О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Благодарам на прашањето почитуван пратеник, сме тргнале на добар пат да станеме најдобри пријатели, ми претставува задоволство. Министерството има план, сериозен план кој јас 5 години како претставник на партијата ВМРО ДПМНЕ го говорам насекаде во јавноста, на медиумите и во Парламентот. Конкретно за Гостивар, општина, а после ќе ви образложам и кој е планот, иако мислам дека вие го знаете, можеби не во детали, но го познавате. Вака вие добро знаете дека општините се финансираат за основното и средното образование преку блок дотации. Во блок дотациите се пресметани сите потреби на училиштата и основните и средните како и платите на наставниците, така и јубилејните награди. Сега вака, вкупен број на ученици на ниво на општината изнесува 2775 ученици во 166 паралелки. Од кои во ОСТУ Гостивар 955 ученици со 63 паралелки во просек 15 ученици во паралелка. Цел Гостивар 194 ученици во 26 паралелки во просек 7 ученици во паралелка. Во СОМУ Гостивар 781 ученик во 32 паралелки, просек 24 ученици во паралелка. Во СОЛУ Гостивар 845 ученици во 45 паралелки. Вкупен број на наставници на ниво на општина изнесува 414 од кои во првото Гостивар 145 наставници од кои 71 на Албански јазик и 46 на Македонски јазик и 28 на Турски јазик. Во СЕЛУ Гостивар 72 наставници од 38 на Албански јазик и 28 на Македонски јазик и 11 на Турски јазик. Во СОМУ Гостивар 96 наставници од кои 47 на Албански јазик и 24 на Македонски јазик и 25 на Турски јазик. Во СОМУ Гостивар 101 наставник од кои 58 на Албански јазик и 22 на Македонски јазик и 21 на Турски јазик. Од страна на Министерството за образование и наука одобрена е согласност за паралелки со помал на ученици во ОСТУ Гостивар блок на средното образование, за 2025 година за општина Гостивар изнесуваат 320 милиони денари. Учеството на платите во блок дотациите за средно образование за општина Гостивар изнесува 96,9%, ама знаете зошто. Заради податоците кои не за џабе ги читав. Планирањето на средства под буџетски ставки е во надлежност на општината и на училиштата. Министерството ја префрлила блок дотацијата на општината. Од тука натаму општината и училиштата си водат сметка за тоа како ќе ги трошат парите. Е сега бидејќи ги исчитав податоциве да го објаснам она што 5 години го објаснувам, а што дел од училиштата и дел од општините не сакаат ни да го слушнат. Лани ние имавме оптимизација и имавме во 150 училишта во Македонија едно сменска настава. Годинава стигнавме до 200 училишта во едно сменска настава. Пред две недели ако не се лажам, не ме фаќајте за збор 10 дена, две недели не е битно, оптимизиравме две училишта во Кавадарци. Зошто е потребно оптимизацијата. Оптимизацијата е потребно општината да не одржува зграда во која има 15 деца, да не плаќа струја во зграда во која што учат 15 деца, да не плаќа греење во зграда во која што учат 15 деца. Бројот, значи не дозволиво е, Шведска, Швајцарија нема одделенија со по 7 ученици во клас, оти тие рационално си трошат парите за подобрување на квалитетот на образование за децата на ПИСА да им бидат први, а не да им бидат последни. Зошто е важно да е паралелката да е повеќе од 3,5 или 7, оти има на други места има во 3,5 и 7 деца во паралелката, затоа што се не социјализирани, затоа што немаат натпревар, затоа што не знаат колку знаат другите. Ние имаме јавни примери на луѓе кои излегуваат пред јавност и не се свесни колку многу не знаат. Жално е за државата, жално е и за тие луѓе кои мислат дека знаат, а во суштина воопшто ништо не знаат. Жално е за родителите на децата кои мислат дека нивните деца знаат, а всушност не знаат. Од тука кога зборуваме за бројот на наставници, жал ми е што дел од некои луѓе, од некои партии упорно тврдат Весна ги плаши наставниците дека ќе ги избрка од работа. Нема да ги бркаме од работа, не ги плашиме наставниците. Јас само им велам, наместо во 11 саат и мажите и жените со торбичките или лаптопите под рака да одат и да седат во кафич или дома да прават ручек, тие ја завршиле својата работа од 4 часа не велам ништо, ја завршиле, можат да останат до 4 и пол, не секој ден, не сите, да ги научат децата нешто во изборно предмети, во вон наставни активности, децата да стекнат вештини, децата да стекнат компетенции, животни вештини да почнат да размислуваат. Нашите не знаат да читаат и пишуваат. Не, не знаат букви да напишат, не знаат да разберат што прочитале, не знаат ни да го раскажат тоа што го прочитале, а камоли да кажат која е пораката од четивото кое го прочитале. Ние треба нашите деца тоа да го направиме. Ама ние нема да го направиме со 7 деца во клас, а зошто се во класот 7. За наставниците да не го изгубат работното место. Јас велам нема да го изгубат работното место, ама треба да сработат, треба да останат уште два саата во текот на денот, да одржат уште 3 часа кои ќе им се рачунаат во часови. Значи и тогаш ќе постигнуваме резултат оти тогаш нашите деца ќе бидат спремни да ја градат оваа држава и ќе ја подобруваат економијата. Значи прекумерен број на наставници има во Гостивар. Се додека не се организираат да работат така како што велам јас дека треба да работат да ја заработат платата нема да може блок дотацијата да им стигне. Впрочем градоначалникот знае дека е тоа така. Што планирал и како планирал не знам. Јас сум дала дозвола само за едно средно училишта стручно каде што навистина и треба да бидат во тоа, оние паралелки да работат со учење преку работа каде што без оглед на тоа што се помал број се неопходни на државата на пазарот на трудот. За овие другите не сум дала дозвола. За тие другите јас немам одговорност. Градоначалниците бидејќи училиштата им се општински треба да си ја сфатат сериозно работата. Но и директорите кои ги поставуваме за директори на училиштата треба да знаат дека ќе се соочат и утре и задутре со овој проблем. Министерството тука нема никаква одговорност. Вие знаете дека за да вработат нов наставник коој сака да го вработат на тој што има 20 часа ќе му одземат 8 часа, ќе му дадат фиктивни проектни активности кои никогаш не ги изведува и за тие 8 часа ќе вработат нов наставник. Тоа не може, не е издржливо е веќе, а и неподносливо е веќе, оти немам ништо против и да е вработен, ама да си ја сработи работата нашите деца барем во просекот на Европската Унија да дојдат, а не да бидат последни во Европа заедно со Косово. Мислам го спомнувам затоа што е со нас, нели, последен и претпоследен. Сите други се поинакви. Инаку еве и ова, го знаеш ти, ако се помалку деца тие со еден наставник треба да поголем успех да постигнат, ако се повеќе на наставникот му е потешко. Зошто овие што се по 7 во клас не се генијалци во Македонија, зошто. Значи ред ќе мора да се воспостави и ќе се воспостави. Ако градоначалникот не испланирал.