О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Горан Мисовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Третото прашање личи на конструктивно прашање, за пратеник кој што има такво искуство има доза на конструктивност и во интерес на конструктивноста на поставување на прашањето ќе дадеме и таков одговор. И сега е недела работен ден и денеска е недела работен ден, но за одредени економски оператори. Дури во Законот со квадратура се нацртани и се опишани кои се тие. Да речеме работи еден трговски центар кој што се сеќавам на фанфари го отвoраше тогашната коалиција СДСМ-ДУИ во занесот на инспирацијата пред првиот или вториот круг на локалните избори 2021 година мислејќи дека на тој начин ќе постигне подобар резултат. И сега има одредени економски оператори кои што работат. Ние како Влада си го поставуваме прашањето следно или никој да не работи вклучително и тие, или тие кои што сакаат да работат со согласност на работниците кои што сакаат да работат да добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која што ја имаме како Влада и тука не гледаме ништо лошо. Дури за ваша информација месечно три пати мериме јавно мислење, за внатре партиски потреби и внатре коалициски потреби и на тие јавни мерења и на тие јавни мерења обично една или две се телефонски, едно е секогаш теренско мерење. Отприлика тестираме неколку атрибути меѓу кои и овој атрибут. 75% од граѓаните се за тоа тие што сакаат во недела да работат до колку им се плати двојна дневница и тоа претпоставувам ќе ви даде одговор зошто резултатот на парламентарните избори пред неколку месеци зошто ви беше таков резултатот на оваа владина коалиција беше таква. Дали ќе дојде до овие законски интервенции и кои ќе бидат, кон кое решение ќе конвергираме ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на Економско социјалниот совет и ова прашање ние сме го разговарале и со синдикатите. Ова не е прашање кое што ние сакаме да го наметнеме. Сме го разговарале и со синдикатите и со стопанските комори т.е. работодавачите. Ние не сме го разговарале ова прашање во тесен круг и да носиме и потоа да не знаеме што да правиме со таа одлука. Ако мислите ние на сила ќе направиме нешто нема да го направиме, еве јас ви кажувам нема да го направиме. Но генерално се катализираат две решенија. Едното е или никој да не работи, ама никој, има еден таков главен град на една држава во Централна Европа никој не работи во недела, готово тоа е тоа. Или ако некој плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови да може да работи, да работи, бидејќи постојат производни процеси господине Мисовски кои што не трпат импровизација, не трпат стопирање на производниот процес итн. Ако сакаме да правиме дербилификација на економијата мора да се насочиме кон такви производни процеси во иднина. Затоа што еве гледаме автомобилската индустрија полека, но сигурно го исцрпува својот максимум. Ние мораме да размислуваме што за 5 до 10 години од денес. Тоа што го поставувавме пред 15-20 година полека но сигурно денеска гледаме во Европа се менува реалноста. Сосема е поинаква, други центри во светот се појавуваат на мапата на водечки производители во автомобилската индустрија итн. ако сакаме да правиме дербилификација и промена на нашиот економски модел и концепт мораме да размислуваме вака. Кое ќе биде конечното решение јавноста ќе го знае откако ќе заврши состанокот последен кој што ќе го имаме со Економско социјалниот совет на кој што ќе разговараме заедно отворено, гласно и јасно помеѓу работодавачите и работниците. Мое лично мислење еве да немате дилема е дека за сите оние кои што ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат повисока дневница, двојна, тројна итн. треба да биде овозможено во недела да работат и да остварат таков приход или ќе повторам никој да не работи, никој, не да ги дефинираме и да ги нацртаме оние кои што треба да работат во недела со квадрати. Тоа не и денеска ќе повторам недела за одредени професии е работен ден. Тоа не може, или за сите ќе важи тоа или за никого нема да важи па ќе има дупли дневници, тродупли итн. Политики на двојни стандарди ние нема да водиме.