Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Шаќири побара олеснување на граничните проверки за патниците

Резиме

Пратеникот Ријад Шаќири побара премиерот да се ангажира за олеснување на проверките на пасошите на граничните премини во Хрватска и Унгарија. Тој посочи дека, според него, граѓаните чекале од 10 до 30 часа и повика на разговори со премиерите на двете земји.

Премиерот рече дека ги разбира предизвиците со кои се соочуваат иселениците, но изрази скептицизам за конкретен резултат, очекувајќи да му биде посочено дека се работи за процедури на границите на Шенген-зоната. Наведе дека има редовна комуникација со господата Миленковиќ и Орбан, а дека и министерот за надворешни работи има континуирана комуникација со колегите. Додаде дека може да се работи постапките да станат поподносливи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Ријад Шаќири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван премиер, дозволете ми да ви се обратам вас, бидејќи сте најповикан во создавање на извршни политики и сте главниот претставник на Владата во рамките на создавањето на политиката, значи сакам првично да ве информирам, во следните денови, односно неделата која што ја оставивме имаше голем наплив на наши сограѓани кои доаѓаа од западните земји кои се соочија со едно големо малтретирате на граничните премини во Хрватска и на граничните премини во Република Унгарија и како основа, ние како Парламент и како Влада имаме одговорност да се грижиме за сите наши граѓани каде и да се, каде и да се наоѓаат. Сакав вие како премиер на државата да се ангажирате многу подобро и да барате одговор од вашите хомолози, почнувајќи од премиерот на Хрватска и премиерот на Унгарија за просто речено, малтретирањето на нашите граѓани кои се задржани на граничните премини од 10 до 30 часа чекање без потреба, само и само поради контроли за пасошите. Значи, добро е, ние како Влада да го земеме во предвид и да бараме едно отстранување на овие постапки и бидејќи сите овие граѓани доаѓаат тука за да дадат придонес за нашата земја. Како прашање сакав да биде ова. На некој начин да се бара едно олеснување во врска со постапките, административните постапки за контрола, проверка на пасошите, бидејќи се знае добро во ситуација на голем наплив, големо движење на граничните премине каде што преминуваат граѓаните, може да се направи селективна проверка на пасошите, бидејќи некогаш може да се олесни оваа работа. И сакам вие да го дадете вашиот придонес како премиер и на некој начин да им се олесни движењето на овие граѓани кои и во текот на заминувањето ќе се соочат со истата ситуација. Бидејќи летото, минатото лето, значи ја имаат истата ситуација, се соочува со големо чекање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Почитуван господин Ријад Шаќири, јас апсолутно ги разбирам иселениците кои што за време на празниците се враќаат дома и сакаат неколку дена да поминат дома, овдека со семејствата и свесен сум за сите тие предизвици со кои што се соочуваат попатно. Но во овој момент знам кој ќе биде одговорот било како да отвориме разговор на таа тема. Тоа ќе биде дека тие се последните граници од шенген зоната и дека такви се процедурите и дека оние мислам не препознаваат селективна проверка кога сте дел од шенген зоната и ќе треба тука многу да внимаваме за да не дадеме надеж кај луѓето дека можеме нешто да направиме. Но секако ви благодарам на прашањето и тоа што можеме ние да го направиме, бидејќи лично и со господинот Миленковиќ и со господинот Орбан имам, би рекол, редовна комуникација, би се рекло на неделна основа, но и знам дека и министерот за надворешни работи и надворешна трговија со неговиот колега Радман Грлиќ и Сијарто, исто така имаат континуирана комуникација и редовна и он може, исто така да интервенира преку соодветното Министерство, но сум скептик дека може да имаме некаков резултат од сето тоа, бидејќи знам што ќе биде одговорот. Ќе речат, ние сме последна граница од шенген зоната и тоа се процедури кои што мораме да ги почитуваме. Но да работиме да се олесни сето тоа и да видиме како можеме сето тоа да го направиме поподносливо за нашите иселеници.

Сите пратенички прашања