
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање за заменик претседателот на Влада, заради вистината и коректноста кон граѓаните треба да ги потсетиме дека концептот на заеднички гранични контроли на Ќафасан тоа не е нова иницијатива, тоа е резултат на почнатите процеси во минатите мандати. Во рамки на проектите за олеснување на движењето на граѓаните и приближувањето на стандардите со европските практики. И, токму затоа функционирањето на истото треба денес да се види како институционално продолжение на еден процес кој што е претходно или почнат, а не само како проект кој што се изродил за една ноќ. Затоа, сакам да ја поздравам одлуката на Владата за ставање во функција на системот на заеднички гранични контроли уан стоп шоп и помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија на граничниот премин Ќафасан. Секоја мерка што го олеснува движењето на граѓаните го намалува времето на чекање на граница и уште повеќе ги приближува нашите две држави и тоа е во директен интерес на граѓаните и заслужува поддршка. Ќафасан е еден од најпосетуваните гранични премини меѓу двете земји особено во летниот период кога илјадници туристи граѓани, бизниси се соочуваат со долги колони и долго чекање. И, затоа секој чекор кој што придонесува кон забрзување на граничните процедури е важен не само за граѓаните туку и за економијата, туризмот и регионалната соработка. Сметајќи го овој процес од исклучителна важност за граѓаните, јас сум поставила и писмено прашање во однос на долгите чекања на граничниот премин Ќафасан, каде граѓаните за време на периодите се зависат од чекања кои што траат со часови. Затоа, повторувам. Секоја иницијатива која што цели елиминирање на ваквите долги чекања, подобрување на меѓу граничните премини е повеќе од добредојдено. Во исто време за време на пратеничките прашања на 18 мај 2026 година, вие заменик претседател на Влада изјавивте дека системот уан стоп шоп се предвидува да се воспостави и на граничниот премин Блаце во Дебар и дека за реализација на истиот се чека само институционален одговор од албанската страна. Во последните денови Република Албанија го усвои или ја ратификуваше спогодбата за уан стоп шоп за функционирање на истото, а Владата на Република Северна Македонија како што сме известени од медиумите ќе почне со имплементација во Ќафасан првин, а потоа на другите гранични премини. Токму затоа, моето внимание денес е насочено кон граничниот премин Блаце во Дебар. По градењето на патот овој граничен премин има здобиено нова стратешка важност и не е веќе само локален граничен премин туку важен коридор на комуникација меѓу двете држави. Преку него поминуваат граѓани, студенти, туристи, превозници од двете страни на границата. Тој стана еден од главните поврзувачки порти помеѓу Северна Македонија и Албанија и еден од граничните премини со најголема фреквенција во последните години. Според податоците објавени во медиумите само минатата недела или викендот, минатата недела. Преку тој граничен премин Блаце - Дебар поминале 26 илјади и 136 граѓани. Ова јасно потврдува дека по градењето на патот на Абри, Блаце добива се поважна улога помеѓу комуникацијата помеѓу Северна Македонија и Албанија. И, потребата од олеснување на граничните процедури е секогаш е се по задолжителна и по неопходна. Меѓутоа, за граѓани на Дебар функционирањето на системот уан сто шоп во Блаце е реална потреба. Тоа значи помалку чекање на граница, поголема ефикасност на бизнисите, поголема можност за туризмот и поголеми олеснувања за илјадниците граѓани што го користат овој граничен премин за време на целата година. Затоа, повеќе од природно е да се постави прашањето. Доколку важноста на овој граничен премин се одразува и на приоритетите на Владата и овде ќе поставам и прашања до вас. Имајќи ја во предвид стратешката важност на граничниот премин Блаце - Дебар и зголемено поминување, фреквентноста на овој граничен премин по градењето на патот на Абри и фактот само што минатата недела преку овој премин поминале над 26 илјади граѓани, како што и фактот што албанската страна сега веќе го има усвоено уан стоп шоп системот. Дали Владата граничниот премин Блаце - Дебар го гледа или го смета за приоритетен за следната фаза на овој систем и кој е конкретниот рок за негово функционирање. Благодарам.