорот да ми беше доставен и на албански јазик. И после да се прават овие разговори со новинари и вие покажете минимална почит. Јас како пратеник требаше одговорот да го добијам и на албански јазик, значи после произлегуваат проблеми, значи треба да бидеме принципиелни. Јас знам дека вие не го знаете албанскиот, но имате преведувачи, имате и заменик министер Албанец кој што може да ви помогне најмалку, но поради фактот дека и заменик министерот за одбрана произнесе после една година. Како и да е, ви благодарам исто така за лекцијата, за универзитетската автономија, но моето прашање не беше правно. Но егзистенционално за техничкото образование на албански јазик, околу бројките вие велите дека има универзитети, но фактот останува во 2029-та година остануваме без 75% од кадарот на професорите од нас. Колку студенти денеска се регистрирани во електро техника и механика на албански јазик како бројот околу нула како ќе се спроведува стратегијата која што ја спомнавте вие 2026-2032 година. Дали може да се спроведуваат тие без луѓе? Не може, велите дека има стратегија, но нема луѓе. Зошто нема луѓе? Затоа што нема стратегија за мотивација на луѓето околу изборите, автономијата, и забранува на Министерството да разграничува капитални финансии за лаборатории за сите државни универзитети. Дали сте подготвени да пред Владата посебен фонд кој што ќе биде исфининасиран на часовите со постојните лаборатории кои што се во Универзитетот Свети Кирил и Методиј, наместо да чекате ректорите да се договараат меѓу себе вие велите дека ректорите треба да се договараат меѓу себе. Значи ова не може да зависи од договорот помеѓу ректорите, но треба да имаме јасен план. Уште еднаш, лабораториите во УКИМ се финансирани од државата од сите даноци за 2020- та година за науката само 2,5 се отидени во универзитетот во Тетово и 0% од Универзитетот Мајка Тереза. За науката минимални бројки и оваа е стратегијата која што ја спомнувате и околу нострификацијата вие спомнавте, ги спомнавте студентите кои што се враќаат од надвор. Дали имате база на податоци, колку од тие инженери кои што имаат нострифицирани дипломи прифатиле да работат како предавачи во техничките училишта со овие плати, без стимулација, значи нострификацијата е само една хартија во фиока. Затоа не видов дека сте дале одговор и би побарал дополнителни прашања кои што ги спомнав. Ви благодарам.