Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Сали Мурати прашува за локална канцеларија на МВР во Врапчиште

Резиме

Сали Мурати го прашува министерот за внатрешни работи зошто нема писмен одговор на неговото барање од 17 јануари 2025 година за отворање локална канцеларија за административни услуги во Општина Врапчиште. Тој бара и да дознае според кои критериуми се одлучува за канцелариите и кога жителите на општината ќе добијат пристап до услугите локално. Мурати тврди дека жителите мора да патуваат до регионални центри и дека тоа ги оптоварува, а отсуството на канцеларија го оценува како нееднаков третман.

Документ со одговор од Министерството за внатрешни работи не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува до министерот за внатрешни работи. Локалната самоуправа претставува темел на демократијата демократското општество и основ на децентрализацијата. Имаме огромни обврски со меѓународните партнери кон децентрализација на нашата држава. Закон за локалната самоуправа и закон за општа управна постапка јасно ги дефинира правата и обврските на општините во однос на обезбедување услуги на граѓаните на локално ниво. Општина Врапчиште од каде доаѓам е една од поголемите општини во западниот дел од нашата држава која брои повеќе од 25 илјади жители, распоредени по повеќе од 15 населени места. Оваа општина и покрај својата бројност и географска распостраност се соочува со сериозни проблеми во обезбедување на основни административни услуги на своите граѓани. 17 јануари 2025 година согласно со Закон за општа управна постапка како пратеник поднесов барање до Министерство за внатрешни работи за отворање на локална канцеларија за административни услуги во општина Врапчиште. Ова барање е исклучително важно, бидејќи граѓаните на оваа општина се принудени да патуваат 10-ици километри до регионални центри за најосновните административни услуги што претставува финансиско отпретување на 25 илјади граѓани особено за социјално ранливи категории. Второ губење на работни часови и продуктивност на граѓаните треба да одвојат многу време за еден личен документ. Трето нарушување на принципот на достапноста на јавните услуги, имаме обврска да имаме јавни услуги и дискриминација во однос на граѓаните од други општини каде веќе функционираат вакви канцеларии во времето на новата власт. Особено индикативно што помали општини со помалку жители веќе имаат отворени локални канцеларии на МВР додека општина Врапчиште со своите 25 илјади жители и 15 населени места ги оставиле на маргините. Ова создава оправдано чувство на нееднаквоста и различноста. Најзагрозувачки е фактот што до ден денес, замислете јас сум поднел барање согласно закон од јануари 2025 година, имам и пратеничко прашања, не бев задоволен вака, скоро една година, а се знае воопшто управна постапка, зошто молчи администрацијата по поднесувањето на барањето не сум добил никаков писмен одговор од министерството и како пратеник не сум добил, а замислете како граѓанин да се обраќа за ова ваква работа што претставува флагрантно кршење на закон за општо управна постапка и основните принципи на доброто управување и транспарентноста. Моето конкретно прашање е, кој се конкретни причини за оваа молчење на администрацијата, според кои критериуми се дискриминираат на општина Врапчиште и кога конечно овие 25 илјади граѓани ќе добијат еднаков третман и пристап на административни услуги како останатите граѓани на нашата држава. Ве молам за конкретен и сеопфатен одговор. Прашањето го поставувам до министерот за внатрешни работи.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања