Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Реџепи праша за даночниот третман на граѓаните што живеат во странство

Резиме

Скендер Реџепи праша зошто Владата ги разликува резидентите и нерезидентите и побара појаснување за даночните обврски на граѓаните што живеат во странство. Тој оцени дека дијаспората е нерамноправно третирана и праша врз кои критериуми се заснова поделбата, наведувајќи ги и распределбата на средства и застапеноста во општините.

Премиерот одговори дека и странски државјани и нерезиденти плаќаат данок на имот ако поседуваат имот во земјата. За приходите остварени во странство рече дека се опфатени со закон донесен во 2020 година и дека, ако приходот веќе бил оданочен, треба да се достави доказ за тоа; Управата за јавни приходи може да ги побара документите и по службена должност. Премиерот додаде дека не се бара двојно оданочување.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Скендер Реџепи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам почитувана претседателке, почитувани пратеници, почитуван премиер, министри, Имав многу прашања да поставувам, но многу одговори добив изминатите денови и ќе ги редуктирам овие прашања, секако се за премиерот. Сакав да поставам за уставните измени, поради фактот дека Европскиот фронт има иницијатива за уставните измени, имајќи во предвид дека овие уставни измени се многу значајни за државата, за иднината на идните генерации, за подобра економска и социјална состојба во духот кој доаѓа од Европската Унија, но вчера премиерот даде одговор дека оваа Влада нема намера да прави уставни измени и ги обвини изминатите влади дека направиле финансиски тргувања со уставните измени. Бидејќи овој одговор го има премиерот, не сака да ги лаже гласачите дека уставните измени ќе бидат предавство, поради тоа дека не сакаме да бидеме во духот на Европската Унија за да има контрола и од Европската Унија од економските движења кои што се прават овде. И, поради фактот дека ние ќе треба да одлучиме како држава за еден поздрав за патување во иднината и Европската Унија можеби чека и премиерот и Владата да банкротираат и дека нема да имаме потреба да бидеме дел од Европската Унија. Второто е прашањето, сакам да го прашам за односите помеѓу Владата на ВМРО и ВЛЕН и затоа колку даваат придонес и придобивки министрите. Но, тие одговори ги добив од двајцата заменици на премиерот. Едниот кој е заменик премиер, ќе кажам нерезидент кој не е два месеци на неговото работно место. Можеби уште два, три и до новата реконструкција на Владата нема да биде тука. Еден, заменик премиер за добро владеење ќе биде отсутен четири, пет месеци и одговорноста која што ја имаат добиено од гласачите. И може да дознаеме какви придобивки донесуваат министрите на ВЛЕН имајќи во предвид и споредувајќи го овој заменик премиер како мерило и за другите министри. Што се однесува за односите и на ВМРО и од министрите на ВЛЕН, исто така одговорот го даде вториот заменик премиер, кој што рече дека во Владата се се донесува со консензус. Размислите, главна тема во медиумите беа одлуките на министрите на оваа Влада, на директорите кои што прават престап на Уставот и на непочитување на законите за правата на Албанците за употреба на јазиците, до правата на студентите и сето ова е донесено и со консензус на министрите на ВЛЕН. Аферим, вака треба да работите. Ова е како се брани дигнитетот на гласачите, значи консензусот во оваа Влада е така. Кога во момент кога премиерот или министрите на ЗНАМ предлагаат некој предлог закон или некоја одлука, без разлика каков предлог да е, што е во штета и на Албанците и против Устав и против законите, значи министрите на ВЛЕН молчат и ова се прави обратно. Значи овие министри кога треба да го бранат дигнитетот на нивните гласачи, тие одлучуваат да молчат. И со нивното молчење се сложуваат и министрите на ВМРО и на министрите на ЗНАМ. Ова е консензусот каде што дејуре треба да има за едно владеење и со Албанците, затоа нема што да прашам околу ова. Ова е многу јасно прашање, но тоа што сакам да го прашам премиерот е тоа за работата на граѓаните на Република Македонија, на резиденти и не резиденти. Бидејќи во Уставот на Република Македонија нема една таква поделба. Во Законот за попис немаше една таква поделба, во спротивно Законот велеше дека се попишуваат сите граѓани кои што имаат постојано живеалиште, без разлика дали живеат или не во време на пописот во Република Северна Македонија. Но, оваа поделба го направи директорот и јас бев, каде што поднесов иницијатива до Уставниот суд и Уставниот суд ги призна фактите, ги прифати фактите и оваа поделба ја избриша во категоријата за резиденти и не резиденти. Одлуката на Уставниот суд беше многу јасна, нема поделба на граѓаните на Република Македонија, на резиденти и не резиденти, бидејќи е против Уставот. И резултатот на пописот остануваат потполни како што беа. Но, Владата продолжува да прави така поделба. Прво направи поделба кога требаше да ги подели средствата за финансирање на општините. Ги отстрани нашите граѓани за да не можат да ги имаат такви придобивки, што се однесува до инфраструктурата, школите, итн. за да и се овозможи на оваа категорија за да можат да се вратат во својата татковина. Но, Владата направи исто така во поделба на бројот на советниците, ги дискриминираше граѓаните од дијаспората и на нив не им се овозможи да бидат дел од општините. Но, Владата кога е во прашање данокот да се плати, после не ги дели на резиденти и не резиденти. За имотот, за недвижностите и треба да плаќаат данок, без разлика можеби имаме и таква категорија, можеби само две недели се овде во земјава, но и тие плаќаат данок. Второто е многу актуелно, каде што ги дефинира Законот за данок на имот. Оваа одлука донесе на сите државјани да плаќаат персонален данок на имот, бидејќи таму е таксативно е напишано дека само тоа виси каде што останал помеѓу 12 месеци и 183 дена и има постојано живеалиште. Само оваа категорија треба да плаќа данок, додека преку јавни приходи бараат да плаќаат данок сите граѓани. Значи ги дискриминираат тие што во времето, во текот на 12 месеци биле помалку од 183 дена во Република Северна Македонија. Моето прашање е, свесен сум дека многу добро ги знаете овие работи и чекам искрено да дадете одговор, може да коментирате се и сешто, како што е мое право да коментирам, но најмалку да дадеме одговор зошто Владата одлучува да плаќа данок за сите граѓани имајќи го законот каде што е јасен која категорија на граѓани треба да плаќаат данок и од кои критериуми сте ги извадиле вие поделба на граѓаните на резиденти и не резиденти. Искрено сакам да имам искрен одговор, може да дебатираме, можете да ме обвините и за националистички речник, иако никогаш не сум го имал, ги почитувам сите подеднакво, бидејќи ова сум го потврдил постојано, но треба да имаме еден одговор за граѓаните да имаат одговор. Ние сме Собрание и треба да имаме наши одговори за се што се случува во Владата и да ги браниме правата на граѓаните и од дијаспората каде што многумина се Албанци, каде што тие плаќаат данок и не се рамноправни во плаќање на данок. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам потпретседателке. Почитуван пратеник, неколку работи кажавте, би сакал кратко да ви дадам одговор за тие работи. Се повикувате точно на Одлуката на Уставниот суд, ама не сте ја прочитале. Прочитајте да видите што вика Уставниот суд, па после тоа може да судиме. Точно, Уставниот суд вели дека не треба да има поделба на резидентно и не резидентно , туку во попис, според статистиката е само оној кој што ќе се попише лице во лице. Точно, така е. Прочитајте убаво или еве во Собрание побарајте толкување на Уставниот суд да ви даде мислење. Второ, одиме понатаму, средствата за распределба, еве теоретски и не резидентните, во кои општини живеат. Во кои општини живеат тие што не се резидентни. Еве, јас ќе ви кажам. Не живеат во општините во Македонија. А и да живеат во општините во Македонија, вие не знаете во кои општини живеат. Не е така, не е така, еве ви кажувам. Околу данокот на имот. И не државјани ќе плаќаат данок на имот, ако имаат имот во Македонија и така е секаде во свет. Не знам што е тоа проблемот за данок. И јас плаќам данок на имот. Што сакате вие да кажете. Ако дошол некој 14 дена во Македонија, а имал куќа, дека не требал да плаќа имот во Македонија или стан, еве и нека не е македонски државјанин, нека е шведски државјанин. Треба да плаќа. И ќе плаќа. Затоа што сите граѓани во државата плаќаат, сите плаќаат. Еве јас ви кажувам, ќе плаќаат. Додека е оваа Влада. Кога ќе бидете вие Влада нека не плаќаат. Додека е оваа Влада ќе плаќаат. Одиме понатаму. На кратко ќе ви одговорам за да не ве задржувам. Околу граѓаните кои оствариле приход надвор. Прво тоа е закон од 2020-та. Донесен 2020-та. Не е оваа Влада. 2020-та е тој закон донесен, сега изминуваат пет години, Управата за јавни приходи ќе биде кривично одговорна ако не им достави известување дека треба да го пријават приходот. Ќе биде кривично одговорна. А тие кои што оствариле приход надвор само треба да покажат документ дека им е оданочен и нема да платат данок. И, нема да платат данок, само треба документ да покажат. Беа кај мене една група, беше и директорката дури отидовме и чекор понапред. Вика: Пријавете го вие, ние по службена должност. Еве, не мора ако вие немате бидејќи имаат аргумент, велат за дел од фирмите за кои што сме работеле веќе не постојат и ние не можеме да обезбедиме таков документ. Во ред. Ние по службена должност ќе побараме од тие кои што биле во Авганистан, во Ирак, во Америка, ако се тие амерички фирми. Ако се во регистарот на Соединетите Американски Држави како правни лица, тие ќе ви дадат. Никој не бара двојно да се оданочат луѓето. А, да плаќам јас, да плаќате вие и сите ние и сите граѓани а некој да не плаќа, тоа нема. Повторно ќе кажам додека јас ја предводам Владата. Вие кога ќе дојдете, кога вие ќе ја предводите јас ќе си бидам опозиција или на друго место правете што сакате. Граѓаните ќе судат. Но, додека е оваа Влада, ред ќе има. Не им ги бараме парите ако се тие оданочени таму некаде, никоја не им ги бара. Ниту Управа за Јавни Приходи ниту било кој друг. Само треба документи да достават ако немаат документи нека ги пријават. Ние по службена должност ќе побараме. Ме разбирате што сакам да ви кажам. Арам не сакаме но тоа што е на државата, на граѓаните, наше, ваше, сечие ќе мора да се наплати. Ќе мора да се наплати. Држава сме којшто има нешто под 40% сива економија. Мора работите да се стават во ред. Ако сакаме да имаме држава. Додека е оваа Влада така ќе биде. Верувале или не. Кога ќе не победите на избори, кога вие ќе направите Влада, терајте си по вашите правила и прописи. Ние вака ќе работиме и ќе продолжиме да работиме. И, повторно ќе ви повторам. Беа кај мене луѓето, и од Куманово и од Тетово и разговаравме. Само им побаравме, пријавете ги, мора да ви дадат известување и дајте доказ дека сте платиле данок. Ништо повеќе не бараме. Ако немате доказ, ние по службена должност ќе бараме и бараат еве луѓето бараат конкретно во моментов. Има многу случаи кои што пријавија и бараат. Во Авганистан, во Ирак, па не можеме да ги најдеме таму, па се обраќаме во Централниот регистар во Соединетите Американски Држави, на правни лица, итн. Точно е дел затвориле и банкротирале. Е сега има некој кој што работеле преку друга една фирма во Африка, на афричкиот континент. И тоа го бараме. Повторно ќе ви кажам и тука ќе завршам во интерес на времето, арам не сакаме, но тоа што е на граѓаните и на државата, ќе мора да се плати. Благодарам.

Сите пратенички прашања