Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Салиу-Фетаи прашува за полагање на правосудниот испит на албански јазик

Резиме

Имрлије Салиу-Фетаи го прашува министерот за правда какво решение ќе им презентира на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик и за што конкретно ќе се дискутира на најавената средба во октомври. Таа вели дека студентите бараат испитот да го полагаат на јазикот на кој се образувале, а според неа, прашањето го покренувале со протести и петиција.

Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Имрлије Салиу-Фетаи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Имрлије Салиу Фетаи, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Последното и трето прашање е до министерот Шасивари од кој што чекам писмен одговор, бидејќи се однесува за едно прашање кое што е 124-00/36 изјаснет во последните денови како сите ние знаеме дека е прашањето на Правосудниот испит и барањето на студентите овој испит да може да се полага на албански јазик. Значи станува збор за Албанците кои што имаат завршено правен систем во Универзитетот во Мајка Тереза. Студентите се подготвени на испитот на албанскиот јазик, но кога треба да го дадат испитот, Правосудниот испит, се соочуваат ова право не можат да го реализираат. Тие студенти протестираа, поднесоа петиција и побараа дека да можат да го положат испитот на јазикот каде што е образованието. Ние како ВЛЕН многу сериозно сме го разгледале ова прашање кога сме контактирале со студентите во април оваа година имавме средби со нивните претставници, ги слушнавме нивните вознемирувања и дискутиравме за потребите ова прашање да има конкретно институционално решение. Сакам да кажам јасно дека ова не е само политичко прашање како опозицијата го гледа ова прашање, но ова е многу сериозно прашање за студентите. Почитувани колеги мислам дека сите овдека сме сведоци на тоа дека, сакам да го споделам со вас, дека ова прашање не е од денес, но ова прашање е од две децении. Претставниците кои што беа дел од власта, албанската опозиција имаше можност да го реши ова прашање во минатото, но поминаа толку години и немавме конкретно решение. И денеска е многу парадоксално, тие кои што за две декади не го решија овој дводецениски проблем, денеска се најгласни во обвинувања и критики околу ова прашање, знаејќи го фактот дека многумина од нив се универзитетски професори. Поради оваа причина многу добро знаеле што значи тоа за еден студент да заврши студии четири годишни и после да полагаат професионален испит на друг јазик. Не сакам ова прашање да се врати на дебатата кои е крив, бидејќи генезата на проблемот сите ние го знаеме. Јас денеска сакам одговор кое е решението кое што ние го нудиме. Овдека ќе се обратам кај министерот и во својство на неговиот професионализам и како министер и како правник кои што денеска има одговорност ова прашање да го реши. Министерот рече во последно време дека поконкретно дека во првиот дел на октомври ќе ги викне претставниците и студентите за да може ова прашање да се реши околу Правосудниот испит. Моето конкретно прашање за министерот е, какво решение ќе им презентирате на албанските студенти во октомври за давање на овој испит и за што ќе се дискутира конкретно. Ви благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за правда.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања