О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Весна Ѓорѓиева, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам на прашањето. Точно е дека денеска имав средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати и неговата екселенција Абдула Ал Себуси, која што е продолжение на официјалната посета која што ја имавме минатата година во април месец во Абу Даби каде што помеѓу останатото делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед Бин Зајед. На која што договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка. Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим односно, веќе е помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи што е многу значајно особено во делот на туризмот и размена на бизнисот. Исто така, разговараме за потенцијални инвестиции, доста македонски компании веќе почнуваат да излагаат во Обединетите Арапски Емирати како место кое што станува центар во моментов на она што се вика претставување пред се во делот на саемите кои што се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија која што својот годишен саем не го има веќе префрлено или не прави втор во Обединетите Арапски Емирати без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарза или е Дубаи или некое друго место. Она што можеби е најзначајно и што сакам да го објавам после денешната средба е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи, ќе имаме директен авионски лет кој што ќе лета Дубаи - Скопје, а тоа е веќе договорено и „Флај Дубаи“ ќе почне во март 2027 година. Значи, за некои 6 месеци од денес да лета директно од Дубаи до Скопје што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период кој што во Македонија е вон сезонски, односно во период кој што е надвор од летото. И, втората работа која што можам да кажам дека е се уште во дискусија, но е извесно би рекол или многу извесно дека ќе се договориме. Тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шаржа до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи кои што ги договоривме денес. Плодовите на тие две конкретни работи тоа е директен лет на „Флај Дубаи“, Дубаи - Скопје, кој што почнува март 2027 година и доста извесно еден аеродром во Обединетите Арапски Емирати до аеродромот во Охрид. Благодарам на интересот и на прашањето.