Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Премиерот за реформската агенда: дел од мерките се усогласени или при крај

Резиме

Пратеникот Петар Марков праша до каде се чекорите за исполнување на реформската агенда и што е досега реализирано. Во воведот на прашањето ги бранеше резултатите на Владата и ги критикуваше опозициските оценки за напредокот.

Премиерот рече дека очекува земјата да биде меѓу водечките во спроведувањето на реформите. Наведе дека дел од мерките се при крај или усогласени, а некои се затворени или допрва треба да се реализираат. За енергетиката најави законска измена со примена од 1 јануари 2027 година, бидејќи годишниот тендер на ЕВН ХОУМ е завршен, и процени дека предложениот модел може да ја намали цената на струјата за домаќинствата за 5–10%. Ги спомена и мерките во транспортот, подготовката на законски измени за гигабитната инфраструктура, постапката за Агенцијата за конфискување нелегално стекнат имот и Изборниот законик, за кој рече дека зависи од пратениците.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Петар Марков

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Петар Марков, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Во однос на првото прашање, почитуван премиер, сведоци сме дека опозицијата од петни жили се обидува да создаде впечаток дека ништо не се случува, дека нема напредок и дека реформската агенда ја третира како сценографија. Да даде европски шмек на нивните трагикомични пресконференции. Притоа заборавајќи на тоа што оставиле, обвинувајќи за се што самите не успеале да решат додека биле на власт и прогласувајќи се за експерти за европски реформи, кои напредокот го мерат според расположението на пишувачите на партиските памфлети. Евидентно е дека сакаат да ја убедат јавноста, да поверува дека Европската комисија дели десетици милиони евра, онака од учтивост, а не дека се работи за строго условен реформски процес. Но, фактите се цврсти и токму затоа толку често се обидуваат да ги заменат со драматични квалификации. И не прашуваат што е завршено, туку гледаат како секој процес да го претворат како наслов за нова прес-конференција. Ако има резултат, ќе кажат дека бил недоволен. Ако има исплата, можела да биде поголема. Ако има рок, ќе кажат дека е предоцна. Ако нема рок, пак ќе кажат дека не постои план. И да се разбереме, политичката критика е здрава, но ова не е критика, ова е политичка гимнастика без допир со реалноста. Затоа за првото прашање најконкретно, почитуван претседателе, до каде се чекорите што треба да ги исполниме како држава и што до сега е реализирано од реформската агенда.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Петар Марков, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник Марков, поврзано со чекорите за реформската агенда можам да кажам дека очекувам сега во јунскиот извештај да бидеме повторно како земја вистински т.н. фронтранери, иако има таму самопрогласени фронтранери, но реално така беше и во декември, така ќе биде и сега во јуни, според тоа што ние го испорачуваме. И, битно за македонската јавност да кажеме дека тоа го зборуваме за доброто на граѓаните и државата. Не е тоа поврзано со тоа што бркаме некакви таргети поврзани со Европската Унија, итн, важно ни е да испорачаме што е можно повеќе реформи за граѓаните и за државата. Јас можам детално да образложам што е тоа што е во грејс период и што е тоа кое што треба да го испорачаме до крајот на јуни, а не е во грејс период. Повеќе би се задржал на тоа што е во грејс период, отколку она кое што не е во грејс период, бидејќи сепак за тоа ќе имаме малку повеќе време и понатаму. Затоа повеќе би зборувал за чекорите кои што се во грејс период и кои што треба до 30 јуни да ги завршиме. Во делот на енергетиката имаме неколку чекори, неколку реформи, кои што ни се важни. Она кое што често пати од оваа собраниска говорница јас велев дека тоа нема да го испорачаме, затоа што ако тоа го испорачаме во насока како што треба да биде согласно листата на индикатори, прифатено од претходната Влада, тогаш веднаш тоа би значело до кај 30% поскапа цена за електричната енергија за граѓаните. Во разговори со Европската комисија, дојдовме до еден би рекол релативен компромис, а тој релативен компромис е да интервенираме во Законот за енергетика, каде што ќе допрецизираме. Иако Законот е таков и е генерално либерализиран пазарот на електрична енергија, но ние би допрецизирале дека државната ЕСМ нема да испорачува повеќе од 70% од количините потребни за снабдувачот, почнувајќи од први јануари 2027-ма. И вие сега ќе го поставите прашањето зошто токму од први јануари 2027 година. Многу е едноставен одговорот, ЕВН ХОУМ снабдувачот објавува тендер еднаш годишно. И тој тендер го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември, цела година. Тој тендер е завршен. Ние сега не можеме на пола тендер да интервенираме со оваа мерка. Затоа велиме од 1 јануари 2027 година. Создадовме портфолио кое што ако добро го оптимираме, не само што нема да ја поскапи цената на електричната енергија, туку и во дадена мерка ќе ја поевтини. Сега, граѓаните што не слушаат и вие пратеници, ќе речат како. Целта ни е да понудиме конечна цена за 2027- ма, што на крај ќе имплицира 5 до 10% поевтина цена на електрична енергија за граѓаните. Како? Го поделивме во два лота портфолиото кое што го трошат граѓаните, односно количината на електрична енергија која што ја трошат граѓаните ја поделивме на два дела. Првиот дел го содржи делот на грејната сезона од 15 октомври до 15 април, 24 часа на ден. Плус, периодот од денот од 15 април до 15 октомври во ноќните часови. Вториот лот е периодот од 15 април до 15 октомври преку ден кога сончевата радијација е најсилна и кога соларните панели најмногу произведуваат електрична енергија, која што е поевтина од таа која што се троши во ноќните часови. И тоа од прилика некаде од 72 – 28, 70 – 30. Создадовме еден креативен модел кој што можеме да го аплицираме и не само што ќе го исполниме чекорот, туку и ќе обезбедиме за граѓаните поевтина цена на електричната енергија од пет до десет проценти, затоа што цената која што денеска ја продаваат соларните панели, односно фотоволтаичните централи е дури во одредени периоди во денот со минусна цена, односно плаќаат за да некој им ја откупува. И на тој начин креиравме вин-вин ситуација. Од една страна да го исполниме чекорот, а од друга страна да обезбедиме поевтина цена за електрична енергија за граѓаните и ова како математички модел и енергетски го моделираме и очекувам таму негде на есен да го претставиме и пред граѓаните, во постојана координација сме со снабдувачот и ценам дека со овој начин можеме да направиме додадена вредност и за домаќинствата од една страна, од друга страна и за европската агенда. Другите чекори горе-доле се генерално пред крај, во Министерството за финансии имаме во делот на колателарот, со Министерството за правда се усогласивме и со Европската комисија, со господинот Герхарт Јаков, па и неговиот тим што треба да направиме, така што тоа генерално е затворено прашање. Во делот на транспортот горе-доле се усогласени мерките, а тоа се мерките за оптимизација и реструктуирање на двете јавни претпријатија АД Македонски железници – Инфраструктура и транспорт и Пошта беше другото претпријатие, така што и тука е завршено. Во делот на дигиталната трансформација поврзана со гигабитната инфраструктура горе – доле ги добиваме насоките каде треба да се движиме и набргу очекувам тие измени законски да се најдат овдека пред пратениците, така што целокупниот обем со Агенцијата за конфискување на нелегално стекнат имот и таму е затворена постапката, објавен е огласот, треба да се заврши формално за да се вработат луѓето. Така што тие би рекол десетина чекори со господинот и еден закон има многу важен, тоа е Изборниот законик, кој што зависи од вас тука, пратениците. Но, имајќи ја во предвид состојбата со опозицијата, гледате овдека е горе – доле опозицијата присутна, не е присутна, минус еден пратеник и еден таму го гледам, срамежливо ѕирка од аголот на салата. Од прилика тоа е состојбата со опозицијата, доколку се заврши Изборниот законик, практично и таа мерка ќе ја поминеме, така што десет можеме да дојдеме до девет и пол. И тоа ќе претставува еден рекорд кој што до сега никој не го направил. Така што имаме прилично амбициозна агенда. Нашата стратегија која е, да испорачаме дома реформи, реформска агенда, акциски план, за малцинства, сето она кое што за нас е условно кажано, предмет на наша внатрешна работа, да си го завршиме, да го изолираме ова што го форсира дел од опозицијата, не можам да кажам цела, а тоа се без условни уставни измени, тоа да го изолираме, ова да го ипорачаме, да покажеме дека ние сме најкомпететивни, дека имаме потенцијал, имаме желба, имаме амбиција, сакаме да бидеме дел и пак таквата политика која што е безусловно прифаќање на тоа кое што на билатерална основа го бара една земја членка од нас, да го изолираме и да разговараме. Ние сме и за тоа подготвени да разговараме, да седнеме и да видиме на основа на двонасочна улица, не безусловно, да можеме да постигнеме некаков заеднички консензус. Отприлика тоа би било она кое што би го содржил мојот одговор. Благодарам.

Сите пратенички прашања