Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за ставот на Меџити за изјавата на премиерот

Резиме

Халил Снопче го праша првиот заменик-премиер Меџити дали се согласува со констатацијата на премиерот дека Алијансата за Албанците ја напуштила Владата за да спречи, како што ја пренесе изјавата, „каурите“ да ги изберат во Тетово и Гостивар. Снопче рече дека му се спротивставил на употребениот збор и истакна дека го интересира ставот на албанскиот фактор во власта.

Во одговорот, Меџити не даде директен став за таа констатација. Тој изнесе свое образложение за распарчувањето на Алијансата и причините за излегувањето на партијата од ВРЕДИ, тврдејќи дека Снопче и други завршиле во ДУИ и дека станувало збор за политичка калкулација.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Значи имам едно прашање за првиот заменик премиер господин Меџити. На последната седница за пратенички прашања јас поставив едно прашање за господинот Мицковски кој ми одговори во првите 10 секунди, но ми ми кажуваше уште 9 минути и 50 секунди ќе ги слушам и во текот на тоа јас го слушав со внимание и едно од констатациите на господинот премиер, не мои на господинот премиер беше дека тој знае зошто Алијансата за Албанците ја напушти Владата, по господин Меџити Алијанса за Албанците ја напушти власта со цел да ја дефактизира и да не дозволи, кажа премиерот каурите да не изберат во Тетово, Гостивар. Јас се спротивставив на ова и реков никогаш не сум го искористил тој збор е збор кој го користеле Османлиите спрема немуслиманите. Му истакнав дека не му прилега на еден премиер да искористи таков збор, но не е значајно што мислам јас господин Меџити, значајно е што мисли албанскиот фактор во власта. Дали се сложувате со оваа констатација на премиерот што го истакна во последното пратеничко прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Како и во првиот дел од прашањето, значи тука ова се аргументи колку седници имало со Владата на Косово и Србија, во вашето време и со Хрватска, како што истакнав, првата посета беше во Република Хрватска и поранешен министер Таравари потпиша договор, првиот билатерален договор со министерот за здравство на Хрватска од почетокот на мандатот. Во врска со прашањето кое го постави, зошто излегла Алијансата на Албанците, јас ќе одговорам со реторичко прашање, зошто значи се распарчи Алијансата на Албанците, зошто денес имаме три алијанси за Албанците. Причината поради која се распарчи Алијанса на Албанците на Зијадин Села, односно вашиот аргумент заедно со нас се врати во ДУИ, иако беа антипот на ДУИ. И тоа е причината што поголем дел од електоратот се поврза со ВЛЕН, Алијансата што беше со ВЛЕН и повторо таа Алијанса е антипот на ДУИ, не треба повеќе само треба да се видат критиките, вашите елаборати за Таравари и други и тоа е доволно да се каже тоа што сте го кажале за ДУИ и на крај да завршите кај ДУИ, значи вие ќе завршите, но електоратот нема да заврши таму. Електоратот не се бројки, туку тие ќе видат и на овие избори на 18 октомври ќе одлучат. За илустрација, значи која беше главната дебата во ВЛЕН од господин Таравари, вие други експоненти кои завршивте во ДУИ. Значи ќе излеземе со посебни листи. Ние сите работевме за унификација на ВЛЕН, во ВРЕДИ да има и фигури од надворешни да се приклучи и сите да ја гледаат како опција која е инклузивна, значи ги унифицира Албанците во еден табор кој може да ги претставува главниот дебат со месеци, господин Таравари и вас господин Снопче беше дека ние треба да излеземе со заеднички листи, со посебни листи. Значи сите други надвор од ВЛЕН кажуваа дека треба да се соединиме и да сме надвор од ВЛЕН за да ја ојачаме на некој начин ВЛЕН, но аргументите беа во склад со ова. Значи кога се направивте со ДУИ не ги истакнавте ни посебните листи, ни посебните кандидати. Целта беше само претек за да излезете од ВРЕДИ и заедно да сте со Демократската унија за интеграција. Вие му должите на електоратот да му објасните зошто со години ја критикувавте ДУИ и на крај да завршите кај ДУИ. Другото прашање, зошто излезе Алијанса за Албанците поради кандидатите Македонци, Албанци, значи да го вратиме филмот назад. Како победи господин Таравари напротив нив за двајцата. Ако не беше поткрепата на ВМРО ДПМНЕ на тие локални избори, значи јасна беше разликата кај албанскиот електорат убедливо победуваше Бејтан во првиот круг. Беа гласале колицискиот партнер, тогаш во опозиција, ВМРО ДПМНЕ и тука можат да го кажат тоа и со конкретни бројки колку гласови сте зеле од ВМРО да ја добиете власта во Гостивар. И денес вие не може денес да кажувате друго, утре друго. Затоа мислам дека Алијанса за Албанците односно господин Таравари не излегол поради ништо друго, не сакам да ја оптоварувам дебатата со потешки прашања, но поради калкулација и да заврши таму каде што ги имаше сметките во ДУИ.

Сите пратенички прашања