О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 февруари 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник се надевам дека добро ве разбрав оти не секогаш преводот е соодветен. Дали рековте дека учениците кои завршуваат средно не можат да се запишат на соодветен некаков факултет затоа што немаат факултет на соодветен јазик. Дали тоа е прашањето? Да, добро. Деновиве со оглед на расправата за Законот за високо образование многу пати слушнав обвинувања дека државата се мешала во автономијата на универзитетите и дека, иако јас не гледам таков член во Законот и дека тие треба да бидат по автономни. Универзитетот Мајка Тереза постои над 10 години или 10 години, а Универзитетот во Тетово постои над 20 години. Тие можеле да одлучат да спроведат студиски програми соодветно на потребите на пазарот на труд. Токму за тоа и зборува новиот закон дека постојат студиски програми за кои нема потреба на пазарот на труд или дека нашите универзитети, јавни и приватни, не водат можеби или доволно сметка за тоа што им треба на учениците кои ќе го завршат средното образование. Оттука, еве и јас заедно со вас, апелирам до нив да отворат соодветни студиски програми, факултети, смерови, специјализации за ученици за кои оваа држава има потреба, а не на пример дипломиран менаџер за корпоративна безбедност, кој јас навистина се прашувам каде би работел. И ве поддржувам во ова, ве молам поддржете го Законот за да нема во иднина вакви проблеми со кои вие се соочувате, или велите дека учениците се соочуваат. Инаку во однос на средствата вложени, оти спомнавте лаборатории, млад универзитет, па некои се по опремени, некои се помалку опремени, државата вложува средства во универзитетите, тие имаат и самофинансирачки дел и очекуваме, во минатото малку помалку е, а сега со новиот закон и со новиот начин на финансирање, малку повеќе да вложат и во тоа. Буџетот 2022-ра – 2 милијарди 904 и така натаму. Потоа 2023-та – 2 милијарди 774 и така натаму. 2024-та – 4 милијарди 096 и така натаму. Со Ребаланс на Буџетот – 5 милијарди 212 и така натаму. 2025-та – 6 милијарди 616 и 815 и со Ребаланс на 2025- та – 7 милијарди 084. Мислам дека со оглед на тоа што се случува секаде во светот, сме го фатиле трендот и мора да признаете дека со доаѓањето на оваа власт драстично е зголемен буџетот за образование за разлика од претходните седум години каде што исто така можело малку да се подопремат универзитетите. Мајка Тереза од оваа Влада добива 34 милиони евра во повеќе години, затоа што има градежни инфраструктурни работи кои треба да се довршат, а и сите универзитети добиваат многу солиден буџет од државата. Дали треба повеќе? Да, треба повеќе и ќе се потрудиме, како што овие две години растот, да продолжи и во иднина така. Поддржете ја автономијата на универзитетите, побарајте од нив да направат анализа на пазарот на труд, што треба да го сторат и да отворат такви студиски програми како што е потребно на пазарот на трудот. И да се поврзе со компаниите. Ние имаме и специјализација која дел од универзитетите сосема ја занемаруваат, а ќе биде многу корисна за развој и на науката и на стопанството и ќе биде на бенефит на учениците, студентите и целото општество. Ви благодарам многу.