Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пратеникот Шаќири прашува за опасниот отпад во Лојане

Резиме

Пратеникот Ријад Шаќири праша дали Министерството ќе ги отстрани опасните остатоци во Лојане, ќе ја деконтаминира почвата околу училиштето, куќите и земјоделските површини и ќе преземе мерки за здравствените ризици. Шаќири тврдеше дека станува збор за еколошка опасност и побара зоната да биде прогласена за опасна.

Министерот одговори дека остатоците се опасни и дека прашањето сериозно се разгледува. Според него, во владина процедура е формирање комисија, која треба да се занимава со јавен повик за избор на концесионер што ќе управува со локацијата и ќе ја исчисти депонијата. Тој посочи дека е дадено зелено светло за започнување на постапката.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Ријад Шаќири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, денеска имаме морална одговорност, имаме една еколошка катастрофа. Во село Лојане само 100 метри од училиштето имаме една депонија каде што е многу штетна и има многу остатоци од 15 тони, каде што има арсен од 35% до 50%, како што е антимон и хром. Според Светската здравствена организација арсенот е класифициран како една супстанца која што е канцерогена за белите дробови и кожата. Места кои што се со арсен имаме зголемување на леукемија кај децата. Значи ова може да биде како институционална криза или намерно молчење. Овој скандал се случува во време кога работеле министри Албанци и уште позастрашувачки е фактот дека во оваа општина живее уште заменик министер каде што он ова го молчи. Господине министер, значи за ова не е само скандалозно, туку сте соучесник за овој скандал. Господине министер, значи барањата на граѓаните се јасни, бараме овие зони да бидат зони со опасност и да се преземат конкретни мерки. Моето прашање е господине министер дали имате намера да ги тргнете овие остатоци според меѓународните стандарди, дали имате намера да правите деконтаминација на почвата и зоната околу училиштето и околу куќите и земјоделските земјишта и дали ќе преземете мерки за овие болести. Господине министер, да ги заштитиме децата и тоа би било добро за нашата иднина.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник, за прашањето и за интересот кој што го имате околу депонијата, поточно во општина Липково, во село Лојане, мислам дека треба да им кажеме на граѓаните дека проблемот со овие материи во Липково значи и не може да се реши за 2-3 месеци од како сум јас министер, ние сме гласани од страна на граѓаните за да ги браниме интересите на граѓаните и ова прашање сериозно го третирам од кога сум ја преземал функцијата бидејќи на нашата територија имаме 14 точки кои што се жешки, да кажам, и ова е тема која што ме тангира секој ден бидејќи чистење е многу специфично и од финансиски аспект. Што се однесува до село Лојане, тоа се опасни остатоци и ние сме во комуникација со Министерството за енергетика и во владина процедура ни е формирање на Комисија каде што одлуките за формирање Комисија која што ќе се занимава со јавен повик за изнаоѓање на концесионер кој што ќе го менаџира ова место и чистење на оваа депонија со опасни остатоци и верувам дека ова бара едно поголемо внимание и со колегите на Министерството за енергетика се сме фокусирани околу ова прашање бидејќи станува збор за здравјето на граѓаните и за еден проблем кој што е наследен со години. После откако ќе помине владината процедура и откако ќе се формира Комисијата, бидејќи имавме една владина информација каде што е дадено зелено светло за почнување на процедурата и ќе биде и јавниот повик за изнаоѓање на концесионерот кој што ќе ја менаџира оваа депонија. Верувам дека ова ќе биде во согласност со законите и на оваа депонија ќе и биде ставен крај бидејќи чувањето на животната средина е должност на сите институции. Благодарам уште еднаш за прашањето.

Сите пратенички прашања