
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине премиер нормално дали треба министер во вашата Влада и вие како премиер треба правилно да го почитувате Деловникот на Собранието што се однесува кон должностите што ги имате кон Собранието и дали мислите дека треба да се почитуваат законите на оваа држава. Секако јас мислам дека одговорот ќе биде позитивен бидејќи не може да биде дека не се почитуваат работите, но за било која причина не е почитуван Деловникот или законите на оваа држава и за која причина. Благодарам.