Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче бара објаснување зошто „Отело“ не добил средства

Резиме

Халил Снопче го прашува министерот за култура и туризам зошто Министерството не доделило средства за фестивалот „Отело“ во Тетово оваа година. Тој наведува дека оваа година е јубилејна, десетта по ред, и дека фестивалот е рангиран во прва категорија. Снопче тврди дека одлуката можела да биде политички мотивирана и бара поддршка за фестивалот и објаснување за недоделените средства.

Документ со институционален одговор не е достапен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Министерот за култура уште не даде објаснување зошто од министерството независно од реакциите оваа години Министерство за култура и туризам не даде средствата за проектот Отело од Тетово и оваа година е јубилијарна година, 10та година по ред. Во овој фестивал секогаш сме имале преполни сали, сцени каде што глумат најдобрите актери од регионот и од земјата и за несреќа оваа година Министерство за култура и туризам не даде средства. Требаше да не дозволите никако да не се случи такво нешто заменик министер, заменик премиер затоа што, вие сте биле менаџер на театарот „Стоби“ во Штип. Вие знаете колку се важни средствата за таква активност. Значи, во врска со тело господине министер треба да кажеме бездруго дека духот на уметноста ја изгуби битката. Вие не смеете да дозволите да се случи нешто такво дури и треба да им дадете поддршка на вашите колеги актери бидејќи вие најдобро знаете колку е важна институционалната поддршка. Ова не може да се толерира, овој фестивал беше и меѓународен фестивал. Да не заборавиме дека имаме примери во регионот на пример фестивалот во Дубровник кој што се финансира од државата исто така, друг фестивал во Белград што се финансира од Србија, но и Охридскиот фестивал. Значи, овој фестивал можеше да биде и да се распореди не само културата во главниот град туку и надвор од главниот град. Ве потсетувам дека фестивалското тело е фестивал од прва категорија и одбивањето нема логично објаснување. Тоа може да има само не логични објаснувања. Моите информации зборуваат за да се тргне Отело од листата дојде директно од министерот кој што рече дека ова е неопходно бидејќи треба да има добри односи со партнерите од коалицијата. Со кој партнер од коалицијата? Каква политика? И, таму ли ќе има политика како во правдата, како во судството, како во администрацијата. На кое дереџе сме стигнале. Премиере, господине министер, во овој фестивал имало многу театарски групи од земјата и надвор од земјата. Националниот театар на Македонија на Истанбул на Тирана на Сараево. Национален театар на Косово и многу, многу национални театри и учествувале многу, многу актери и режисери од светот и од регионот. Како е можно ова? И, бидејќи ова е политичко прашање и минатата година министерството не продолжи да ги финансира другите проекти како што е проектот во Гостивар кај што има музички спектакл во Гостивар. Значи, лани го ускративте овој проект а оваа година ги скратувате средствата за Отело и за да биде и поголема иронијата Отело е единствениот фестивал во земјата на театри кој што е рангиран во прва категорија од Полог од каде што е и министерот за култура и туризам. Изгледа министерот повеќе игра улога на туризам во ова министерство од колку да се ангажира околу се во областа на културата. Фестивалот не е приватна сопственост, тоа се простори за слобода, простори за дијалог, простори за создавање и политиката сака да ги ограничи тие простори. Тоа не е загуба само за актерите туку за целото општество. Министерот е актер, значи Господ да ја чува уметноста од уметниците кои што се под влијание на секојдневните политички одлуки. Министре, уметниците со Отело, ти треба да одбереш. Дали сакаш да им се придружиш на уметниците или сакаш да бидеш во другата страна која што се води од политиката. Срамно е бидејќи станавме смеа за цел свет од сите тие режисери дадоа толку пораки и се зачудија за недавањето средства за овој фестивал. Сите тие режисери и уметници од светот и Европа кажа дека сме со Отело. Но, јас господине министер велам дека јас сум Халил Снопче и јас сум со Отело и останува вие да го тргнете политичкиот товар и да донесете одлука во интерес на културата, уметноста и на актерите. Прашањето го поставувам до министерот за култура и туризам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања