
Ријад Шаќири
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке, еве сега овој пат ќе ви се обратам на ваш јазик за подобро да ме разберете, да. Значи, ние како држава сме членка на ЦЕФТА каде што сме обврзани и при трговска размена да ги почитуваме издадените сертификати кои се издаваат од страна на компаниите и кои што се заверуваат од страна надлежните царински органи кои што излегуваат од земјите на Европската Унија. Моето прашање беше зошто се случува при увоз на стоки во нашата држава секогаш нашите институции се двоумат во веродостојноста на документот кој што се издава од страна на релевантен царински орган од Европската Унија. Тоа значи дека ние сме по спремни во делот на царинското работење или они се поискусни во делот на издавање на тие документи. Тоа значи дека по пластично кажано ние како држава се сомневаме дека брендот Мерцедес се произведува во Германија или се произведува во Кина, попластично кажано. Значи при увоз на едно возило нашите цариници таа изјава за фактура или тој ЕУР 1 што се издава од страна на дотичната компанија се доставува на дополнителна проверка да се провери дали тоа возило се произведува во Германија или се произведува во Кина. Тоа беше прашањето по пластично кажано. Благодарам.