Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Предложени измени на правилникот за боледување

Резиме

Пратеничката Весна Ѓорѓиева праша што конкретно ќе се менува во условите и постапката за користење и продолжување на боледувањето, со цел да се спречат злоупотреби, а да се заштитат работниците на кои медицински им е потребно. Наводите за злоупотреби ги посочи како теми за кои се говори во јавноста.

Заменик-министерот за здравство одговори дека надлежноста за правилникот е на Фондот за здравствено осигурување и дека измените се сè уште предлог, па затоа не се конечни. Меѓу предложените новини ги наведе отворање боледување без физичко присуство во определени случаи, прецизирање на ретроактивното боледување, регулирање на дневната болница и боледувањето по нова дијагноза, континуитет при иста дијагноза и појасни критериуми за подолготрајни боледувања. Предвидени се и промени во надлежностите на лекарските комисии и олеснувања за одредени категории пациенти.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Весна Ѓорѓиева

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Весна Ѓорѓиева, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто мое прашање е до заменик министерот за здравство. Се најавуваат измени во законската регулатива која се однесува во делот на боледувањето. Имајќи во предвид дека правото на боледување е право на секој осигуреник, на секој работник и како работничко право е особено големо значење за сите осигуреници. Во последно време ние гледаме во медиумите, на социјалните мрежи изјави од министерот, изјави од министерот за внатрешни работи, каде што гледаме дека дел од користењето на боледувањата има некои си негативности, односно издавање боледувања на лица кои што навистина не се за медицински третман, односно да не речам злоупотреба на издавањето на боледувањето. Имајќи во предвид дека боледувањето е директно поврзано со заштитата на здравјето и работничките права, но исто време има и значење и за правата на работодавачот и функционирањето на целиот работен процес, а и функционирањето на системот на здравствена и социјална заштита. Сметам дека е важно да се направи јасна разлика меѓу работниците кои имаат реална и медицинска оправдана потреба од боледување и евентуалните случаеви на злоупотреба на ова право. Притоа, треба да се знае дека боледувањето е право на секој осигуреник и треба да биде механизам за заштита на здравјето на работникот. Но, неговата евентуална злоупотреба односно неоправдана употреба може да создаде дополнителни трошкови и проблеми како за работодавачите така и за целиот систем.

Токму затоа јавноста очекува јасно да се види и да знае дали со законските решенија кога ќе се зајакнат механизмите за контрола и спречување на злоупотребите, но истовремено ќе се обезбеди работникот кој навистина е болен и на кој навистина му треба боледување, да биде непречено, односно да биде заштитен и непречено да го оствари своето законско право на боледувањето. Затоа моето прашање до вас е, што конкретно ќе се менува со новите законски решенија во однос на условите, постапката на користењето, продолжувањето на боледувањето.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Весна Ѓорѓиева, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за здравство Благодарам почитуван потпретседателе. Благодарам на прашањето почитувана пратеничке. Како прво сакам да потенцирам дека надлежност за утврдување на Правилникот за боледување и за промена на Правилникот за боледување е во надлежност на Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија. Бидејќи сум во тек, целосно од почеток со процесот, накратко би ви објаснил за што се работи. Како што и самата прашавте, точно кој и конкретно што се менува нели. Кои се промените во Предлог Правилникот. Го нарекувам Предлог Правилник затоа што, во суштина Правилникот го носи директорот, односно заедно со службите на Фонд за здравствено осигурување на Македонија. Потоа, тој треба да биде усвоен од страна на Управниот одбор на Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија. Па, потоа како Предлог доаѓа во Министерство за здравство и доколку биде потпишано од страна на министерот за здравство тогаш стапува Правилникот или промените на Правилникот во сила. Сега, бидејќи директорот заедно и со министерот за здравство го започнаа уште од порано овој процес. Сакам да кажам дека врз основа на заеднички преговори со сите здруженија на пациенти, понатаму со фелата се разговараше и донесоа одредени Предлог промени. Во Суштина не сакам да се повторувам и директорот на Фонд за здравствено осигурување секако и министерот неколку пати укажаа на фактот дека една од целите на промената на Правилникот е колку што може да се намали, односно да се спречи злоупотребата на боледувањата кои што реално постојат и многу се зголемуваат од година во година во Република Македонија. Но, како што и самата рековте, не се само тие промени во бројот на деновите. Има повеќе Предлог промени доколку бидат усвоени ќе бидат на сила. Значи, ќе ви набројам некои од Предлог промените на Предлог Правилникот. Значи, клучните новини се однесуваат под еден на можноста за отворање на боледување без физичко присуство во определени случаи. Повторувам во определени случаи. Понатаму, прецизирање на ретроактивното боледување кое што до сега не беше прецизирано. Понатаму, регулирање на дневната болница и боледувањето по нова дијагноза. Понатаму, обезбедување на континуитет при боледувањето кај иста дијагноза. Понатаму, појасни критериуми и медицинска документација која што е потребна за подолготрајните боледувања. Дополнително се уредуваат и надлежностите на лекарските комисии и се воведуваат олеснувања при пријавувањето на одредена категорија на пациенти. Понатаму, не би навлегувал детално за сите овие кои се тие пациенти. Како ќе биде и т.н. Затоа што, се уште Правилникот не е доставен до Министерство за здравство, кога ќе биде доставен министерот секако ќе го објави. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања