Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Реџепи праша за уставното име, премиерот се повика на слободата на говор

Резиме

Скендер Реџепи го праша премиерот дали почитувањето на Уставот и државното име се државен интерес. Тој праша зошто функционери во службен контекст користат име што, според него, не е уставното име, и повика на иницијатива за уставни измени. Воедно зборуваше за евроинтеграциите и односите со Бугарија.

Премиерот одговори дека го почитува Уставот и дека при давањето заклетва ја спомнал уставната придавка. Не одговори директно дали името е државен интерес, туку рече дека има право на слобода на говор и дека при колоквијална употреба ќе ја нарекува земјата „Македонија“.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Скендер Реџепи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето прашање ќе биде упатено кон премиерот или на Владата на ДПМНЕ поради фактот што сакам да говорам за една многу важна тема, тема колку Владата и премиерот знаат за државниот општ интерес и колку го запоставуваат овој интерес во сооднос на партиските, локалните и секојдневните нивни интереси. Го прашувам премиерот дали државен интерес е почитувањето на Уставот. До колку тоа е државен интерес тогаш како е можно премиерот, министрите, пратениците, претседателот на Собранието дозволуваат постојано да се прекршува Уставот употребувајќи име кој не е составен дел од Уставот. Ова е прекршување на Уставот, а ние говориме за правата за уставно уредување, за законски права, за демократски права и за европски развој. Почнувајќи од претседателот на државата, па се до денес, постојано за службена одговорност во Владата, во Собранието се прекршуваат уставните права во однос на државата во која живееме. Моето прашање е за премиерот, но истото важи дали е државен интерес името на Република Македонија. До колку премиерот пред нас и пред вас се докаже дека името Република Македонија е државен интерес, тогаш нека повели да каже во Собранието и јас ќе бидам првиот кој ќе поддржи една таква иницијатива за уставни измени. Ќе бидам прв за да докажеме дека 120 пратеници ќе ги подржат уставните измени за да го одбраниме државниот интерес. За мене ова е многу важно, државниот интерес и почитувањето на Уставот. До колку има иницијатива, тогаш, да премиерот се согласува името Република Македонија државен интерес и ние ќе го подржиме таа иницијатива и во тој момент кога 120 пратеници ќе ја поддржат иницијативата да се врати името Република Македонија тогаш и меѓународниот фактор ќе потклекне бидејќи не може меѓународниот интерес да биде пред државниот интерес. Тоа значи да направиме измени. До колку немаме уставни измени значи дека државен интерес е почитувањето на Уставот, на уставното име. Е, тогаш да не го прекршуваме тоа правило, за секојдневна политика да го прекршуваме Уставот во на името Република Северна Македонија. Зошто го велам ова. Јас не гласав за Република Северна Македонија бидејќи не бев пратеник. Јас сум тој што го подржува македонскиот јазик и идентитет. Но сега говорам за еден политички концепт кој се прекршува кога ние го прикажуваме истото и до колку ние не го почитуваме Уставот, тогаш како очекуваме да го почитуваат тие што се под нас. Така да јас сакам да констатирам дека ние ја плаќаме цената на секое задоцнување со Европската Унија. Првото беше кога во 2008 година имавме можност во Букурешт тогашната ВМРО на чело со Груевски да го смени името и да има име со референца Скопје. Тоа беше најдоброто решение, тогаш не се прифати и тоа продолжи се до денес и тогаш Европската Унија ни го врти грбот и даде предност на Грција во однос на билатералните разговори. Единаесет години подоцна, тоа е дел од државниот интерес, а јас се согласувам и со другиот во однос на уставните измени со Република Бугарија. До колку направивме грешка во 2008 година кога не се прифати измената, повторно направивме грешка во 2011 година и сега е редно да ги вметнеме Бугарите без да се загрози македонскиот идентитет и јазик и да не се загрози нашиот пат кон Европската Унија. По 10 години ќе имаме едно тотално друго решение каде што ќе не опфати сите. Затоа секое задоцнување на договорот во однос на Бугарија и Европската Унија не загрозува нас бидејќи ние сме едногласни без разлика на верата или јазикот и затоа со овој однос сметам дека итно треба да изнајде формула да не ја плаќаме цената на јазикот, туку да ги средиме односите со Европската Унија бидејќи до колку ни избега овој воз не само Албанија, туку и сите други ќе не надминат и ќе останеме изолирани од Европската Унија без да имаме право да се зачлениме, не само декларативно, туку да имаме животни промени. Ова е првиот дел од прашањето.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Жестоко е, енергично, морам да признам, во добра кондиција сте пред изборите, очекувам да постигнете добар резултат, некои 4-5 илјади гласа да освоите, така што гледам сте во добра форма. Тоа ми се допаѓа. Околу името. Сега треба да се договорите со вашите коалициони партнери, овие викаат не сме го вратиле името, вие викате сме го вратиле името. Сега дајте договорете се, каде сме. И со овие новите позади таму, до каде сме, дајте договорете се сега, мене стварно не ми е ова јасно, ова однесување и навистина јас очекував од вас, господине пратеник, да бидете поголем демократ. Моето уставно загарантирано право на слобода на говор, итн, кое што исто така со многу меѓународни конвенции заштитено, да го почитувате. Не можете вие да ми кажете како јас да ја нарекувам мојата земја при колоквијална употреба и што да кажувам. Мојата земја јас сум кажал е Македонија и ќе биде Македонија. Во интерес токму на оној државен интерес и слично, кога давав заклетва ја спомнав придавката за да не дојде до некои други компликации. Инаку, нема да слушнете поинаку. Барем додека сум јас премиер, сега понатаму, кога ќе дојде некој друг тогаш можете да коментирате. Но, договорете се сега со колегиве од напред, сме или не сме сега, јас сум збунет после ова ваше обраќање денеска. Освен што видов дека сте жестоко мотивиран за кампањава која што ќе почне и претпоставувам дека го почитувате она кубертиновото, добро е да се учествува, не да се победи. И се надевам дека ќе постигнете исклучително квалитетен резултат. Другото не го разбрав, што сакавте да ме прашате. Дали го почитувам Уставот, да, го почитувам Уставот и токму при заклетвата кога ја давав како мандатар на Владата јас спомнав придавката. Дека го почитувам Уставот, а на оваа говорница можам и согласно Уставот да си кажувам она кое што мислам дека можам да го кажам и тоа е слобода на говор се вика. Вие пледирате да бидете градски татко, морате да бидете малку по демократ. Затоа што ако вие пледирате да бидете градски татко во Скопје, треба да ги почитувате сите, да обединувате, да ги разбирате луѓето, не можете вие вака да се однесувате. Мој совет до вас. Ако сакате да постигнете добар резултат сега, ако мислите дека на овој начин можете да добиете поголеми политички поени, па сега јас како тоа искочив па му кажав на премиерот, па видете колку сум силен, мислам дека тоа нема да ви донесе поени. Мој совет, мој совет. И патем речено, кога ми честитавте ви се заблагодарив на честитката и ви посакав долго време во опозиција.

Сите пратенички прашања