
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Јас поставувам прашање на министерот за надворешни работи, дали се сложува со изјавите на господин Николовски од оваа говорница, дека поранешниот претседател на Република Албанија е политички затвореник, под еден. Под два, исто така дали се значајни за министерот за надворешни работи односите со Еди Рама и Албанија бидејќи заменик министерот на оваа Влада кажува дека нема ништо ако се расипат односите со Албанија и со Тирана. Прашањето го поставувам до министерот за надворешни работи и надворешна трговија.